Јан 1, 2015

Вевчанци Новата 2015 година ја дочекаа во мрак, револтирани формира Кризен штаб

Вевчани е во вонредна состојба. За прв пат во послените 50 години се случува вевчанци Нова година ја дочекаат во мрак. Во Вевчани е тажно, 5 дена жителите се без струја, интернет и телефонска комуникација , отсечени од светот,  вели првиот човек на општината Цветомир Угриноски.„ Откажани се сите ресторани и хотели, а се очекуваа гости од странство и земјата, луѓето се во исчекување кога ќе добијат струја и ништо  не работи“, посочува Угриноски.Градоначалникот Угриноски   за утре најави прес во Охрид  затоа што за тоа нема услови во Вевчани, за да  ги каже сите проблеми на неговите граѓани з…

Јан 1, 2015

Спектакуларен дочек на Новата 2015 година во Охрид

Охрид во празнична новогодишна еуфорија. На   дочекот на најлудата ноќ кафетериите во Охрид беа полни, а на плоштадот Св Климент Охридски едвај место да се помине. Студеното време не ги спречи охриѓани и бројните гости на градскиот плоштад да бидат дел од прославата  на градот која ја организира Локалната самоуправа. Новата година на присутните најпрво им ја честита познатото музичко име Владо Јанесвски, а веднаш по него таткото на градот Никола Бакрачески. 2015 ќе биде запишана во историјата на Охрид како година со најголем број реализирани проекти кои значат живот, развој и просперитет на…

Јун 8, 2021

Македонските репрезентативци тргнаа во европски поход

Македонската фудбалска репрезентација утрово со чартер лет отпатува за Букурешт-Романија, на неколку дена пред почетокот на Европското првенство. Фудбалерите избрани од селекторот Ангеловски последните пет дена од подготовките ќе ги поминат во Букурешт каде што ќе ги одиграат и првите два натпревари од континенталниот шампионат. „Црвено жолтите“ на европското првенството се наоѓаат во Ц-групата. На 13 јуни е првиот меч против Австрија, а на 17 јуни се среќаваат со Украина. Последниот натпревар од групата ќе го играат во Амстердам, против репрезентацијата на Холандија.

Јан 1, 2015

Мирна новогодишна ноќ во Охрид

Охрид во Новата 2015 година влезе мирно. Од СВР Охрид, од безбедносен аспект, дочекот на најлудата ноќ  во годината ја оценуваат позитивно без инциденти и сообраќајни несреќи. Стефан Димовски портпаролот на СВР Охрид изјави дека на градскиот плоштад организираниот дочек  на новата година поминал во пријатна атмосфера без инциденти и без употреба на нелегална пиротехника. Бил евидентиран само еден случај на нарушување на јавниот ред и мир од страна на лице под дејство на алкохол, кое предизвикало инцидент во еден угостителски објект.Алкохилизираниот гостин побарал алкохол, но бил одбиен  да…

Дек 31, 2014

Охриѓани дома за најлудата ноќ

Одбројувањето може да почне! Часови не делат до Новата Година. Најголем дел од охриѓани најлудата ноќ ќе ја дочекаат дома. Дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека причина за тоа е плиткиот џеб и лошите временски услови, поради кои не се осмелуваат да заминат на пат надвор од Охрид.Градот е подготвен за пречек на најлудата ноќ. Локалната самоуправа на плоштадот Св Климент Охридски организира заеднички дочек на Новата 2015-та година за охриѓани и туристите. Новогодишната програма ќе започне во 21 часот со настапот на естрадниот уметник , Петар Нечоски по што ќе настапи поп – рок групат…

Дек 31, 2014

Како политичарите ја доживеаја годинава на заминување и што очекуваат во новата 2015та

Како политичарите ја доживеаја годинава на заминување и што очекуваат во новата 2015та. Започнавме со првиот меѓу еднаквите, таткото на градот, градоначалникот Никола Бакрачески. За него годината што одминува е година во која локалната се справувала со сервисирањето на заостанатите долгови и во која приоритет ставиле на инфраструктурното уредување на градов. Инвестирале и во културата и образованието. 2015Та очекува да биде година за паметење и најплодна година за општина Охрид.Во 2015та ќе имаме многу пообемна развојна програма на општина Охрид. Ветувам дека ќе вложуваме многу повеќе пред …

Дек 31, 2014

Охридскиот Црвен крст дотура лекови, храна и евакуира загрозени жители во Дебрца

Екипите на Црвен крст интервенираат  во Горна Дебрца на повик од жители кои бараат помош. Н а располагање имаат 15 волонетри и од денес на распоалгање е ставен  теренски џип од скопскиот црвен крст. Нивните екипи се организирани и во координација со ЦУК , помагаат каде што е најпотребно и најприоритетно, кажува Сашо Точков , претседател на ЦК. Помош укажуваат и на стари и изнемоштени лица кои живеат сами  во стариот дел на  градот. Неколку дена волонтерите на Црвен крст евакуираат болни и граѓани кои останале заробени во планинските села во  Дебрца, кажува Сашо Точков и  ги наведува случаит…

Дек 31, 2014

Итната медицинска служба со полни раце работа

Итната медицинска служба бележи зголемен број повици од хронично болни пациенти и срцево болните, но не и пациенти со повреди и скршеници. Очекуваат бројот на пациенти да се зголеми деновиве поради мразот на улиците. Од друга страна, непроодните патиштата им претставуваат голем проблем на екипите на брзата помош. Тешко се пробиваат на одредени локации во градов како и до селата за да интервенираат во итни случаи, како што нагласи раководителот на службата д-р Александар Стојаноски. „Во овие временски услови бројот на интервенции е нешто зголемен не така драстично меѓутоа интервенциите ги из…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top