Окт 10, 2014

Реакција од Локалната во врска обвинувањата од СДСМ

  Небулозно е тврдењето на оваа партија дека градоначалникот Бакрачески не ги поздравил борците, бидејќи целата јавност заедно со борците го слушаа говорот на градоначалникот со кој беа поздравени.Очигледно говорот не го слушнало највисокото раководство на СДСМ – Охрид и нивните избрани советници во советот, бидејќи елитата од СДСМ не ги удостои борците и големиот празник 11 Октомври  со нивно присуство. Токму оваа елита која го игнорира празникот треба да се извини на борците за игнорирањето кон оние кои се бореа за слободата и устоличувањето на елитата од СДСМ на функции кој ги ползуваа 5…

Окт 10, 2014

Став на Локалната самоуправа по случувањата на денешната свечена седница по повод 11-ти Октомври

  Обраќањето на првиот човек на Сојузот на борците на Општина Охрид, Гоце Ѓорѓиески, во кое тој изнесе свои лични видувања, ставови, перцепции и доживувања за власта во земјава, го оценуваме како очигледна злоупотреба на празникот 11 Октомври и настанот кој по тој повод го организираа заедно Локалната самоуправа на Охрид и Сојузот на борците. Со чудење гледаме на преседанот, одбележување на празник кој е заеднички за сите граѓани на Македонија и е симбол на непокорот на македонците, да се злоупотреби во дневно политички цели и да се претвора во држење на политички говор со дневно политичка …

Окт 10, 2014

Реакција од ОО НА СДСМ

  ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш покажа дека не ја почитува антифашистичката борба, борците од НОБ и државниот празник 11 Октомври. На свечената седница во Советот на општина Охрид, по повод државниот празник, градоначалникот Никола Бакрачевски не ги поздрави присутните борци од НОБ и ја напушти седницата за време на обраќањето на претседателот на Здружението на борците. Седницата ја напуштија и советниците од ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Сашо Василески. Ова е показател за игнорантскиот и понижувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ кон оние коишто се бореа за Македонија и кон оние кои ги дадоа животите за не…

Окт 10, 2014

Фрлена сенка на свеченоста по повод одбележувањето на 11-ти Октомври

  Фрлена сенка на свеченоста по повод одбележувањето на 11-ти Октомври, денот на востанието на македонскиот народ. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, пратеникот Сашо Василевски, претставниците на Локалната самоуправа, директори на јавните претпријатија и на охридските училишта денеска ја напуштија свечента академија изреволтирани од вториот дел на говорот на Гоце Георгиески, претседателот на Општинската организација на Сојзуот на борците од Охрид и Дебрца. Георгиески откога во своето излагање се осврна на значењето на овој историски датум, даде и свое видување, и како што рече, вид…

Окт 9, 2014

Спорт, дружење, програмирање и можност за бизнис идеи на првата Информатијада 2014

Пет дена програмирање, играње на сајбер игри, натпревари во фудбал, кошарка, одбојка, шах, пинг понг на првата Информатијада 2014та. Студентите од универзитетите со информатички насоки од земјава се собраа на едно место со цел да ги покажат своите знаења во областа на информатиката и спортовите. Освен спортскиот и научниот дел, студентите ќе имаат можност и да го демонстрираат она што го сработиле, нивните апликации и програми пред претставници од бизнис секторот кои ги поддржаа овие студентски игри.„Информатијадата е составена од три дела, едукативен дел, научен дел и спортски дел. Едукати…

Мај 28, 2021

Велосипедистите повторно апелираат за изградба на безбедна велосипедска патека на стариот пат Охрид Струга

Безбедна велосипедска патека на стариот пат Охрид Струга, бараат велосипедистите. Апелот доаѓа, откако пред неколку денови повторно беше тешко повреден велосипедист од Струга на патот Охрид Свети Наум, кај населбата Елешпец. Претпоследната тешка сообраќајка на стариот пат кон Струга кај Подмолје , во која   животот го загуби 17 годишен велосипедист од струшко Ливада  се случи пред два  месеци.   Спортистите се жалат, велат немаат рекреативни патеки за тренинг, па најчесто тренираат на стариот пат мегу двата градови. Тој сообраќајен  правец е потполно небезбеден, често се случуваат несреќи,…

Окт 9, 2014

Охрид дел од кампањата за рационална употреба на антибиотици

Алармантната состојба на светско ниво со употреба на антибиотици, не ја одмина ниту нашата земја. Македонија спаѓа во просекот на југоисточните земји кои бележат висок процент на употреба на антибиотици, велат еминентни професори од медицинскиот факултет во Скопје, кои денес одржаа семинар пред докторите од охридско – струшкиот регион.  Петта година по ред системски се работи за подигање на свеста за рационална употреба на антибиотиците, вели Др Никола Паноски од медицинскиот факултет во Скопје. Додаде дека фокусот на денешниот семинар е ставен на докторите специјалисти, кои работат во болн…

Окт 9, 2014

Првачињата од Григор Прличев беа во посета на Локалната самоуправа

Учениците од прво одделение  од ОУ „Григор Прличев“  денес ја посетија општинската  зграда.  Директорката на училиштето Силвија Мојсоска напомена дека оваа посета е во рамките на Детската недела, а има за цел учениците од најмала возраст да се запознаат со оваа установа. Посетата на општината се применува и во повисоките одделенија, вели директорката Мојсоска.     „  Како редовна посета имаме  во 3 одделение тогаш учат учениците за Локалната самоуправа и секоја година тоа го практикуваме по наставнат единица и а практично да се запознаат. Започнавме и со малечките и е убаво да знаат за оваа…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top