Јун 3, 2021

Народниот театар од Охрид одбележува јубилеј десетгодишнина од неговото формирање

Народниот театар од Охрид слави десетгодишен јубилеј од неговото формирање со изведба на претставата „Сопружници”. Денес, се одбележува јубилеј кој пред една декада и повеќе беше мислена именка градот да има институција театар, а ние штотуку завршените актери го очекувавме како топол леб, се потсетува Стрезо Стаматоски, еден од иницијаторите актери за неговото фомирање. Стаматоски со гордост ги споменува и останатите актери од екипата која го иницираше формирањето на охридскиот театар меѓу кои се актерите Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Билјана Билаловиќ…

Дек 5, 2014

Густа магла на планинскот превој Стража

Авто- мото сојузот на Македонија информира дека на планинскиот превој Стража има појава на магла и дека видливоста е до 100 метри. Магла има и на патниот правец кон Крушево каде видливоста е до 50 метри, додека на патните правци кои водат кон Маврово видливоста е до 40 м.Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.{loadposition content9}

Дек 5, 2014

ОУ „Св.Климент Охридски“ со мјузикл го одбележа својот патронен празник

Мапет шоу, пародии, мјузикл, сцена од култниот филм Брилјантин, изведба на странски песни, хитови во седумдесеттите години на минатиот век, беа само дел од богатата програма која посетителите во преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ можеа да ја видат по повод патрониот празник на ОУ „Климент Охридски“. Учениците зедно со нивните наставнички, ментори повеќе од еден месец интензивно се подготвуваа за овој настан.Директорот на училиштето, Јордан Пуроски рече дека оваа година приредбата која ја подготвиле е многу поразлична од се она што претходно било прикажано. Целта им била…

Дек 5, 2014

Уметникот Јордан Манасијески годинешен добитник на Свети Климентовата награда

Охридскиот уметник Јордан Манасијески е годинешниот добитник на Свети Климентовата награда.  Ова највисоко општинско признание, Манасијески го добива со одлука на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Според зборовите и на Комисијата за доделување награди и признанија, и на градоначалникот, изборот на Манасијески бил очигледен, но и дека годинешната листа со предлози била една од најдобрите во последниве години. Манасијески наградата ја добива за неговата неоспорна улога во афирмација на македонската уметност насекаде низ светот. „Преку своите уметнички дела и ликовни излагања во Гер…

Дек 5, 2014

За крајот на овој месец свикано годишно собрание на акционерите од АД „ЕМО“ Охрид

Годишното собрание треба се одржи на 26-ти декември 2014 година во деловните простории на фабриката во Охрид, а ќе се разгледува и усвојува годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај на „ЕМО“ за 2013 година.На ова собрание на акционерите ќе се разгледаат и усвојат ревидираните извештаи за 2013 година напревени од страна на официјална ревизорска куќа, а треба и да се доне одлука за користење и распределба на средства искажани по годишниот извештај. Акционерите исто така ќе расправаат и за донесување на одлука за избор на овластен ревизор за ревизија на годишната сметка за 2…

Дек 5, 2014

„Охридски Комуналец“ ќе подига зелен отпад во Видобишта

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.12.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.11 „Видобишта“.Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.„Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оста…

Дек 4, 2014

Жестока дебата во Советот за развојните програми за 2015та година

Жестока и опширна дебата околу предлог развојните програми и нацрт фискалната стратегија на локалната за 2015та година. Советниците од редовите на опозицијата одбија да ја гласаат оваа точка на дневниот ред бидејќи според нив локалната администрација и градоначалникот направиле грешки во проектното планирање. Според Јован Стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ, тие добиле само список со активности кои се планира да бидат извршени, но не и дефинитивна временска рамка за нејзина реализација и предвидени средства за истата.„Ние и во текот на дискусијата досега во изминатата годи…

Јун 3, 2021

Нова трагедија во Македонија: Почина млад ракометар

Нова голема трагедија во ракометна Македонија, почина 20-годишниот ракометар на Бутел, Марко Божиновски. Само шест дена по смртта на голманот на ракометниот клуб Охрид, Никола Даниловски кој се удави во водите на Охридското езеро, денеска нова тажна вест ја потресе спортската јавност. Информациите велат дека причината за смртта на ракометарот било срцето кое откажало во сон. Тој настапи на вчерашниот дуел во победата против Еурофарм Пелистер 2 реализирајќи два голови. Пред да биде член на РК Бутел, ги бранеше боите на вториот тим на Металург. Воедно беше дел од кадетската ракометна репр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top