Јун 10, 2021

Константин Георгиески свечено ќе му го предаде фрагментот од ограда на српското собрание на Ивица Дачиќ

Станува збор за зачуван фрагмент од оградата што се наоѓал пред парламентот во Белград, во периодот од 1936 до 1956 година. Како што е наведено на веб-страницата на Собранието на Србија, примопредавањето ќе се изврши на платото пред Домот на Националното собрание денеска, во 07:30 часот, а оградата свечено ќе му ја предаде на Дачиќ, градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиевски, пренесува порталот Локално.мк. Споменатиот дел од оградата бил пред Собранието во периодот од 1936 до 1956 година, по што бил демонтиран и пренесен во Охрид, каде ја украсувал вилата „Билјана“, каде поврем…

Јан 24, 2015

Се отвори нова градинка во просториите на ОУ „Кочо Рацин“

Охриѓани добија уште едно катче каде што ќе можат да ги згрижат своите деца. Денес свечено беше отворена детска градинка во рамките на ОУ „Кочо Рацин“ каде на простор од 90 метри квадратни адаптирана е една занимална во која ќе престојуваат дечињата, кујната е преадаптирана, а санирани се и санитарните чворови. Ова е трет ваков проект реализиран во изминатите неколку месеци наменет за зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека овој проект се реализира во рамките на Стратегијата на општина Охрид за обезбе…

Јан 23, 2015

Стагнираат работите околу уредувањетона новиот детски парк

Стагнираат работите околу уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште на кој треба да се направи нов детски парк. Иако од локалната пред еден месец најавија дека на овој простор  до 19ти јануари, на големиот христијански празник Богојавление-Водици ќе се реализира овој зафат, сеуште ништо на повидок. Портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски објаснува зошто закочија работите. Знаете дека изминатиов период Охрид го зафати едно снежно невреме, а имаше и многу ниски температури па не можеше да се работи на терен. Сега службата за комунален развој напра…

Јан 23, 2015

Kој ќе биде организатор на манифестацијата Богојавление-Водици наредната година

Празникот Богојавление-Водици помина, но останаа коментарите на граѓаните околу се она што ја пропрати неговата организација почнувајќи од контроверзниот избор на кумовите па се до изјавата на митрополитот дебарско кичевски Г. Тимотеј кој отворено го нападнаЗдружението „Богојавление“ кое ја организира манифестацијата. Тоа и оваа година е најповикано околу слабостите кои се јавија. Потпредседателот на „Богојавление“, Митко Пендов признава дека ова е нивниот максимум во организациониот дел и дека тие веќе го достигнале врвот.  Охриѓани велат дека треба да се размислува за некоја друга форма п…

Јан 23, 2015

Куќата на Коле Котуш цели шест и пол децении заборавена од надлежните

Куќата на Коле Котуш во стариот дел на Орхид иако претставува значаен културно историски објект оставена на забот на времето. Куќата е сосема руинирана и претставува опасност за бројните минувачи и туристите по улицата Цар Самоил. Сопствениците Љупчо и Јасминка Маслови секојдневно стравуваат дека куќата ќе се сруши, и не дај Боже некој ќе го земе на душа. Маслов кажува дека неколку пати преку писма, дописи и лични контакти укажувале до надлежните установи за опасноста од руинираниот објект, но до ден денес останале без одговор.„Не почестија со елаборат и проект за куќата дека намерата на За…

Јан 22, 2015

Цубалески: Охриѓани гладни се за работа

Динамиката на воспоставување кооперански односи на странските инвеститори со локални компании и ангажирање на што поголем број работни кадри од Охирд е една од суштинските потреби на градот. Ова денеска го  истакна Градоначалникот Никола Бакрачески на средбата со проект менаџерот на фирмата ODW-elektrik, Огнен Цубалевски.  Градоначалнкот беше запознат со досегашната реализација на оваа германска инвестиција во Охрид.„Денес во текот на оваа работна средба ги видовме сите аспекти. И  понатака ние како Локална самоуправа силно остануваме посветени на можностите да дадеме максимална поддршка на…

Јан 22, 2015

Се оценува како ќе влијаат проектите во НП Галичица врз животната средина

НП „Галичица“ по задолжение на Владата треба да го измени  планот за управување во неговите граници и да се овозможи градба на три големи проекти. Треба да се изработи стратешка оценка на тие измени  како градбите како што се експресниот пат Охрид -Пештани – Албанска граница, скијачкиот центар и развојната туристичка зона Љубаништа ќе влијаат врз животната средина, напоменува д-р Оливер Аврамоски, раководител на сектор за зачувување на природата во НП Галичица.„ Наша цел е преку изготвување на тие измени, со студија и стратешка  оценка да кажеме што ќе биде засегнато од природните богатства…

Јун 9, 2021

Општина Струга: Во понеделник ќе се направи анализа на водата во Црн Дрим

„Во врска со објавите на социјалните медиуми за водата која се влива во реката “Црн Дрим“ пред Мостот на Поезијата, сакаме да ја известиме јавноста дека се работи за зголемена матност и содржина на железо. Оваа вода, се јавува периодично при автоматско чистење на филтрите од топлотните пумпи на Хотел Дрим, кои служат за затоплување и ладење. Апелираме до порталите да не шират дезинформации во јавноста, а за конкретни информации да се обратат кај надлежните служби на Општина Струга. Во понеделник екипа од Јавно здравство Охрид, ќе направи анализа на водата и за тоа ќе бидете благовремен…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top