Во Охрид беше одбележана 1000 годишнината од смртта на Цар Самоил. Со свечен чин на Самоиловата тврдина беше одбележан овој датум, а на кој присуствуваа ученици, професори, советници . Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески имаше пригодно обраќање за Цар Самоил основоположникот на македонското средновековно царство. Тврдината е еден од најзначајните културно-историски споменици на градот Охрид и своевидна туристичка атракција на градот, кој влегува во рамките на сите симболи како што се грбот и знамето на Охрид, на кои охриѓани се особено горди, рече Бакрачески.„ Денес е ден со кој о…
Радоста кратко траеше . Семафорите на раскрсницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“ кои на почетокот на учебната година беа поставени после многугодишни барања од страна на родителите и училиштето, оштетени. Овие софистицирани сообраќајни помагала кои работеа на допир не се знае дали се уништени намерно или од незнаење, вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.Оштетувањето на семафорите не е точно утврдено дали е од учениците или од некои други лица. Потребно е да се направи едукација за користењето на таа светлосн…
Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, Кирил Пецаков, денеска на прес конференција изрази сомнеж околу износот за набавка на картички со кои на српските туристи ќе им се овозможи летово да транзитираат низ Македонија без да платат патарини. 3 милиони евра односно 172 милиони денари, народни пари од Буџетот на Република Македонија е нерационално и расипничко трошење на Владата Во услови кога економијата тоне, фирмите мака мачат со исплата на плати за вработените, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај, посочи пратеникот Пецаков.
„Токму поради огромниот милионски износ и сомнежот кој што посто…
Познатиот охридски бренд, АД Жито леб успешно ги освојува пазарите во соседните земји. Од таму велат дека во моментов, вистински хит на српскиот пазар се нивните познати охридски ѓевречиња, но додаваат дека до крајот на годината ќе почнат со извоз и на уште еден препознатлив свој производ, односно со производната линија апетисимо.„Сигурно дека најпрво отидовме со нашиот бренд, кој вие добро го знаете, нашето охридско ѓеврече кое го имаме во две варијанти, како бело охридско ѓеврече и ржано охридско ѓеврече. Пробавме на пазарот во Србија, засега сме успешни и се надеваме дека ќе се проширува…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(44) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“. На 04.10.2014 година при претрес во домот на пријавениот полициските инспектори пронајдоа 18 грама опојна дрога хероин и 22 грама кокаин. На А.Т. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.{loadposition content9}
Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес на овој патен правец ќе има триесетминутно сопирање на сообраќајот во двата правци.Застој на сообраќајот ќе има од 13.50 до 14 часот и 20 минути кога полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе го стопираат сообраќајот во правец Охрид – Кичево. Истовремено, сообраќајната полиција од полициската станица во Кичево ќе го сопре сообраќајот во правец Кичево – Охрид.Застојот на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пр…
Тек вон до мајсторите од „Хва Ранд ИТФ“ од Лескоец со исполнета и натпреварувачка есен. На крајот од месецов заедно со кик бокс клубот Фајт клуб Мастер од Охрид ќе бидат домаќини на меморијалниот турнир во боречки вештини организиран во чест на Милчо Ангелески, истакнат долгогодишен работник во боречките вештини. На овој турнир, учество ќе земат најголемиот број од членовите на тек вон до клубот Хва Ранг.„Во соработка со кик бокс клубот Фајт клуб Мастер од Охрид организираме на 25ти Октомври меморијален турнир во боречки вештини каде ќе бидат застапени лајт контакт дисциплината, лоу кик и М…
Охриѓани треба особено да внимаваат на начинот на исхрана, на зголемување на нивната физичка активност и добрата едукација за здравјето на срцето. Според статистиките на Центарот за јавно здравје од Охрид, 65 проценти од смртните случаи во градов се како последица на некакво кардиоваскуларно заболување. Со овие бројки, охриѓани се наоѓаат над државниот просек.
Денес, Центарот за јавно здравје го продолжи одбележувањето на Светскиот ден на срцето. „Како увид во однос на кардиоваскуларните заболувања најголем број, односно со најголем процент се застапени меѓу постарите, но не се исклучени ни…