Ное 24, 2014

Значаен успех на младите охридски шахисти

На  државниот натпревар  во шах, што како дел од  натпреварите во училишен спорт се одржа во Велес, Јана Анѓелкоска , ученичка од шесто одделение од ОУ „ Григор Прличев“ од Охрид го освои второто место во нејзината категорија.На натпреварот, во организација на Шаховскиот клуб „ Ласкер“ и со поддршка на општина Охрид учествуваа ученици од ОСУ „ Св. Климент Охридски“ , ОУ „ Ванчо Николески“ , ОУ „ Живко Чинго“ , ОУ „ Св. Климент Охридски“, ОУ „ Христо Узунов“ и ОУ „ Григор Прличев“.{loadposition content9}

Ное 24, 2014

Избор на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на пет плажи на Охридско езеро

Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница www.mtc.gov.mk, креира јавна анкета и ги повикува сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста за електронско гласање и да учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на пет плажи на Охридско езеро.Станува збор за четири идејни решенија за уредување на пет нови плажи, долж крајбрежјето на Охридско езеро и тоа:Уредување на 120 метри плажа во населеното место Далјан, Уредување на 120 метри плажа во близина на т.н. Извиднички камп,Уредување на 700 метри плажа на потегот од …

Ное 22, 2014

Пицата најомилена меѓу средношколците

Пица, хамбургери, тостови во комбинација со газирани пијлоци, претежно се на менито на младите особено на средношколците. Ова го покажале податоците од анкетата која ја спроведе ФТУ од Охрид. Идејата за едно вакво испитување се родила  како резултат на истражувањето по предметот нутриционизам кое го спровело факултетот уште во 2012 година под водство на професорката Ангела Василеска.  Тони Павлески дипл. менаџер по хотелско ресторанско работење анкетирал 550 ученици од цела Македонија  со цел да се дознае како се хранат младите средношколци, дали спортуваат, дали пушат, пијат алкохол.„Од ср…

Ное 22, 2014

Од детска желба, преку проект за самовработување до успешна бизнис приказна

Кој рече дека желбите не се исполнуваат. Детската желба и љубов кон шминката и козметиката воопшто, сега е веќе реалност за Даниела Златаноска. Нејзината идеја да отвори свој салон за убавина се реализирала во рамките на активните мерки за самовработување кои Владата ги нуди преку Агенцијата за вработување. Со бизнис планот кој сама  го изработила, Даниела добила 3000 евра или 180.000 денари неповратни средства од Владата и го остварила својот сон.„Самите ние, нашиот бизнис да биде успешен буквално не подготвуваа да бидеме подготвени на се и беше одлична соработката таму, цел тим од Скопје,…

Ное 21, 2014

Четкањето на заби се учи од мала возраст

  Едукација за правилно четкање на заби денес се одржа во детската градинка Јасна Ристеска. Познати стоматолози од ординациите Денторија и Сашо Стоев на дечињата им предочија што треба да јадат за забите помалку да им се расипуваат, како правилно да ги четкаат запчињата и на крај им поделија пакет подароци. Проектот е поддржан од Лајонс клубот Охрид, а планираме да продолжи и во наредните години, истакна др Ертан Омеров од стоматолошката ординација Денторија. Тој додаде дека децата одлично соработувале со нив, а тие запишале колку има млечни, расипани и трајни заби за да може во иднина да п…

Јун 3, 2021

ПОТЕНЦИЈАЛНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА ОХРИД И УНИВЕРЗИТЕТОТ ЉУБЉАНА

Потенцијална соработка помеѓу општина Охрид и Економски Факултет, Универзитет –Љубљана, беше една од темите на средбата која денеска ја остварија градоначалникот Константин Георгиески и деканот професор д-р Метка Текавчич. Средбата се одржа на иницијатива на претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој воедно е и член на Меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет во Љубљана, а присутна беше и Мелита Секуловска, регионален координатор за меѓународна едукација на Економски Факултет, Универзитет – Љубљана. За почеток на соработката беше договорено …

Ное 21, 2014

Општина Охрид: Тунтев да престане да лаже

  Во однос на делот во кој  се споменува Градоначалникот Никола Бакрачески, Општина Охрид, го замолува првиот човек  на локалниот огранок на СДСМ Томислав Тунтев, да престане да изнесува лаги и манипулации. Господине Тунтев, фактите кажуваат а и охриѓани знаат дека во периодот кога Вие бевте заменик градоначалник на општина Охрид, таа заедно со јавните претпријатија  се стекнаа со долг од над  50 милиони евра, долг кој не го памети поновата историја на Европа за толку мал град како што е Охрид. Дали  ова за вас е  манипулација г-дин Тунтев? Новата локална самоуправа предводена од градонача…

Ное 21, 2014

Ден на ашуре во ОУ „Братство и Единство“

Ден на ашурето во ОУ „Братство и Единство“. Со цел да се продолжи и зачува традицијата основците од „Братство и Единство“ заедно со родителите и наставниците во рамки на проектот за мултиетничка интеграција во образованието го организираа овој настан. Наставничката Фахрие Реџеп истакна дека по примерот на ашурето, каде што десетици производи се спојуваат во една смеса, така и муслиманите, христијаните и сите други верници треба да се собираат и да бидат заедно.„Тргнавме од симболиката дека многу различни нешта се ставаат во подготовката на ашурето, така да истакнувајќи го тоа за зачувувањет…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top