Окт 17, 2014

Атанаско Михаилов повторно претендент за првата општинска партиска фотеља

Актуелниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов повторно претендент за првата општинска партиска фотеља.Конкурсот за нов претседател на општинската ВМРО кој беше распишан пред еден месец заврши и сега во тек е втората фаза кога од страна на комисијата  на Извршниот комитет се врши селекција на пријавените кандидатаи . Откога ќе се изберат неколкумина кои најмногу ги задоволуваат поставените барања  одат на интервју кај претседателот на партијата, а за конечниот избор на претседател на ОК одлучува Извршниот комитет. Михаилов речиси пет години е на чело на Охрид…

Окт 17, 2014

Градоначалникот заигра ракомет и фудбал

  Градоначалникот Никола Бакрачески денес ги покажа своите афинитети кон ракометот, а и кон фудбалот. Тој промовирајќи ги двете спортски паралелки кои оваа учебна година се отворија во рамките на средното училиште „Ванчо Питошески“ заедно со идните ракометари и фудбалери заигра на теренот. Градоначалникот не го криеше задоволството што токму нашиот град доби можност да едуцира кадри кои подоцна ќе бидат дел од македонските репрезентации кои ќе не преставуваат во светот.-Она што е најважно за нас е што со отварањето на овие паралелки ќе го развиваме  спортскиот дух кај младите  а со тоа прав…

Окт 17, 2014

Анализа на летната сезона 2014

Туристичката сезона 2014 во поглед на гостите и остварените ноќевања, слична со минатогодишната. Ваков е ставот на ТЛЕР базиран врз статистичките податоци заклучно со месец август, изјави раководителот Ѓоко Апостоловски. Втора година по ред Секторот за туризам одржува состанок со хотелиерите и угостителите од градов односно се врши анализа на летната туристичка сезона и презентација на резултатите добиени од анкетните истражувања кои се реализирани од страна на ТЛЕР во соработка со ФТУ Охрид. Апостоловски нагласува дека според видувањата на угостителскиот сектор иако бројот на гости бил нам…

Окт 17, 2014

Во градинката Лихнида се одржа аукција на рачно изработени кукли

Во градинката Лихнида се одржа аукција на кукли. Родителите купуваа играчки во хумани цели.  Играчките ги  изработија децата згрижени во  објектите  на детската градинка Јасна Ристеска заедно со вопситувачите и родителите.  Собраните средства ќе бидат  донирани во хумани цели во рамките на проектот „Од дете за дете“, вели директорката на детската установа Роза Костоска.„ Покрај основната цел креативноста да се изрази кај децата имаме уште една цел од мали нозе да се учат да бидат хумани, да ги вреднуваат предметите за нивна лична употреба, некои  за нив можеби немаат значење, но да докажеме…

Окт 17, 2014

Продолжува акцијата за подигање кабаст отпад

Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека утре, 18- ти октомври, се организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница „ Даме Груев“ и урбана заедница „ Горна Влашка Мала“ (комплекс згради „Христо Узунов“ , „ Карабегобамала“ и „Горна Влашка Мала“).Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Кому…

Окт 16, 2014

ЛК „Десарети“ донира 30 хуманитарни пакети

Лајонс Клубот „Десарети“ и годинава традиционално со доделување на 30 хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства се вклучи во одбележувањето на 16 октомври денот против гладта. Претседателот на клубот Ристо Речкоски, изрази голема благодарност кон охидската организација на Црвен Крст за тоа што ги вклучила во една ваква хуманитарна акција и при тоа ја нагласи нивната 7 годишната соработка.„Сакам да ги повикам сите други институции во градот на т.н. социјален активизам во смисла на тоа што овие категории на граѓани се потребни на општеството, така да на некој начин да можеме да ги…

Мај 31, 2021

„Гладијаторите“ утре го играат „Езерското дерби“

Охридските ракометари утре ќе ги продолжат натпреварите во ракометниот плејоф, што беа одложени поради трагичната смрт на репрезентативниот голман и нивни соиграч, Никола Даниловски.„Гладијаторите“ во рамки на 13-то коло ги очекува „езерското“ дерби со Струга што ќе го играат на домашен терен, во салата „Тодор Александров“, од 19:00 часот. Ракометниот свет се простува од 24-годишниот голман на Охрид, но и на македонската репрезентација, Никола Даниловски, кој трагично го загуби животот во саботата. Даниловски произлезе од ракометната школа на Металург (генерација 1997). На последните некол…

Окт 16, 2014

За кампањата Недела за борба против гладот донираа охридскиот градоначалник и неговите соработници

 Локалната самоуправа по втор пат се приклучува во активностите на општинскиот Црвен крст во кампањата Ден против гладот.  На симболичен начин со личен пример градоначалникот, советниците и директорите на јавните претпријатија дадоа свој допринос во акцијата Денот на борбата против гладот. Сакаме да ги поттикнеме сите хумани луѓе и фирми да се приклучат секој според своите можности да помогнеме на ранливата  категорија сограѓани, истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Првиот човек на градот напомена дека со овие хумани активности колку и да се помага тие се симболични, но она што Локалн…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top