Работниците од Емо повторно со марш низ охридските улици го искажаа своето незадоволство. Со познатите барања исплата на заостантите 40плати и приоднеси бараат од владата да го реши нивниот егзистенцијален проблем. По трет пат за кратко време алармираат за тешкиот статус во кој се наоѓаат веќе неколку години и се во тешка финасиска ситуација. За нивниот проблем се оглушуваат сите институции па дури и национални медиуми молчат, не ги пренесуваат нивните маки, кажа револтирано Боро Настоски еден од вработените кој беше дел од штрајкувачите. „30 години имам стаж, а немам денар. 30 п…
„Твоето лице ми звучи непознато“. Во саботата во Центарот за култура „Григор Прличев“ се оджа овој невообичаен концерт организиран од охридските гимназијалци. Самиот настан беше замислен како варијација на познатото телевизиско шоу „Твоето лице звучи познато“. Идејата била на професорот по музичко Александар Димоски и на самите ученици, а во организацијата активно се вклучила директорката на гимназијата, Вера Јовческа. Се подготвувале повеќе од еден месец. Во улога на музички ѕвезди беа самите гимназијалци претежно оние кои се дел од хорот кои изведуваа домашни и странски хитови. Настапија …
Министерот за здравство, Никола Тодоров на вчерашната отворена седница на Владата најави инвестиција од 210 милиони денари за реконструкција на болници и набавка на опрема во здравствените институции во државава. Нов мамограф ќе добие и охридската болница. Тодоров истакна дека овие средства ги обезбедиле како резултат на заштедите коишто ги направиле со набавката на инсулин и ленти за мерење на шеќер. Само од овој тендер вкупната заштеда изнесувала 235 милиони денари, рече Тодоров. {loadposition content9}
На подрачјето на СВР Охрид на 6-ти јуни 2021 година биле преземени засилени сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници констатирале дека шест возачи на патнички возила управувале возила под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај (Охрид 3 и Струга 3). Во Охрид, санкционирани се три мотоциклисти кои управувале мотор без заштитна кацига (шлем). Во Дебар, полициските службеници евидентирале 18 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на движење (5 во и 13 надвор од населено место), а во Кичево 9 возачи кои во населено место управувале моторно возило со поголема брзи…
Во саботата во Центарот за култура „Григор Прличев“, а во рамките на донаторската акција за опремување на музичкиот кабинент на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид, охридските гимназијалци одржаа еден невообичан концерт.Самиот настан беше замислен како варијација на познатото телевизиско шоу „Твоето лице звучи познато“. Покрај тоа што публиката уживаше во настапите на музичките ѕвезди, имаше и можност да пее со изведувачите бидејќи текстот на песните беше проектиран на платно, а изведувачите беа оценувани од жири. {loadposition content9}
Било какво тестирање на студентите да се прави дури по завршувањето на нивните студии и истото да не го спречува нивното дипломирање. Ова е ставот кој Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство го проследи до Универзитетот „Свети Климент Охридски“ под чија капа се наоѓа, а кој истиот треба да го препрати до Министерството за образование.
Нивното изјаснување по однос на предлогот за воведување на државен испит за студентите доаѓа откако неофицијално, министерството побарало од високообразовните институции од земјава да се произнесат по овој предлог.„Наставно-научниот со…
Реките Коселска, Сатеска и Велгошка идентификувани како системски загадувачи на Охридското Езеро. Главната причина според еколошкото друштво „Грашница“ се пестицидите и вештачките ѓубрива кои земјоделците по течението на овие реки ги користат. Екологистите од „Грашница“ заедно со „Гаус институт“-Фондација за нови технологии како и Институтот за еколошки политики од Тирана ќе го следат загадувањето токму од овие три реки, но и реките од албанска страна кои се вливаат во Охридското Езеро.
Воедно, во рамките на проектот „Инцијатива за одговорно планирање и управување со водите кои се користат …
Проблемите со кои се соочуваат патниците на меѓуградската автобуска станица во Охрид не се новост. Автобусите на зима се чекаат под ведро небо, на дожд и снег а на лето патниците ги пече сонце. Со цел барем да се ублажат ваквите услови, охридскиот автопревозник АД „Галеб“ деновиве работи на адаптација на објект наменет за чекална. Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај секоја автобуска станица треба да има една таков соодветен простор. „После извесно време што ја користеше ДОЕЛ Лихнидос, друштвото основано од општина, конечно во владение ни е вратена таа барака и таа ќе е приспо…