Шест ученици од музичкото училиште „Методи Патче“ освоија врвни награди на два Меѓународни натпревари. Специјални награди добија Ана Кузманоска на пијано и Ана Матеска на флејта. Младата пијанистка Кузманоска од класата на професор Ана Крстаноска учествуваше на Mеѓународниот натпревар за млади таленти во Скопје, а флејтиската Матеска во класата на професор Нина Момироска, настапи на Mеѓународниот натпревар „Охрид те сакам“. На интернационалниот натпревар „Охрид те сакам“ први награди по флејта добија и Ива Чанова и Леона Неделкоска од класата на професор Нина Момироска. Виктор Србиноски…
Во текот на изминатото деноноќие (24/25.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 597 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Како член на членки на АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги за Република Северна Македонија и охридското јавно претпријатие „Охридски Комуналец“ ќе добие еднократна финансиска помош од државата.
На синоќа одржаната 24 та седница, Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот за 2020 година со која се одобруваат средства во износ од 144.260.500,00 денари на 89 јавни комунални претпријатија членки на АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги за Република Северна Македонија како мерка од Програмата за справување со КОВИД–19 кри…
Оппштина Охрид од буџетот на државата ќе добие шест милиони денари за спроведување на препораките од УНЕСКО.
На последната 24та седница на Владата на република Северна македонија донесена е одлука и за распределба на средства обезбедени во потпрограма 30-Урбанизам и градежништво за капитални дотации во единиците на локалната самоуправа од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година во износ од 46.170.000,00 денари за реализација на неколку проекти низ државава.
Во нив е и исполнуваето на препораките од УНЕСКО за справување со дивоградбите, за што се одвоени шест милиони …
Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” на повеќе локации во градот и руралните места депонирани се вреќи со сол и ризла.
Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” на повеќе локации во градот и руралните места депонирани се вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентив…
Деновиве во Општина Вевчани ЈП „Еремија“ врши дезинфекција на улиците, шеталиштата, урбаната опрема, контејнерите и корпите за отпадоци на подрачјето на општината.
Дезинфекцијата се спроведува од просторот пред Здравствен дом Вевчани, потоа основното училиште, детската градинка, центарот на Вевчани и улиците.
Градоначалникот на општината Сашо Јанкоски на својот Фејсбук профил истакна дека Борбата со ова зло пандемијата со вирусот ковид, кој го зафати целиот свет, треба сите заеднички да ја водиме почитувајќи ги мерките за спречување на ширењето на вирусот препорачани од Министерството з…
Денес преку Zoom платформата се одржа консултативна работилница со засегнатите страни по Нацрт планот за управување со Споменикот на природата на Охридското Езеро. Овој документ е подготвен во рамките на проектот „Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефективно управување со заштитените подрачја во планирање за користење на земјиштето“, со експертска поддршка од Меѓународната унија за заштита на природата. Целта на работилницата е да обезбеди пошироко вклучување на засегнатите страни, да се добие препораки и коментари за предлогот и да се обезбеди добар ква…
На Сатеска нелегално изграден насип за механизацијата, која работи на автопатот Охрид Кичево. Речното корито е затрупано нема проток на вода. Жителите стравуваат од поплави и бараат отстранување на браната.
На реката Сатеска нелегално изграден насип за движење на механизацијата на автопатот Охрид Кичево. Жителите на Дебарца реагираат, коритото на реката во месноста Ново село е потполно затрупано , нема проток на водата, а тоа ќе има еколошки последици врз живиот свет во неа.
Случајот го пријавиле и кај надлежните инспекциски служби, но немало никаква реакција.
-„Реката како река во овој …