Др Христијан Паункоски од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ заминува на специјализација во реномиран клинички центар во Љубљана. Тој изрази надеж дека за време на 5 годишната специјализација во странство ќе ги стекне сите потребни искуства кои подоцна би ги пренел тука во специјалната болница, односно на неговите колеги, со што смета дека би придонел за развивање на ортопедијата не само во Охрид туку и во целата држава.„Да се биде еден од четворицата од Охрид кои ќе заминат на специјализација во странство е голема чест но исто така и голема одговорност. Начелно…
Дел од приватните станоиздавачи денес протестираа пред општинската зграда изреволтирани од предлог измените на Законот за угостителска дејност. Меѓу другото со нив се предлага на физичките лица да не им се дозволува издаваат станови, соби или апартмани во колективни стамбени згради. Образложението на предлагачот на законските измени, ХОТАМ е дека на овој начин ќе се намали сивата економија кај лицата кои вршат туристичка дејност. Станоиздавачите бурно реагираа на овие забелешки со образложение дека тие се регистрирани и легално ја вршат оваа дејност а при тоа ги подмируваат сите давачки и …
Во охридската касарна нема конкретни зафати, а просторот од ден на ден пропаѓа. Иако пред една година од локалната самоуправа, од секторт за урбанизам, беше презентирано урбанистичко планско решение каде што беа највувани изградба на станбено- деловен комплекс, црква, спортски терени , пробивање на улица, досега на терен не е започната конкретна реализација. ТВМ се обиде да дознае во која фаза е владиниот проект со кој касарната треба да се пренамени со нови содржини во насока на поголем економски развој на општината. Од Министерството за одбрана со писмен допис ни одговорија дека д…
ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека од денеска 26.05.2021 година до 04.06.2021 година, ќе се пристапи кон правно регулирање на закупот на паркинг место „Горна Порта“ со кое претпријатието стопанисува согласно одлука на Советот на општина Охрид.
Таа можност согласно донесената одлука, ја имаат сите сопственици на апартмани и соби за издавање, кои поседуваат решение за упис во регистарот за угостителска дејност.
Од ЈП „Билјанини Извори” ги повикуваат сите заинтересирани, во наведениот рок да се обратат во дирекцијата претпријатието, со цел потпишување на договор за закуп на пар…
За Охридските староградски средби хроничарите ќе речат: Една песна, една судбина, многу песни, многу судбини. Во драгоцените музички бисери, со години таложени во ризницата наречена народен пејач а испеани од тајфите и музичките дружини, годинава по дваесет и шести пат ќе ужива публиката. Охридските староградски песни ќе започнат со дефиле на учесниците по охридските улици и краткотрајно нивно претставување на отворено на две локации , како и целовечерен концерт што ќе се одржи на утре во Големата сала на Центарот За култруа „Григор Прличев“. Петар Нечески музички селектор на манифестациј…
Од СДСМ обвинуваат дека дел од вработените во општина Охрид незаконски, непрофесионално и сосема непотребно веќе 9 месеци се преместени да работат во село Косел. Од таму велат дека ветувањaтa дадени пред неколку месеци од страна на градоначалникот дека целата општинска администрација ќе се ротира и по неколку месеци ќе работи во Косел се само празни ветувања.
Општинската организација на СДСМ денес одржа прес конференција во врска со вработените во општина Охрид кои според нив незаконски, непрофесионално и сосема непотребно веќе 9 месеци се преместени да работат во село Косел. Од СДСМ обви…
Денеска беа извлечени играчите на двата тима што ќе играат в недела на Меморијалниот фудбалски натпревар што го организира локалната медиумска заедница од Охрид во спомен на прерано починатите колеги, ДЏ Пантер и ДЏ Бруце од охридското Супер радио, колегата Петар Алексоски од ТВМ и Јован Слатинец-ДЏ Мравка. Екипата А ја сочинуваат: Јулијан Здравковиќ, Трајко Пројковски, Филип Јовановски, Дарко Левески, Сашо Митан, Жанко Зш Голабоски, Мишел Наумоски, Предраг Савиќ и Сузана Вренцовска. Екипата Б ќе биде составена од: Јане Стефанов, Тони Ангелески, Горан Момироски, Тони Најдески,Татјана Мале…
Долгоочекуваната и долгонајавуваната градска марина преку јавно-приватно партнерство ќе се гради на потегот помеѓу каналот Студенчишта и хотелот Парк. Овој бил заклучокот од вчерашната средба во Скопје помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од Капетанија на пристаништата како и Министерството за транспорт и врски и Министерството за одбрана. Градоначалникот Бакрачески за ТВМ открива дека за оваа локација се решиле поради можноста на истата да бидат изградени и дополнителни објекти кои би ги користел приватниот партнер.„Разговаравме околу можностите Министерството за одбрана…