Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска, започна со градежни активности – изградба и санација на пешачката патека. Патеката се протега долж Јавната здравствена установа „Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања“ и целосно ќе биде поплочена со бехатон плочки и оградена со ивичници. Со изградбата на оваа патека значително ќе се подобри безбедноста на пешаците и безбедноста на возилата за Итна медицинска помош кои секојдневно го минуваат тој пат.{loadposition content9}
Ова македонско филмско остварување ќе се прикажува на 6-ти октомври (понеделник), во Центарот за култура „Григор Прличев“, а кино проекциите продолжуваат во деновите 7-ми, 8-ми, 9-ти и 10-ти октомври 2014, со почеток во 20.00 часот, влез 100 денари.„Деца на сонцето” е љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко. Дејствието се случува на периферијата на едно мало гратче крај Преспанското Езеро.Продуцент на филмот е Дејан Милошевски, а директор на фотографија е Јарек Шода од Полска. Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот ќе глуми и епизодна улога. Главната машка ул…
Од Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги информираат граѓаните и правните субјекти кои ја обавуваат својата дејност на територијата на општина Охрид, дека врши продажба на пластични канти за отпад со капацитет од 120 литри по цена од 1.200 ден.- Отплатата на кантите може да се врши одложено на 12 рати. Износот на месечната рата ќе биде вкалкулиран во вкупниот износ на месечните сметки за подигање, транспортирање и депонирање комунален отпад и јавна чистота, по претходно регулиран Договор кој странките можат да го склучат во просториите од дирекцијата, информираат од јавното претпријатие. {loadposi…
Денес, 1-ви октомври, од 14:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улиците „Лазо Трпоски“ „Карпош Војвода“.Исто така, прекин на струја ќе има и во дел од селото Љубаништа, во периодот од 13:00 до 15:00 часот, информираат од ЕВН Македонија.Од компанијата информираат дека прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition content9}
Извештаите за работењето и остварените резултати за првата половина од 2014 година на јавните претпријатија, за некои советници одраз на позитивен тренд во овие претпријатиа, а за некого сеуште показател на тешката состојба и проблемите со кои истите се соочуваат. Советникот од ЛДП, Дејан Блажески рече дека тие како опозиција не се задоволни бидејќи побарале да им се достави образецот за задолжувањата на јавните претпријатија како и информации околу направените трошоци во истите, но ништо не добиле од тоа.
ЈП имаат сериозни проблеми и потребен е еден радикален рез и едно сериозно стопанисув…
Охридските Јавни претпријатија се покажаа максимално стабилни според извештаите за нивното работење, изјави секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески. Додаде дека тоа се должи на залагањето на Локалната самоуправа да им дава работа на ЈП а не на приватни фирми. Спасески посебно се осврна кон локалната социјална политика и предлог мерките со кои планирано е во значаен дел од наплатата да им се олесне на луѓето кои се под социјален ризик.„Општина Охрид по донесувањето на оваа одлука ќе објави оглас, на кој што оглас по точно утврдени критериуми ќе можат да аплицираат сите оние наши сограѓ…
На 22-ри мај 2021 година, околу 22:00 часот во СВР Охрид приведен е 22-годишен охриѓанец.– При претходно извршен преглед во близина на Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, полициски службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР.
Блажески дециден дека претседателот на Совет нема право да бара извинување од советник од страна на надворешни лица. Додава дека жалосно е што продолжува праксата често да се крши статутот и деловникот на Советот на општина Охрид.„Недозволливо е да се продолжи да се спинува и да се лиферуваат ланжните текстови во јавноста, одговорно како потврда на ова што го зборувам, дека ниеден претставник од ЈП не беше навреден ниту од мене ниту од проф Јован Стојаноски, се записниците кои што ќе ви ги приложам кога ќе ги добиеме затоа што го префрлија Советот и неможеме да ги добиеме записниците од вче…