Авг 28, 2014

Охриѓани се помалку купуваат книги

Охриѓани се поретко можат да ги подноват своите домашни библиотеки со некое ново издание. Причина за тоа се високите цени на книгите, а нискиот стандард на граѓаниите. Вработените во книжарниците низ градов велат дека само мал број на граѓани можат да си купат книга бидејќи во денешно време тоа станува луксуз. Најчесто ги чекаат попустите на саемот на книгата кој се одржува во месец април во Скопје. „Но, оваа година и на саемот книгите не беа баш евтини“, објаснува Димитар Саков раководител на книжарата „Алби“. Попустот бил само за 10 до 20%, а не како изминатите години 30 па за некои издан…

Авг 28, 2014

Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ

Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ. Уште пролетта беше најавено дека овој комплексен проект треба да биде завршен за 15 месеци, а постапката за распишување на тендер требаше да  започне веднаш после изборите кои се одржаа во април. Ботаничката градина е дел од проектот во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра ќе бида…

Авг 27, 2014

Слаб одзив во Пештани на „Отворени социјални денови“

Директорот на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа, Екрем Каљоши во посета на туристичката населба Пештани, за да ги слушне проблемите на луѓето кои се под социјален ризик. Одзивот на мештаните беше слаб, но сепак и оние малку присутни, го поздравија Владиниот проект „отворени социјални денови“ во руралните средини и го изнесоа нивното мислење во врска со средбите од ваков карактер. Тие бараат поголема вклученост на институциите не само на Центарот туку и на Локалната самоуправа на Охрид.„Имам болно дете од аутизам и задоволна сум од услугите од Центарот,  но сепак мислам дека треба п…

Авг 27, 2014

Нова учебна година, стари маки

  Започнуваат главоболките кои се вообичаени пред почетокот на секоја учебна година. Се ситнат деновите до први септември. Децата, пред се  првачињата се возбудени, но нивните родители се загрижени. Тие од својот буџет ќе треба да издвојат околу 3000 денари за да го опремат своето прваче со школски прибор и со ранец. Само за илустрација тетратките од мал формат чинат од 15 до 35ден., тетратките од А4 формат чинат од 30 до 60ден., дрвените боици во зависност од квалитетот и производителот чинат од 90 до 140 ден., фломастерите се од 70 до 200ден., моливите и пенкалата можат да се купат по цен…

Авг 27, 2014

„Вкусови на традицијата“ на „Охридска софра“ во Скребатно

  „Вкусови на традицијата“ на „Охридска софра“ во Скребатно. Екипата на емисијата посветена на традиционалните јадења заедно со нејзиниот водител Адријана Алачки ќе се дел од овогодинешната манифестација „Охридска софра“. Што е уште поинтересно на Алачки асистент во готвењето на еден познат охридски специјалитет ќе и биде градоначалникот Никола Бакрачески. Ова е една од новините кои годинава организаторот ги внесе со цел што повеќе да се испромовираат охридските специјалитети пред гостите.-Главната иницијатива и идеја потекна од соработката со организаторот на оваа емисија. И лани заедно со…

Авг 26, 2014

Огромен интерес во Охрид за Владиниот проект за отпишување на долгови

Охриѓани покажуваат голем интерс за акцијата за еднократен отпис на долговите за најсиромашните граѓани. Секој ден околу 50 барања се доставуваат во Меѓуопштинскиот Центар за Социјални работи поточно до одделението за детска заштита при центарот кое се наоѓа наспроти амбулантата „ Маларична“, вели првиот човек на центарот Екрем Каљоши  „Сметам дека освен неопходната потреба од чекање, активностите се одвиваат непречено, имаме добар прием кај граѓаните се надеваме дека бројката на луѓето кои што ќе го остварат ова право за Охрид ќе биде задоволителна односно луѓето ќе бидат задоволни за оваа…

Мај 25, 2021

Охридските „сино бели“ денес играат бараж за влез во Првата фудбалска лига

ГФК Охрид Лихнидос денес во Скопје го игра бараж натпреварот со Ренова за пласман во Првата македонска фудбалска лига. Фудбалерите на Охрид во полн состав заминаа во Скопје, а вчера го имаа и последниот тренинг пред големиот дуел. Овој натпревар е клучен и своевидно финале во тековната натпреварувачка сезона за двете екипи. Нашите фудбалери се силно мотивирани и со сите сили ќе се борат за влез во елитното друштво на Македонија.  Бараж дуелот за пласман во ПМФЛ меѓу Охрид и Ренова ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ со почеток од 16 часот.

Авг 26, 2014

Охрид ќе соработува со Дортмунд, Германија

  Поранешниот градоначалник и актуелен советник во Советот во Дортмунд, Германија, Рутиге Шмит, во работна посета на Охрид. Тој оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Германскиот советник со став дека денешната средба претставува добар почеток за широка и долгорочна соработка помеѓу двата града. Градоначалникот Бакрачески  нагласи дека постои реална потреба за една ваква соработка во повеќе сфери што е и цел на денешната протолколарна средба. Додаде дека таа соработка во иднина би дала долгорочни резултати помеѓу Охрид и Дортмунд.„Разговаравме за можностите за соработка на пол…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top