Сеп 24, 2014

Шест години од смртта на Влатко Пантовски и Наумче Аврамоски

Денеска се навршуваат шест години од смртта на Влатко Пантовски – диџеј Пантер и Наумче Аврамоски – диџеј Бруце, кои трагично ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи на 24 септември 2008 година околу 21 часот во близина на превојот Буково.Во спомен на Влатко и Наумче, членовите на мото клубот „Мото Охрид” во неделата ја извозија рутата од Охрид, преку Струга, Дебар, манастирот Бигорски, преку Маврово и Кичево, повторно до Охрид, а рекреативна тура денеска возат и велосипедистите од Охрид и Струга.Споменот на своите колеги не дозволуваат да избледи и од охридската медиумск…

Сеп 24, 2014

Дваесетина повозрасни лица стручно се оспособија за самостојно вршење на одредени дејности

Трајаноска Снежана е еден од дваесет и шесте лица кои ја посетуваа обуката за преквалификација врз основа на оперативниот план за активни политики и мерки за вработување на Владата на Република Македонија. Таа сега поседува уверение за помошник козметичар и верува дека  дека знаењата и вештините со кои се здобила при оваа обука во голема мерка ќе и помогнат во реализацијата на нејзините идни професионални идеи и планови.„Се здобивме со големо искуство, знаење и едукација во областа на козметиката. Ние сме премногу благодарни  и за време на таа едукација ние добивме впечаток дека имаме повеќ…

Сеп 24, 2014

Дождовите доаѓаат, а каналите и речните корита плачат за чистење

Од вчера и официјално започна есента, а со тоа доаѓаат и обилните есенски дождови. Граѓаните сугерираат Локалната што поскоро да ги исчисти каналите и речните корита како не би дошло до појава на поплави на некои критични места во градот. Моменталната состојба на каналите и реките е на незавидно ниво. Натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад може да се види во оние кои не се обраснати со бујна вегетација. Од Локалната тврдат дека каналите и речните корита не се во толку лоша состојба.Според она што лани нашите екипи го сработија каналите не се во толку незавидна состојба….

Сеп 24, 2014

Краен рок за талентираните ученици да аплицираат за стипендии

Денеска истекува последниот рок за аплицирање на конкурсот кој го објави општина Охрид за доделување стипендии на талентирани ученици од охридските основни и средни училишта за учебната 2014/2015 година.Според планираното ќе бидат доделени 15 стипендии за талентираните ученици од VIII и IХ одделение од општинските основни училишта и 20 стипендии за талентирани ученици  од II, III и IV година во средните училишта на подрачјето на општина Охрид. Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500 денари месечно за девет месеци во текот на  учебната година.Исто така денес истекува рокот за аплицирање н…

Сеп 23, 2014

Информациите од Локалната Охрид, за некои лесно достапни, за некои потешко

  Граѓаните на Охрид на разни начини преку медиумите, избраниците во градскиот совет  дирекно во локалната администрација бараат одговори на прашања поврзани со проблемите кои секојдневно ги тиштат.  Комуналните проблеми, шалтерскот работење во институциите, вработувањето како и проблемите од сферата на урбанизмот сеуште најактуелни кај граѓаните на Охрид.  Во секое време сме достапни и нашите простории се отворени за нашите граѓани вели Илија Арнаудовски координаторот на советниците од ВМРО – ДПМНЕ. „Досега нема, ретко да се случи наидеме на некоја препрека секаогаш како советници имаме пр…

Мај 26, 2021

Шанкери, келнери, собарици го напуштаат угостителството за работа во фабрика

Стотина вработени во туристичко угостителскиот сектор, заминаа  во охридските фабрики. Кризата предизвикана од пандемијата најмногу го погоди туристичкото стопанство. Голем дел од  вработените, особено  со сезонски ангажман,но и останатите кои повеќе од една година земаа минимална плата како финансиска помош од државата, се преквалификуваа. Од келнери, шанкери, салатери, собарици  денес работат на лента во германската  фабрика Костал во Охрид. Ги бираат странските компании бидејќи им нудат солидна плата, сигурност и можност за напредок во кариерата. „Посебно во последните 15 до 16 месеци …

Сеп 23, 2014

Реакција на Локалната на прес конференцијата на СДСМ

Како што се покажа , констатацијата на Градоначалникот дека СДСМ нема да настапи со аргументи на говорницата и дека во деновите по неа, ќе организира прес конференции повторно за жал се покажа како точна и денес како и секогаш од како ќе доживеат фијаско на седниците имаме прес конференција на оваа партија, а вчера на седницата имавме наведнати глави и молк.Во интерес на јавноста и вистината уште еднаш чувствуваме за потребно да ги објасниме поволните услови на овој заем кој исклучиво го добива општина која направила извесен напредок во однос на финансиското работење , а и следејќи го самот…

Сеп 23, 2014

Реакција на ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ

Не поучени од досегашното искуство на национално и локално ниво од СДСМ се повеќе и почесто го допираат дното од кое најверојатно нема уште долго да се кренат доколку и понатака критикуваат се што е добро и на кое вредно и посветено се работи а е во интерес на Охрид и охриѓани. По денешната “бледа“ и вообичаено неаргументирана прес – конференција, бараме од СДСМ јавно да им се извинат на сите охриѓани затоа што со самиот факт што за нив не се битни патиштата , улиците и другите проекти од инфра структурата кои Општина Охрид ќе ги гради  со  средства  од Светска Банка  а кои се однесуваат за…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top