• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Угостителските објекти имаат можност да се здобијат со национален „ЧИСТО И БЕЗБЕДНО“ и интернационален сертификат „SAFE TRAVELS“

Угостителските објекти имаат можност да се здобијат со национален „ЧИСТО И БЕЗБЕДНО“ и интернационален сертификат „SAFE TRAVELS“

Во новава туристичка сезона покрај стандардните протоколи во земјава, угостителските објекти треба да ги исполнуваат и глобалните препораки за пречекување на гости, сметување, начин на движење , одржување на хигиена во угостиелските објекти.

 |  Соња Рилковска  | 

Независна угостителска комора почна да ги доделува сертификатите чисто и безбедно и  „Safe travels“ во охрдско струшкит регион. Сетрификатот е доказ   дека угостителските објекти работат согласно препораките  за заштита од корона вирусот.  Деновиве повеќечлена комисија ќе врши увид и ќе доделува сертификати во регинот.

„  Во соработка со здружението Охридски еснаф воизминатиот период дискутиравме за начините и можностите како да се овозможи побрз достап на угостителите од Охрид за начинот ан сертифицирање како и можноста да побрзо ги употребат и би ја искористиле сезоната 2021 во пресрет на новите гости за кои се очекува да бидат поголем дел странски туристи“ , вели Претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски.

Речиси сите угостителскиобјекти ги задоволуваат китериумите за дбивање сертификат а тој се доделува вз основа на тоа дали објектот ги почитува протоколите кои се моментално на сила Досега 55 угостителски објекти аплицирале за сертификати, а денес ке бидат доделени вкупно седум.

„Желбата на градот квалитативно да се издигне со својата понуда е токму причината да сме собрани овде да го пласираме новиот начин на размослување. Овој сертификат кој го предлагаме не е ништо друго него изјава на сопствениците дека се желни нивните објекти да работат согласно актуелните препораки кои се на важност за справување со пандемијата која не погоди“, вели Михаил Мишев претсетадател на „Охридски еснаф“.

Сертификатот е доказ дека угостителскиот објект води грижа за  хигиената, но и безбедноста на своите гости.
Според НУК оваа сезона на брегот на Охридкото езеро се оечкуваат многу поголем број странски туристи за разлика од лани кога поади пандемијата претежно имаше   домашни гости.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top