Ное 30, 2020

СВИКAНА ПЕДЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

За крајот на оваа недела свикана педесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 04.12.2020 година (петок). На педесет и второто издание на седнцата на совет градските советници ќе треба да гласаат за усвојување на Извештајот за реализација на неколку програми за 2020 година како и за константирање престанок на мандат на член во Советот на општина Охрид. На дневниот ред на ова издание од седницата на градскиот совет, ќе се најдат Предлог- одлуките за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија, потоа предлог-Одлуките за усвојување н…

Ное 27, 2020

IN MEMORIAM д-р Драган Спасески – Охридски

Почина Драган Спасески Охридски, доктор, поет, сликар, хуманист и сестран интелект. Во 60тата година од животот, по кратко боледување, ја загуби битката со подмолната болест Ковид- 19. Драган Спасески Охридски роден на 22 јуни 1960 година во Охрид. Завршил Медицински факултет во Скопје. По професија  доктор-специјалист ортопедски хирург работеше во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија СВ Ерзамо – Охрид.   Драган Спасески остави силен белег во заедницата, во своето работење во професијата, уметничкото творење и општествено делување како хуманист еден од основачите на Лајо…

Ное 27, 2020

Општина Охрид, Заводот за кардиологија и Црвен Крст со проект за подостапни здравстени услуги

Мобилни здравствени тимови ќе даваат медицински услуги во домовите на граѓаните кои имаат потежок пристап до здравствениет установи. Од идната недела стартува проектот „Cross4all“ кој го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, заедно со Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид. Специјалните медицински тимови се составени од доктори од центарот за Кардиологија, психолог, социјален работник и медициника сестри, соопштува Ѓоко Апостолов од Тлер. „Главна цел на проектот е да се таргетираат повозрасни лица, лица со посебни потреби и лица кои живеат …

Ное 27, 2020

Не е откриено кој истоварал земја и градежен шут во езерото на брегот кај населбата Далјан

Не е познат сторителот кој направи насип од гардежен шут и земја на брегот на Охридското Езеро во населбата Далјан. Во близина на Домот за стари лица кој е во изградба растоварена е земја на брегот и во езерските води. Градоначалникот Константин Георгиеск, и вели се работи на случајот за откривање на строителот. Направен бил увид од општинскиот градежен инспекторат и државниот инспектор за животна средина, а се чекало на истражните органи да утврдат кој стои зад овие активностi. „Направивме записници и чекаме информација од полиција за идентификација на сторител за да поднесеме пријави. Во…

Ное 27, 2020

ЗАПОЧНАА АКТИВНОСТИТЕ ЗА САНАЦИЈА И РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СТАРИОТ ЧИНАР

Денеска започнаа предвидените работни активности за санација и ревитализација на единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоцирано во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“. Активностите се дел од овогодинешната Програма за заштита на животната средина и природата и се финансирани од буџетот на Општина Охрид. Санацијата и ревитализацијата на стеблото се очекува да заврши за околу десетина дена и истата ќе се одвива под надзор на стручни лица од Шумарскиот факултет од Скопје. Единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) кое е од големо природно, културно и историско значење за Охрид…

Ное 27, 2020

Искршено возилото на Брза помош во Вевчани

Каменувано амбулантното возило на  Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ во Вевчани. Вчера попладне непознати сторители ги искршиле стаклата на возилото, случајот е пријавен во полиција. Причините засега не се познати,  дали се работи за незадоволен  пациент или  револт  кон  врвот на здравствената установа, но  вандалскиот чин  во време на пандемија,  кога здравствените работници даваат се` од себе да спасат живот повеќе е за секаква осуда.  „Беше оштетено амбулантното возило на Здравствениот дом , чинот е срамен момент , материјалната штета е мала, но не сакам да верувам дека има на…

Ное 16, 2021

Младите вевчанци денес се запознаа со „Ти си твојот град“

ТВМ телевизија изминатиот период врши засилена промоција на рубриката „Ти си твојот град“. Рубрика во која централното место го имаат граѓаните на општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца. Лесно и едноставно пријавуваат проблеми со кои се соочуваат, а екипата на ТВМ истите тематски ги обработува во информативната програма. Во рубриката огромен број граѓани ни испраќаат фотографии за убави нешта или критики, за што добиваат и наградни ваучери. Младите се интелектуалната маса која треба да ја гради иднината во општеството. Па затоа со овие промотивни активности, сакаме да ја анимираме помла…

Ное 27, 2020

34 охриѓани казнети за неносење заштитна маска

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 104 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-34, Струга-23, Кичево-28, Дебар-19). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 17 контроли врз угостителски и други објекти.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top