За помалку од една седмица ќе се знае кој ќе стопанисува со лизгалиште на плоштадот. Локалната самоуправа годинава објави оглас за издавање на 300 м2 јавна површина, на која треба да се постави лизгалиштето. Лани проектот лизгалиште во јавноста подигна многу прашина. Овој пат, Советникот од опозицијата Дејан Блажески на новата процедура и објавениот тендер гледа со одобрување.„ Интересен момент е тоа што се промена од лани дo годинава, за годинава, да има вака процедура пологична за мене, во формите на правилата и прописите, за разлика од лани кога постојано жонглиравме урбана опрема и…
Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк. Започна уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште. Ова е дел од програмата на Локалната чија цел е да ги оплемени деловите на градов кои досега биле грда слика на Охрид.Локалната самоуправа заедно со јавните претпријатија од сопствени средства ќе изградат еден современ плоштад како оние што ги направивме во изминативе две години кај некогашната библиотека, кај Влашка маала, а во петок свечено ќе го пуштиме во употреба плоштадот што го направивме во Рача, рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.Малио…
По завршувањето на ексклузивната меѓународна изложба „Сто години од Требенишката некропола”, која успешно беше претставена пред јавноста во Археолошкиот Музеј на Република Северна Македонија, каде учество со свои артефакти имаа и Народниот Музеј од Белград и НАИМ при БАН од Софија, ритуалната златна маска и рака, како и сите прилози од гроб 132 од локалитетот Горна Порта во Охрид, од денес повторно се изложени во „Златната соба“ во Музејот Куќа на Робевци.
Сите заинтересирани може да ги погледнат стотиците археолошки и етнолошки артефакти кои се изложени во Куќата на Робевци во периодот од…
Локалната ќе распишува трет тендер за јавно приватно партнерство за изградба на современ градски пазар. По пропаѓањето на вториот повик општината планира да ја измени физибилити студијата и проектната документација во консултација со стручните служби, но и со амин од Советот на Општина Охрид се со цел конечно да се најде партнер кој ќе инвестира во овој капитален проект.Јас сум уверен дека ќе успееме да најдеме партнер, но секако како одговорна локална власт доколку не најдеме партнер под оние услови кои ќе ги зацртаме и доколку физибилити студијата не покаже дека влегувањето во ЈПП е в…
Футсал екипата од охридското основно училиште „Христо Узунов“ убедлив победник на регионалниот натпревар во Кичево. Со три последователни победи и фантастична гол разлика од 19 дадени и само 4 примени гола, екипата од нашето основно училиште заврши како првопласирана на овој регионален натпревар. Со тоа, тие автоматски изборија учество на републичкото натпреварување. На натпреварувањето, како најдобар стрелец беше прогласен Александар Ѓорѓиоски со постигнати 8 погодоци. Инаку регионалното натпреварување се одигра во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево.
{loadposition content9}
Започна самоволното надградување на новите тезги за продажба на новогодишни реквизити и покрај молбите на локалната до продавачите да не го прават тоа.Иако во текот на вчерашниот ден, ЈП „Градски Пазар“ ги замени старите тезги за продажба на новогодишни реквизити со нови дрвени, тие денес почнаа да добиваат „нов“ изглед.Вчера директорот на ЈП „градски Пазар“кое ги изнајмува тезгите на заинтересираните продавачи, Коталески упати апел до продавачитетие тезгите кои ги изнајмуваат да ги остават во првобитниот изглед, но додаде дека не можат да им забранат на продавачите истите да ги заградат со…
Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид, известуваат дека такси-компаниите коишто вршат трговска дејност на територијата на градов започнаа да поставуваат лепенки со новиот грб на општина Охрид на своите такси возила. Надлежните велат дека овој процес ќе се реализира и наредниве неколку денови.Инаку, информативни табли со новиот грб на општина Охрид веќе се поставени пред некои од основните и средни училишта во градов. {loadposition content9}
Во наредните два дена Охрид ќе биде домаќин на Регионалната конференција посветена на „Регионалната соработка за подобро справување со трговијата со луѓе“.Конференцијата која е во организација на МВР, МАРРИ Регионалниот центар и центарот за безбедносна соработка ќе започне утре во хотелот „Гранит“.Според најавите, на официјалното отворање на конференцијата свое воведно излагање да има државниот секретар во МВР, Анастасија Илиеска.{loadposition content9}