На јавна дебата граѓани,експерти, екологисти, ученици, политичари ги искажаа своите ставови на темата „Дали прекумерната урбанизација го уништува Охридското езеро“. Големата посетеност на дебатата потврди дека охриѓани и стружани се загрижени за она што му се случува на езерото. Трибината беше организирана од страна на граѓанската асоцијација Мост, на која изостана присуството на преставници од Локалната власт, од охридските пратеници, но и од најповиканите од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро. Се слушнаа дискусии во кои граѓаните посочуваа како и кој го уништу…
Независна угостителска комора почна да ги доделува сертификатите чисто и безбедно и „Safe travels“ во охрдско струшкит регион. Сетрификатот е доказ дека угостителските објекти работат согласно препораките за заштита од корона вирусот. Деновиве повеќечлена комисија ќе врши увид и ќе доделува сертификати во регинот.
„ Во соработка со здружението Охридски еснаф воизминатиот период дискутиравме за начините и можностите како да се овозможи побрз достап на угостителите од Охрид за начинот ан сертифицирање како и можноста да побрзо ги употребат и би ја искористиле сезоната 2021 во пресрет н…
По повод претстојните Новогодишни празници, традиционално и оваа година, Локалната самоуправа на Охрид и Црвен крст Охрид, за социјално најзагрозените семејства и лицата со хендикеп од Охрид, организираат хуманитарен Новогодишен ручек во Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески” во Охрид, на 25.12.2014 г. (четврток) со почеток во 14:00 ч.Предвидено е Градоначалникот на Охрид во 14:20 ч. да ги поздрави присутните и заедно со Дедо Мраз, на најмладите, да им подели новогодиШни пакетчиња.{loadposition content9}
Жителите на оваа улица извесен период реагираат на комуналните проблеми со кои се соочуваат, особено на недостатокот на уличното осветлување на дел од оваа улица. Бројни се и оштетувањата на коловозот, а дел од оваа улица нема ни тротоари од двете страни.Повеќе информации во „Дневникот 1“ на „ТВМ Телевизија.{loadposition content9}
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денес (24.12.2014 г.) во 11 часот во Куќата на Уранија во Охрид ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на постојаната музејска поставка „Златото на Лихнитида“.Поставката која се наоѓа во Музејот на Робевци содржи повеќе од 400 златни и позлатени предмети откриени на археолошките локалитети во Охрид и охридско, со хронолошка припадност од 7 век пред нашата, па се до 19 век од нашата ера.{loadposition content9}
Неодамна ФЗОМ објави алармантни податоци, односно висок процент на породени по пат на хируршка интервенција. Според нив дури 50% или секоја втора охриѓанка и стружанка биле породени со царски рез. Д-р Ѓоко Танески од гинеколошкото одделение при општа болница Охрид вели дека процентот на царски резови во Охрид, пред да отидат на работа во струшкото гинеколошко одделение во времетраење од три години поради реконструкција на болницата, се движел до 30%.„За тие три години во струшкото одделение се породија околу 1800 пациентки од Охрид од нив скоро половина се породени со царски рез, сега доаѓа…
Тротоарите на Булевар „Туристичка“ сеуште чекаат подобри времиња за да бидат реконструирани. Посебно тој од западниот влез во градов е во очајна состојба. Граѓаните кои таму живеат велат дека ваквата слика не е изменета повеќе од 20 год. Иако во Локалната им рекле дека овој тротоар е ставен во приоритетите и дека минатата пролет требало да биде направен, сеуште ништо на терен , вели Миле Кипариз, житетел на УЗ Воска. Тој раскажува дека десетина пати преставници на ова урбана заедница биле во Локалната и доставувале барања за санација на тротоарите. Барањата влегле во план и програма, но дос…
Македонските институции бараат начин како да се справат со мигрантите и барателите на азил во земјата. Тоа е повод за организирање на конфереција на судии од Управен суд и Виш управен суд кои постапуваат по предмети од областа на азилот и миграциите, како и за судиите и јавните обвинители кои постапуваат во предметите на организиран криминал од областа на криумчарење мигранти, Секторот за гранични работи и миграции во МВР. Судијата Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, укажува на актуелната ситуацијата на прилив на бегалци и баратели на азил…