• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Кирил Пецаков : Зошто ослободувањето од патарини не важи и за српските туристи кои ќе го посетат Охрид?

Кирил Пецаков : Зошто ослободувањето од патарини не важи и за српските туристи кои ќе го посетат Охрид?

Пратеникот од Охрид од опозиционата ВМРО ДПМНЕ,  Кирил Пецаков денеска на прес конференција побара одговор од власта како е дојдено до сума од  близу 3 милиони евра за ослободување од патарини на српските граѓани. Дополнително , прашува зошто за време на сезоната не важи ослободувањето за српските туристи кои ќе сакаат да го посетат нашиот туристички Охрид.  Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека сумата се предвиден трошок кој би го имало Јавното претпријатје за државни патишта од ненаплата на патарини за српските граѓани. Тој не смета дека со тоа што  ослобудувањето важи само за транзит кон Грција  ќе се дестимулира домашниот туризам.

 |   | 

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Охрид,  Кирил Пецаков, денеска на прес конференција изрази сомнеж околу износот за набавка на картички со кои на српските туристи ќе им се овозможи летово да транзитираат низ Македонија без да платат патарини. 3 милиони евра односно 172 милиони денари, народни пари од Буџетот на Република Македонија е нерационално и расипничко трошење на Владата Во услови кога економијата тоне, фирмите мака мачат со исплата на плати за вработените, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај, посочи пратеникот Пецаков.

„Токму поради огромниот милионски износ и сомнежот кој што постои во јавноста, Зоран Заев и Владата мора да дадат одговори на неколку логични прашања кои што македонската јавност мора да ги слушне.  Владата и Зоран Заев мора да одговорат како е дојдено до таа сума од 3 милиони евра за набавка на картички за патарина? Владата и Зоран Заев мора да одговорат зошто оваа мерка не се воспостави со едноставно кревање на рампа и видео надзор на автомобилите со српски регистарски таблици?  Исто така, како пратеник кој доаѓа од Охрид, јас и охриѓани сакаме да добиеме одговор од Зоран Заев и Владата, зошто оваа мерка не се воспостави и не важи и за Охрид како летна туристичка дестинација за илјадници српски државјани туку важи само за Грција? “- кажа Пецаков.

 За ослободувањето на српските граѓани од патарини низ Македонија во текот на туристичката сезона Владата ќе потроши 2,8 милиони евра. На влез во земјава тие ќе добиваат електронска картичка со кредит од 760 денари доволни да се платат патарини од Табановце до Гевгелија и назад. ЈП Државни патишта се задолжени од Владата да изработат 200 илјади вакви картички, а изработката ќе чини 100 денари за картичка, односно околу 350 илјади евра.

„Сумата која што беше одредена е дадена од Јавното претпријатие за државни патишта која стопанисува со патарините. На нивните претходни анализи од претходните години за бројот на посетители со српски регистарски таблици на граничните премини, на патарините се укажа дека скоро три милиони ќе чини помалку приливи за ЈП за државни патишта. Во суштина, тоа е надомест на тоа што ќе се изгуби како приход во ЈП за државни патишта. Тие средства одат на одржување на јавните патишта во државата, на нови инвестиции,“ изјави денеска  вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Битиќи  кажа дека со тоа што Српските туристи кои преку Тетово и Гостивар ќе патуваат до Охрид, ќе плаќаат  патарина не смета дека се дестимулира домашниот туризам. Српските граѓани кои ќе патуваат кон Грција ќе бидат ослободени од плаќање патарина од 15 јуни до 15 август.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top