Окт 13, 2014

Новинарите треба подлабоко да истражуваат при известување за сексуалните работници

Избегнување на клишеата во известувањето за сексуалните работници, избегнување на стереотипите и подлабоко истражување на темата сексуален работник. Ова се само дел од препораките и заклучоците кои произлегоа од денешната работилница наменета за охридските новинари, насловена како „Сексуалната работа и медиумите.“ Целта на работилницата, меѓу другото беше поголемо и посеопфатно информирање на новинарите за начините на известување кога станува збор за темата на сексуални работници, но и принципите кои би требало да се следат со цел што пообјективно и посеопфатно да се известува. Работилницат…

Окт 13, 2014

Во Охрид „Фестивал на новиот германски филм“

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, во соработка со Амбасадата на СР Германија од 18-ти до 21- октомври во рамките на Фестивалот на новиот германски филм за љубителите на филмксата уметност ќе прикажува неколку филмски остварувања на германската кинематографија.Отварањето на фестивалот е во САБОТА 18-ти октомври 2014 со филмот ,,Родители”-трагикомедија,почеток 20.00 часот, влез слободен.Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани и следните филмови:(недела)19-ти октомври 2014, филмот ,,Фак ју Гете”-комедија(понеделник) 20-ти октомври 2014 ,,Паркот на среќата”-драма.На 19-ти и 20-…

Окт 13, 2014

Универзитетот за информатички науки и технологии ќе и помага на охридската локална заедница

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ со своите занења и капацитети ќе и помага на охридската локална заедница.  Започнаа да го реализираат проектот „1000 идеи за подобар Охрид“.  Идејата на Универзитетот  е преку овој проект да излезе во пресрет  на  локалната заедница, за да се олеснат секојдневните активности користејќи ги придобивките на информатичките науки и технологии, нагласува  Горан Шибакоски ассистент  на УНИТ. „Сите сервиси и услуги кои ги нуди Локалната самоуправа ќе бидат полесно подостапни ако се користат информатичките науки и технологии. Во си…

Мај 31, 2021

ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА ВО ОХРИД

Градоначалникот на Охрид , Константин Георгиески присуствуваше на отворањето на манифестацијата „Денови на Македонската фотографија“ што ја организира „Фото сојузот на Македонија“ којшто годинава одбележува 75 години од постоењето. За значењето на овој културен настан градоначалникот Георгиески рече: – Во Охрид, градот на испреплетена култура и историја кој истовремено е јадро на словенската писменост повеќе од разбирливо е дека ќе се организираат вакви културни настани како вечерашниов со кој „Фото сојузот на Македонија“ како најстара и најмасовна организација од областа на фотографијата…

Окт 11, 2014

Невработеноста на младите луѓе акутен проблем во регионов

Регионален семинар на тема „Да зборуваме за младата генерација, можни решенија и стратегија за тоа како да се справиме со невработеноста на младите во регионот и во земјите од ЕУ“, одржа УНАСМ во Охрид.  Дивна Змејкоска нагласи дека Унијата ќе даде се од себе  со нивната стручност и експертиза и во соработка со другите сродни организации од регионот да го унапредат овој процес .„Целта на семинарот е размена на искуства и информации на државите од регионот и државите членки на ЕУ. Сето ова сакаме да придонесеме да го имплементираме во соодветните држави бидејќи состојбата е секаде иста и ќе …

Окт 11, 2014

И Охридската ВМРО-ДПМНЕ со реакција на свечената седница по повод 11ти Октомври

Од ДПМНЕ  со обвинувања дека СДСМ го злоуптребува големиот државен празник за добивање ситни политички поени, а притоа ги навредува сите учесници на свеченоста посветена на празникот. Од охридската ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата прашуваат дали обраќањето на претседателот на Сојузот на борци е синхронизиран настап помеѓу СДСМ и него. Според ДПМНЕ, овој говор  бил потврда за контролата на СДСМ над институциите каде има сопствени кадри. Дополнително, во реакцијата стои дека според ВМРО-ДПМНЕ, нивните политички опоненти од СДСМ треба јавно да се извинат бидејќи според нив, социјалдемократите ставиле …

Окт 11, 2014

Инаугурација на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа во понеделник

Номинацијата на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид Преспа беше одобрена од Меѓународниот совет на УНЕСКО за програмата „Човек и биосфера“ на состанокот одржан во Јонкепинг во Шведска, во јуни годинава, кога истиот беше прогласен за 14ти по ред Прекуграничен Биосферен резерват во светот. Поздравни говори е предвидено да имаат Заменик премиерот на Република Албанија и Министрите за животна средина на Македонија и Албанија и преставниците на мисиите на Обединетите Нации и УНЕСКО. Притоа преставниците на Националните Комисии на УНЕСКО ќе го предадат Сертификатот за прогласување на Прекугр…

Окт 11, 2014

Слаб интересот кај охридските такси превозници за курсевите по англиски

Слаб интересот за изучување на англиски јазик кај охридските такси превозници. Обуката за англиски јазик се спроведува како соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски и локалните самоуправи. До истекот на рокот за пријавување, такси превозниците имаат уште две недели, но барем засега, според нивните кажувања, или не се запознаени со процедурите и роковите за пријавување или пак воопшто не постои интерес за посета на таквите обуки.„Не сум се пријавил досега, не сум заинтересиран. Ова го работам привремено така да оставам на младите, тие нека учат.“„Не не сум се пријавил, не го знам…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top