Едно лице е приведено а едно е во бегство по синоќа извршеното кривично дело „Убиство“ во Охрид. Синоќа околу 23 часот во летната тераса од угостителскиот објект „Император“ лоциран на улицата „15 корпус“, триесет годишен охриѓанец кој е во бегство, со неколку проектили од огнено оружје-пиштол кое нелегално го поседувал тешко повредил две лица кои биле во локалот, информираат од СВР Охрид.Повредените Васил Р. (56) и Ромео Ѓ. (38) двајцата од Охрид, со возило на прва помош се пренесени во Оштата болница во Охрид каде била констатирана смрт. СВР Охрид синоќа од слобода го лиши Р.С. (30) од …
Лисица со шест мали лисичиња се одомаќини во стариот дел на градот. Според раскажувањата на варошани лисиците веќе подолго време живеат во дувло кое се наоѓа под Самоиловите тврдини. Лисиците најчесто можат да се забележат во ноќните часови кога излегуваат надвор и се спуштаат во околните куќи во потрага по храна. Мештаните зад камера кажуваат дека лисиците се толку припитомени што не се плашат од луѓето па влегуваат во нивните дворови. И децата кои живеат во овој дел од градот имале блиски средби со овие диви животни. Едно седум годишно девојче раскажува дека додека една вечер си играло со…
Познатиот охридски специјалитет, ѓомлезето, но и традиционални јадења од охридскиот регион, различни видови сирење, домашен мед, градинарски продукти и охридски специјалитети подготвени од студентите на ФТУ Охрид, ќе се најдат на богатата „Охридска софра“. На манифестацијата која во сабота по втор пат ќе се одржи во селото Скребатно посетителите ќе можат да уживаат во богата гастрономска понуда и добра забава. Почетокот е во 10 часот.„Јас се надевам дека и оваа година посетеноста ќе биде на високо ниво како и изминатите години имајќи во предвид дека промотивниот дел на оваа манифестација …
Културно-уметничкото друштво Ѓердан го одбележа Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Годинава изостана општо-народната веселба која се одржува традиционално во просториите на некогашната училишна зграда која го носи името Кирил И Методиј. 16 години по ред од кога КУД Ѓердан ги користи просториите на ова некогашна училишна зграда од Месната заедница Кошишта играорците овој ден го слават како свој патронат и го одбележуваат богата фолклорна програма. Но, оваа и минатата година, не се одржа народна веселба заради пандемијата. Денес, во присуство на играорци од фолклорното д…
И општина Дебрца ќе добие плажа.
Современо уредена плажа ќе добие и општина Дебрца. Плажата се наоѓа во атарот на селото Оровник во должина од 500 метри веднаш под аеродромот „Св. Апостол Павле“, напоменува градоначалникот Игор Трајкоски „ Со плажата во атарот на селото Оровник и општината Дебрца ќе добие сопствена плажа на Охридското езеро. Очекуваме селото Оровник да прерасне во туристичка населба“, истакнува Трајкоски. Уредувањето на плажата е на барање на општина Дебрца. Министерството за транспорт и врски денес објави јавна анкета на која ќе се избира најдоброто идејно архитектонско у…
Мику Нишимото Нојбер е дел од учесниците на првиот фестивал Piano Summer Ohrid. Оваа јапонска музичарка е воодушевена од Охрид и неговата убавина, кои не ја оставиле рамнодушна и длабоко ја инспирирале. Очекува фестивалот да оди во иднина во нагорна линија.
„ Сакам да запознам млади талентирани пијанисти, мои колеги и секако заедно со професорот Шилде да одржиме часови во прекрасна атмосфера, јас тоа веќе го имам и сум многу среќна“, истакна Нишимото Нојбер пред одржувањето на концертот.
На музичката програма Нишимото Нојбер пред посетителите во општинската сала ги исполни Италија…
Нови прекривки за дечињата од детската градинка „Јасна Ристеска“, и дечињата при детските одделенија во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ и „Општата болница“ од Охрид. Општествено одговорната компанија „Комфи Ангел“ од Прилеп донираше 400 нови детски јорганчиња кои се и повеќе од добредојдени за овие три јавни установи.„Токму го пополнува недостатокот на она што имавме потреба, односно да ги смениме старите ќебенца кои што досега ги користевме, а ја продолжуваме соработката со Црвениот крст која континуирано сиве овие години ја имавме, со тоа што кај нас во …
Обично туризмот, Холандија и прекрасните пејсажи од Охрид се поврзуваат со холандските туристи кои го посетуваат нашиот бисер. Врската и сега постои, но од другата страна. Славица Секулоски Ван ден Берг е уметникот кој последниве 35 години од својот живот ги поминува во земјата на лалињата, но уште повеќе земјата на Ван Гог, на Рембрант. Водата, планините, езерото, ова се впечатоците и сеќавањата кои никако не ја напуштаат Секулоски, токму затоа, овие мотиви, мотивите од вечниот Охрид се она што најчесто се наоѓа како мотив во нејзините слики. Уметник по потекло од струшките краишта, Славиц…