Дек 30, 2014

Донесен буџетот за 2015та година

  Буџетот за 2015та ќе тежи 913 900 000 денари. Денес после петчасовна бурна расправа беше донесен за некого реалниот, а за некого нереалниот буџет на општина Охрид. Опозицијата со став дека проекцијата на буџетот е многу ниска за да се реализираат сите развојни програми предвидени со него. Координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојановски вели дека буџетот не е развоен и не дозволува никаква светла иднина на градот.Она за што реагиравме ние беа лошите буџетски програми кои беа донесени  и нереалното буџетско плснирсње меѓутоа  во целина олкавиот буџет нема да е доволен  и нема…

Дек 30, 2014

Спасени завеаните од село Ржаново

Со хеликоптер на МВР денеска се евакуираа три лица во завеаното со снег струшко село Ржаново, а надлежните институции прават максимални напори за расчистување на патиштата кон отсечените села поради невремето, информираат од  Министерството за транспорт и врски.Инаку трите лица останаа завеани во ова струшко село и буквално ова беше единствен начин да се стигне до нив, со оглед на обилните снежни врнежи кои го зафатија регионот.{loadposition content9}

Дек 30, 2014

Мразот го „окова“ Охрид

Ниските температури кои утрово беа почуствувани во охридскиот регион буквално го оковаа нашиот град. Најпогодени се жителите од стариот дел на градот, како и оние кои живеат во населбата „Гоце Делчев“ позната како Бараки.  Се повторува сликата на оштетени телефонски кабли како и кабли од кабелските оператори. Во населбата „Гоце Делчев“ под тежината на снегот се скршија неколку дрвја бор, а оштетено е и детското игралиште.{loadposition content9}

Дек 29, 2014

Бакрачески: состојбата во Охрид ќе се стабилизира

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, рече дека е во постојана комуникација со менаџментот од МЕПСО и дека според нивните тврдења состојбата ќе се стабилизира и во наредните денови Охрид нема да остане без струја. Во врска со обилните врнежи од снег, градоначалникот рече дека екипите на сите јавни претпријатија постојано се на терен и ги чистат наносите од снег. Бакрачески најмногу се осврна на синоќешната акција кога конвој со два багери и џипови предводени лично од него и од градоначалникот на Струга Зијадин Села, учевствувале во акцијата за помош на затрупаните граѓани на Пресека. …

Јун 8, 2021

ВМРО-ДПМНЕ орагизира протести во десет градови, во Охрид ќе се блокира кружниот тек кај „Охридска банка“

„Време е да се обединиме против оваа ненародна власт“, порачуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, од каде за денеска најавуваат голем протест. „Ве повикуваме од 15:00 до 17:00 часот на протест и блокада кај кружен тек, „Охридска банка“. Да се обединиме против оваа ненародна власт. Доста е, излези за Македонија, порачуваат од партијата“. Од ВМРО-ДПМНЕ со ваквиот предупредувачки протест ќе побара од Владата да го објави патоказот, за кој според партијата, преговараат со Софија премиерот Зоран Заев и владиниот специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски. „Доколку не се даде тој документ …

Дек 29, 2014

Охрид блокиран со првиот снег

Блокирани патни правци кон Охрид, завеани автобуси и патнички возила, домаќинства без електрична струја, паднати дрва, бандери и кабли беше денешната зимска слика на Охрид по првиот снег. Околу 20 часа автобуси и патнички возила останаа завеани на Пресека, а 4 автобуси на Галеб останаа заглавени  на автобуската станица во Кичево. Раководителот  на АД Галеб, Димитар Василевски информира дека се водело грижа  патниците да не останат без грење, биле понудени со храна и пијалок, Колку што дозволувале можностите во тие услови се водело максимална грижа за патниците. Се правеле напори да се проби…

Дек 29, 2014

Водата безбедна за пиење

Од Центарот за јавно здравје велат дека последните параметри кои се направенои пред десетина минути покажале дека во водата има дезинфекционо средство и дека е безбедна за пиење. Бромологот Сашо Точков апелира до граѓаните дека доколку повторно дојде до подолг прекин на напојување со електрична енергија да не се користи водата за пиење без претходно да се проврие бидејќи во тој случај поради нефункционирањето на пумпите за дезинфекција водата не е хлорирана. {loadposition content9}

Дек 29, 2014

Охрид парализиран од првиот снег

  Охрид и Дебрца од снегот која синоќа интензивно паѓа се наоѓаат во сериозна ситуација. Градот остана без напојување со струја заради дефекти на два далноводи. Едниот помеѓу Ресен и Охрид, а другиот на Маврово, и двата во планински непристапни терени.Синоќа после полноќ градот доби напојување со електрична енергија, за утрово околу 7 часот повторно напојувањето да се прекине. Околу 10 часот постепено делови од градот почнаа да добиваат електрична енергија.Од ЕВН, портпаролот Атанас Ковачески информираше дека електричното напојување ќе го пуштаат по реони, прво да се провери дали има дефект…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top