Социјалните станови во Охрид Во Охрид има 71 социјален стан. Дали и овие станови корисниците ќе можат да ги купуваат исто како и општествените, од охридската подружница на АД „За изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Македонија“, немаат никаква насока од ресорното министерството, вели првиот човек на подружницата Гоце Георгиески. Додава дека го имаат во предвид фактот дека станува збор за корисници од ранливите категории на кои примањата им се ниски.„Тешко дека социјален случај ќе може да го купи станот. Без разлика, чекаме насока од Министерството за транспорт и врски…
Претставници од банкарскиот сектор, градежништвото, индустријата за преработка на храна, туризмот, како и локалната самоуправа, на денешниот седми по ред состанок на градските татковци дискутираа за подобрување на соработката и комуникацијата помеѓу бизнис субјектите од градов. Целта според градоналникот, Никола Бакрачески е креирање на адекватни решенија за унапредување на бизнис климата во Охрид. На изминатите седум состаноци, според градоначалникот Бакрачески се креирале предлози од кои локалната црпела идеи за развој на охридската економија.„Претставува една структура од која што локалн…
И после пет месеци од завршувањето на летната туристичка сезона од државниот завод за статистика нема комплетни податоци како таа помина. Од ТЛЕР велат дека ќе почекаме уште еден до два месеци за да добиеме бројки од заводот бидејќи истите се обработени заклучно со месец јули. Моментално оценките за тоа какво лето имавме во поглед на гостите кои го посетија Охрид се темелат на податоците од општинскиот инспекторат. Според неговите извештаи во 2014та година биле остварени 436 212 ноќевања што преставува само за 1% намалување во однос на 2013та. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостоловски наг…
Денес во просториите на општина Охрид ќе се одржи седница на Советот на градски татковци. На седницата покрај членовите на советот ќе присуствуваат и претставници на банките и градежните компании. Планирано е да се дискутира најмногу за економскиот развој на Охрид. Повеќе информации во првото издание на дневникот на ТВМ ТелевизијА.{loadposition content9}
Пчеларите од охридско деновиве се соочуваат со помор на пчелите. Велат дека пчелите се отруени поради несовесно и невнимателно прскање на овошјето со пестициди. Штети во пчеларниците забележале пчелари од Орман, Косел, Ливоишта, Вапила, Лескоец, Велгошти, Оровник, Подмолје, Мешеишта, Долно и Горно Лакочереј, Требеништа. Пчелните семејства кои се во јуни најразвиени со овој помор се преполовени. Тони Јосифоски, којшто е претседател на здружението на пчелари од Охрид вели од 90 кошници едвај успеал да спаси 50 пчелни семејства.
„Овоштарите, сигурно ненамерно ни нанесоа голема штета. Пчелата …
Учениците од Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, организираа хуманитарна акција за помош на семејствата од поплавените подрачја низ Македонија. Се собираа прехрамбени продукти, средства за хигиена и вода за пиење.Во акцијата се приклучија и наставниците кои исто така донираа разни намирници, но и парични средства преку телефонските броеви за поддршка на хуманитарната акција.Собраните средства ќе бидат доставени до Црвен крст – Охрид, од кадешто истите ќе бидат дистрибуирани до потребните места. Младите од охридската Гимназија изразија надеж дека нивниот пример ќе го…
Жителите на улицата Сатеска 40 во Даљан, се опоравуваат по последните врнежи од дожд и снег кои поплавија, влезови, гаражи и подруми. Теренските екипи на Центарот за јавно здравје денес вршеа дезинфекција на поплавените простории од станбените комплекси кои беа најпогодени. Како што истакна претседателот на Заедницата на сопственици на станови од оваа улица Гоце Тасески, станарите бараат поголема одговорност од надлежните и преземање конкретни чекори за надминување на нивниот проблем со кој што се соочуваат години нананзад. „Алармирани се сите институции, запознати се, секој кој што дошол…
Продолжува праксата на Локалната самуоправа ударните дупки низ охридските улици да ги крпат со камени плочи. Овој пат место бекатонските плочки какао досега се користат гранитни. Теренските екипи на ЈП „Нискоградба“ по налог на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, од пред неколку дена ги крпат ударните дупки на улиците „7 ми Ноември“, „Кленоец“ и „Питу Гули“. Откако ќе се подобрат временските услови активностите ќе продолжеле по ул „Егејска“, „Туристичка“, „Даме Груев“, „Димитар Влахов“, „Марко Цепенков“, „Пере Тошев“ и други улици на периферијата на општината. Од Локалната д…