Ное 12, 2014

Само една такси постојка во Охрид е дислоцирана

Такси постојката на пресекот од ул „Гоце Делчев“ и „Кирил и Методиј“, која што требаше да биде дислоцирана уште во јули месец сеуште на старото место. Според локалната, поместувањето на постојката имаше за цел  да им се излезе во пресрет на барањата на Урбаните заедници, во случајов Кошишта, како и увидувањата на Секторот дека во летниот период заради оваа такси станица се формирало тесно сообраќајно грло. Просторот на местото на такси постојката требаше пред 5 месеци да биде уредено како пешачка зона.„Што се однесува до дислокација на такси постојката на ул Гоце Делчев на пресек со ул. Кир…

Ное 11, 2014

Студентите од ФТУ учеа грчки специјалитети

Традиционалната грчка кујна и музика денес беа дел од амбиентот на ФТУ Охрид. Студентите имаа една несекојдневна можност од врвните мајстори на грчката кујна да научат како се подготвуваат дел од грчките јадења, суфлаки, гиро, брускети, реванија. Нашата интенција е да направиме високо профилирани кадри кои ќе излезат на пазарот и ќе бидат конкурентни, вели професорката Ангела Василеска. Додава дека вратите на факултетот се широко отворени за сите угостители кои сакаат да соработуваат со нив.„Јас постојано велам дека имаме една стандардизирана монотона понуда во нашите угостителски објекти и…

Ное 11, 2014

Локалитетот Рајца во Љубанишко поле е заштитена зона

Локалитетот Рајца во Љубанишко поле  е  во заштитена зона. Направени се  зафати како што се утврдување на границите на локалитетот, неговата контактна  зона и режимот кој треба да го има секоја заштитена зона. Со тој режим ќе се наложи конзервација на локалитетот, напоменува директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. На тој локалитет не е дозволена  урбанизација, а  сеуште не е утвредна површината  на која се протега.„ Се уште се работи елаборатите и не можам да кажам точна површина. Граници ќе има самиот локалитет, а  ќе се утврди и негова  контактна зона која ќе има  посебен …

Јун 2, 2021

Стапуваат на сила сезонските цени за паркинг во Охрид

Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг-просторот во летниот период, ЈП „Билјанини ивори” започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.Сезонската тарифа предвидува поскапо паркирање, а цената за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40, во зона Б – 30 денари, додека паркингот во т.н. „премиум-зона” во строгиот центар на градот чини сто денари за час. Сезонската тарифа на паркирањето трае до 1 септември.

Ное 11, 2014

Органското производство на храна сеуште „ баук“ за охридските земјоделци

Во охридскиот реон засега пчелар од Трпејца е  единствен сертифициран производител на органска храна. Интерес за ваков начин на производство покажуваат и други  земјоделци, овоштари и сточари, но тешко се одлучуваат на таков чекор. Заинтересираните  денес имаа можност да го дознаат  процесот како да  станат производители на органскa храна. Тоа им го овозможија од  секторот за локален економски развој и канцаларијата за поддршка во земјоделството, при Локалната самоуправа.  „ Интересот е голем. Секојдневно се јавуваат луѓе во  канцеларијата за тоа како да дојдат до сертифицирани производи. И…

Ное 11, 2014

Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам

Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам. Овие два града веќе работат на создавање пакет аранжмани за учениците, студентите и професорите кои ќе можат да патуваат во Македонија и Бугарија и да се запознаат каков е образовниот систем во овие две земји. Идејата ни е сите училишта кои го носат името на Св. Климент Охридски заедно со универзитетот во Софија да можат да испратат ученици и професори во Охрид во посета на училиштата кои тука се викаат Св. Климент Охридски. На овај начин нашите ученици ќе ги видат убавините на Охрид , а вашите ученици на Пловдив и Софија, а и ќе се запо…

Ное 11, 2014

Кривична за охриѓанец кој поседувал огнено оружје без дозвола

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава  против 67- годишен охриѓанец.-На втори април годинава околу 21 часот, во селото Горно Лакочереј при извршен преглед врз пријавениот, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Валтер“ со калибар девет милиметри и еден куршум кратко зрно од истио калибар.Рачното огнено оружје е забележано во џеб од горната облека при преземање мерки за утврдување на идентитетот на сега пријавениот, а по претходно п…

Ное 10, 2014

Седумдесеттина вработени во АД ЕМО решение за своите судбини денес побараа во локалната самоуправа

Маката денес натера седумдесеттина вработени во АД ЕМО од Охрид решение за своите судбини да побараат во локалната самоуправа од Охрид. Неисплатени плати, придонеси, извршни решенија и нерешен статус околу рестартирањето на фабриката. Ова е дел од проблемите за кои тие побараа помош од локалната. Претседателот на синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Република Македонија, Пеце Ристевски, вели дека кога ја побарале средбата со секретарот на општината, Димитар Спасески биле свесни дека локалната нема директна надлежност да им помогне, но потенцира дека како граѓани на Охрид, тие…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top