Хидробиолошкиот институт од Охрид заедно со ЕД Екоменлог се дел од Европскиот проект ISKMEN во кој се вклучени 8 земји меѓу кои и Македонија. Во проектот учествуваат три таргет земји Албанија, Црна Гора, БиХ, а меѓу нив се и Македонија и Турција и три земји членки на Европската унија Италија, Хрватска и Грција. Проектот има за цел да ја зајакне регионалната соработка на земјите од Балканот во справување со ненативните инвазивни видови кои се закна за биодиверзитетот на водните коридори кои ги поврзуваат, информира Проф.д-р Сашо Трајаноски од одделението за фауна на дното од Хидроболошкиот и…
Денес се одбележа петгодишнината од најголемата бродска трагедија во водите на Охридското Езеро. Пред спомен-плочата на загинатите туристи од Република Бугарија кои настрадаа во потонување на бродот „Илинден“ цвеќе положија делегации на Општина Охрид, на Конзулатот на Република Бугарија во Република Македонија, на Здружението „5ти Септември“, на Капетанијата, како и млади македонски ротаријанци.Бугарскиот конзул во државава Чавдар Младенов не можеше да ги скрие солзите истакнувајќи дека болката и секаќавањето на луѓето кои снастрада на овој ден сеуште се свежи.-Утринава пред да дојдам овде …
Пред општина Охрид се вее ново знаме. По препорака на Унеско Локалната самоуправа изработи нов грб и знаме со обележја карактеристични за градот без симболите на Унеско.
„ Следеше постапката со која ние ангажиравме професионална асоцијација како што е македонското хералдичко здружение.Тие изработија неколку верзии како што налагаат нивните правила.
Знаме кое ќе ги задоволи основните духовни, традиционални, природни и културни вредности и обележја на градот Охрид.
Ова знаме кое го подигаме е изгласано на седница од мнозинството советници.
На пладне присуствувавме на свечениот …
Велосипедска тура на основците од „Христо Узунов“. По повод денот на независноста на Р. Македонија 8 ми септември, 100 тина велосипедисти од активот на физичка култура на училиштето, денот го одбележаа со несекојдневен настан. Директорот Тони Симоноски, задоволен од масовноста на децата како и од кадарот кој се вклучи во оваа интересна велосипедска тура.„Целта беше со нивни разговор да кажеме дека и велосипедистот е еднаков во сообраќајот а секако и да го воздигнеме малку младиот дух да спортува да вози велосипеди односно се со цел за зачувување на здравата животна средина. Голема благодар…
Несовесни граѓани охридското село Рамне го претворија во вистинска депонија. Ниската култура на граѓаните кои своето ѓубре го фрлаат насекаде го нагрдува ова прекрасно село кое од повеќе места е видиковец на прекрасниот Охрид и Охридското Езеро. На неколку места нашата камера регистрира купишта градежен шут, кабаст отпад и друга покуќнина. А имало случаи на дивите депонии да завршат и мрши од животни. Мештаните се крајно револтирани и ги повикаа надлежните да излезат на терен за да видат со каков проблем се соочува оваа месност.„Секој ден овде се фрла ѓубре а сакаме ние рамненци и охриѓани …
Градинката ќе се проширува со една паралека во населбата Радојца Новичиќ. Една просторија во која ќе бидат згрижени 30-тина деца ќе се адаптира во основното училиште Кочо Рацин. Проектот е финасира од Уницеф на идеја на Тлер. Интересот кај родителите е многу голем за воспитно згрижување на децата од 3 до 6 годишна возраст од по 3 часа во денот, информира директорката Роза Костеска. Комисијата на министерството за труд и социјална работа веќе и утврдила условите на терен во Радојца Новичиќ.„Имаше обврска градежниот инжинер или архитект да изработи нацрт план на фактичката состојба и на с…
Анкица Крстаноска е мајка на три деца. Таа има три ќерки, но само на една од нив и е биолошка мајка. Другите две девојчиња ги има згрижено во своето семејство полно со љубов и разбирање. Анкица уште пред четири години заедно со нејзиниот сопруг се одлучиле да станат згрижувачко семејство.Ние долго време немавме деца. После многу години во брак ја родив мојата ќерка, но бидејќи сакавме уште деца со мојот сопруг решивме да згрижиме некое детенце, вели Анкица.Нејзиното семејство е едно од двете во Охрид кои згрижуваат дечиња. Од центарот за социјални грижи велат дека во изминатиов период интен…
Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31 мај 2021 година истекува законскиот рок за потврда или корекција на Годишните даночни пријави (ГДП) за доходот што го оствариле во текот на 2020 година.
Заклучно со овој рок, даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат. – По истекот на законскиот рок, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на ГДП – потврдена или коригир…