Од печат излезе Ревија со хронолошки настани објавени на порталот Ohridnews во 2014 година. Ова е прво вакво издание кое читателите ќе може да го набават безплатно. Целта ни беше да направиме една хронологија на настани кои ги обработи редакцискиот тим минатата година , информира Главниот и одговорен уредник на порталот Горан Момироски.
„ Се разбира ги издвоивме позначајните настани од општетсвеното, културно- забавно живеење и спортот. Ги посочивме позитивните приказни. Затоа што во 2014 година како и во секоја година се случуваат и убави и помалку убави настани, но решивме да с…
На Нова година и Божик течеше оглас за 10 нови вработувања во општинската администрација, рече на денешната прес конференција советничката од редовите на СДСМ, Жаклина Лазареска. ВМРО ДПМЕН не реализира ни еден од капиталните проекти кои ги ветија, а немаат капацитет да организираат ни ефикасна и професионална општинска администрација, потенцира Лазареска. „ Се прашуваме зошто Бакрачески не ги искористи постоечките кадровски потенцијали во општината и ЈП туку ја оптеретува општинската каса со нови вработувања на партиски војници на ВМРО ДПМНЕ“, запраша Лазареска. Во 2015 година буџетот на…
Институтот за социо-културна антропологија на Македонија во соработка со Европскиот хуманистички универзитет од Вилнус, Литванија организираат фото-изложба „Катедралата Света Софија: Од Охрид до Полотск“. Автор на фотографиите е проф. д-р Сергеј Тарасов, a изложбата ќе биде поставена во сабота на 17-ти јануари 2015 година во во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Отварањето е во 12 часот.{loadposition content9}
Охрид подготвен за одбележување на големиот христијански празник, Богојавление – Водици. Концертот Културно уметничките друштва „Гердан“, „Илинден“, „Охриѓанка“, „Плетенка“, „Филиграни“ и „Отекс“, утревечер на охридскиот градски плоштад ќе го означи почетокот на петдневната празнична програма по повод големиот православен празник Богојавление-Водици.Во сабота, точно напладне во црквата „Св.Никола-Геракомија“ ќе се одржи чинот на предавање на кумство на годинешните кумови Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески, а вечерта во 20 часот на градскиот плоштад концерт ќе одржи Каролина Гочева.Во недела в…
Гранки, испаднати дрва, камења и земја преставуваат голема пречка во одвивањето на сообраќајот на потегот од Кошишта до Горна Порта. Ваква е сликата од предновогодишните празници кога во Охрид заврнаа 30тина сантиметри снег кој беше причина многу стари дрва да се откорнат а и потпорниот ѕид да попушти. Граѓаните кои живеат таму реагираат и бараат од службите да го расчистат коловозот бидејќи на улицата сега не можат да се разминат две возила. Од Локалната објаснуваат дека Градоначалникот во координација со стручните служби и со Јавните претпријатија направиле план како ќе се санираат послед…
Директорката на JП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, категорично ги отфрла обвинувањата од СДСМ дека прават депонија во кругот на механзиација на нивното ЈП. Претпијатието наследи стари возила и лошата финансиска кондиција, а депонијата Буково е на 25 км, вели Скрческа. Возилата често се расипуваат бидејќи се користат секојдневно и по три смени и не може да го издржат патот до Буково, вели директорката на Комуналец. „ Во зимскиот период не сме во можност да го користиме Буково. Патот е непристапен во годините кога има снежни врнежи, а како што беше и во изминатиот период. Во тие ден…
На 08.06.2021 околу 23 часот во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 22 годишно лице од Охрид затоа што при преглед кај него пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана.
-По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.-информираат од СВР Охрид.
Екологистите од Грашница со демант дека молчеле за претварањето на локалитетот Мауцкер во градска депонија. Ние отсекогаш сме укажувале дека градежниот шут на Мауцкер не смее да се меша со друг вид отпад, но за жал никој не ги послуша нашите апели, вели претседателот на ЕД Грашница Борис Стојаноски. Активни се и во новите случувања на Мауцкер. Во декември приговорале за развојната зона дека тука постои археолошки локалитет, посочува Стојаноски.
„ Во сегашната фаза ја поздравуваме идејата за чистење на депонијата, за изградба на развојната индустриска зона, но за да не бидеме и пон…