Приемно одделение, одделение за пост-оперативна нега, и карантин за кучиња. Ова е само дел од замислата и проектот на здружението за заштита на животни од Охрид, „Анималиа“ за тоа како треба да изгледа прифатилиштето за кучиња кое е се поизвесно дека ќе се изгради кај месноста „Мауцкер“. По барањето на локалната, од здружението, во рок од два дена го изработиле елаборатот во кој се предвидени приоритетните зафати за реконструкција и надоградба на дел од поранешните просториите на војската. Како еден од најголемите приоритети, според Димитар Ставрески од „Анималиа“ е обезбедување на струја в…
Градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници посетија неколку поплавени објекти на улиците „ Стив Наумов“ , „ Аџи Мустафа“ во населбата Лескајца и „ Сатеска“ во населбата Далјан. Засега до ЛС нема пријави на граѓани кои бараат помош од сместување, рече Бакрачески.„ Сега засега нема побарано од поплавените но ако побараат ќе излеземе во пресрет и ќе најдеме сместување и за нив. После направените записници на штетите ќе донесеме одлука според која ќе бидат оштетни и поплавените од изминатите денови во Охрид“, кажа Бакрачески. Градоначалникот најавува дека ќе следи проценка на п…
Додека го чекаме утрешното деби на нашите најдобри фудбалери, тие веќе добија едно големо признание, односно го имаат најубавиот дрес на Евро 2020 според угледниот американски спортски канал „ЕСПН“.
Уште пред стартот на континенталниот собир македонската јавност бурно реагираше поради бордо дресовите по што ФФМ веднаш одлучи да се врати на старите дресови, црвени со жолтото сонце.
Вчера беше објавена вест дека Грција се жали до УЕФА поради амблемот на ФФМ, а дали веднаш ќе се реагира останува да видиме.
Еве повторно се зборува за македонскиот дрес, според Херс Гомес и Клинтон Јејтс од …
Пожарот на улица Винковачка бр.75 го остави Диме Мaрмачоски без кров над главата. Пламените јазици на пожарот кој избил во дневната соба на едноспратната куќа му ја пеплоса целата покуќнина. Тој во куќата живеел со болен син, кој во моментов се наоѓа на лекување во болничка институција, а живее од семејната пензија на почината сопруга. Причина за пожарот е експлозија од телевизорот. До несреќата која во саботата го снајде Мaрмачоски дошло додека отишол да купи цигари во маалската продавница.„ Отварање на влезната врата, влегов во кујната и ме удри пламен. Не знаев каде сум, како бомба …
Со подршка од лоакалната, се планира конечно ставање во функција на објектот за згрижување на бездомните животни од градов со што ќе биде решен овој долгогодишен проблем.Повеќе гледајте во дневникот на ТВМ Телевизија во 17:00.{loadposition content9}
Се помал е бројот на дуќани кои функционираат во охридската чаршија. Последниве неколку години, високите кирии и неможноста да издржат на пазарот, ги натера голем број охриѓани да завршат со своите бизниси. Оваа слика најмногу може да се примети во трговскиот центар амам, каде речиси две третини од објектот стои празен. Сопствениците на оние бизниси кои функционираат велат дека едвај врзуваат крај со крај. Повеќе за оваа тема погледнете во дневникот на ТВМ во 17:00 часот.{loadposition content9}
Ќе заживуваат ли детските одморалишта во Охрид. На Охридското крајбрежје има две детски одморалишта „Радости“ и „Славејче“. Нив ги одржува и со нив стопанисува Републичкиот Сојуз за грижа и воспитување. Објектите со во добра состојба но факт е дека треба реновирање. Засега раководните структури од одмаралиштата сами се снаоѓаат за опстојување на објектите без поголема помош од институциите, но за поголеми финансиски зафати се надеваат на помош од општествено одговорни компании. Од охридската Локалната самоуправа со оптимистички најави, подготвена е да помогне повторно да заживеат детските о…
Драстично зголемен бројот на пациенти во изминативе две недели кои се јавиле кај своите матични лекари дали со симптоми на настинка или пак со посериозна клиничка слика на грип . Зголемување на бројките бележат и во Центарот за јавно здравје од Охрид каде само до минатата недела биле регистрирани 100 случаи на грип споредено со претходниот период кога се бележеле по само 5 -6 случаи. Д-р Јованка Стурлакова-Коровешоска, епидемиолог при Центарот за јавно здравје, вели дека на најголемиот број од пациентите кои пристигнале со симтоми на грип им била дадена антивирусна терапија со тамифлу. Мати…