Дивите депонии во Рамне сеуште не се подигнати. И после една недела од апелот и критиките на мештаните, преку нашиот медиум,надлежните си ја префрлаат топката од едни на други. Од ЈП „Охридски Комуналец“ се правдаат дека не добиле налог од НП „Галичица“. Од таму пак кажаа дека не е нивна надлежност да издаваат налози туку состојбата да ја пријавуваат до општинскиот инспекторат. Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека секој во својот делокруг треба да си ја извршува својата работа, затоа постојат овластени инспектори за животна средина, комунална инспекција, комунални редари …
Локалната самоуправа продолжува да ги отстранува времените објекти. Како што дознаваме досега се отстранети 23 киосци. Инаку, уште на 10 јули сопствениците на 107- времени објекти добија решенија за клуч на врата и отстранување на поставените објекти. Локалната самоуправа ваквиот потег го правдаше со нивно неплаќање на давачките кон општината и руинираниот изглед, но попушти пред барањето на сопствениците и им дозволи објектите да работат до завршување на летната сезона.
Тогаш сопствениците на времените објекти кажуваа дека тие не се виновни за состојбите туку се жртви на префрлањето…
Пензионерите од Охрид и Дебрца севкупни победници на пензионерската олимпијада. По четврти пат нашите пензионери се освојувачи на преодниот пехар за севкупен победник на игрите, а веќе се сопственици и на еден траен пехар кој го добија за нивното трето последователно прво место на претходните настапи. Тие велат дека со постигнатите резултати на најубав можен начин на своите сограѓани и сите граѓани на републикава го честитаат Денот на независноста, 8ми Септември.
На 19тите републички спортски натпревари, нашите пензионери учествуваа со 23ца претставници, а се натпреваруваа со пензионери од …
28от Охридски атлетски маратон доби старо нови победници. Втора година со ред, исклучително тешката патека од Свети Наум до градскиот парк во Охрид прв ја истрча унгарецот Лајош Берец кој доминираше и на претходното издание на маратонот. Во женска конкуренција пак, на тронот се искачи рекордерката на патеката, србинката Ана Суботиќ.„Беше навистина добра трка за мене. Времето беше малку топло при крајот на тката, но се чувствував добро, тренирав многу преку летото, па имав надеж дека ќе истрчам добро време, двајцата маратонци од Србија беа навистина добри, но ги победив и имав добро време на…
„Милкуз“ компанијата за производство на печки на пелети и огревно дрво е првата компанија која позитивно одговори на повикот на проектот „Топол дом“. Центарот за социјални работи побара пред еден месец покрај поединци, во овој проект да се вклучи и бизнис заедницата.„ Во рамките на нашите можности излеговме во пресрет со донација. Дониравме 10 печки на дрва од кои сите ќе бидат за социјално ранливата категорија на граѓани и 5 за училиштата во Охрид и Дебрца. Донација од 2 печки на пелети е наменета за градинките во општина Охрид заедно со пелети“, кажа менаџерот на компанијата Најдеска.Пов…
Оваа среда прегледот од нови книги го започнуваме со избраните романи на Јован Дамјановски „Глобалните ѕвезди на небото“ во издание на МИ-АН .
Од издавачот Табахон ви ја нудиме за читање книгата „Петнаесет кучиња“ од Андре Алексис.
Денеска ви презентираме дури четири книги од македонски автори. Тоа се: „ Витезот и Византијката “ од Кица Колбе, „Шрапнел“ од Игор Анѓелков и романот „Аб’т од Оливера Ќорвезироска, трите од издавачот Или – Или и „Паралел“ од Верица Ацеска во издание на Прозарт.
Не помалку интересни се и: „Сестрата на Ниче“ од Мира Оташевиќ во издание на Бегемот, „Непобедливио…
Место за пaника нема со вирусното заболување ебола во Охрид, порачуваат од Центарот за јавно здравје- Охрид. Студентот од Нигерија кој вчера е испратен на Инфективната клиника во Скопје е заради превентива , појаснува епидемиологот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. „ Еден студент e испратен на Клиника заради покачена температура. 4-от ден од престојот во Македонија му се покачила температурата. Другиот продолживме да го следиме , утрово му измеривме температура , таа е нормална. Нема место за паника. Многу медиуми објавија дека има болни, нема болни. Секој кој дошол од земјите каде ш…
20 години убави, топли, привлечни и удобни домови, 20 години успешна бизнис приказна и задоволни потрошувачи. Салонот за мебел „Гир Риг“ од Лескоец денес прославуваше 20 години од своето постоење на пазарот во Охрид, а последниве години и на пазарите во Битола и Кичево. После толку долго опстојување на пазарот за мебел во нашиот регион, нивната цел останува кристално јасна.„Наша цел е секогаш да бидат купувачите задоволни. Тоа го правиме со тоа што се стремиме кон еден целосен квалитет. Не само квалитет на производот, туку секогаш тука ни е и квалитетот на услугата. Ние секојдневно вложувам…