Повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри, седум килограми риба Охридска пастрмка и низа примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени овој месец од водите на Охридското езеро при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против три лица поднесени се кривични пријави. Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно три прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Поради тоа поднесени се прекршочни пријави за управување пловен објект на Охридското езеро во време кога има огра…
Три зарежани пенушки со надеж дека тоа ќе донесе здравје, бериќет, многу грозје и вино. Лозарите денес ги посетуваат своите лозја и ги закројуваат незапупените гранчиња. Ова се верува дека ќе донесе богат род, благо вино и дека ќе го штити лозјето од штетници и невремиња. По зарежувањето, стеблото од лозата се полива со вино и ракија од ланската берба. Во православното христијанство, свети Трифун е познат по чудата што ги правел. Една од приказните вели дека свети Трифун ја спасил царевата ќерка која била болна.„Тој на еден чудесен начин преку своите молитви ја избавува ќерката од болеста о…
Мал интерес за откуп на дебрчкиот компир и јаболко. Мештаните се задоволни од квалитетот на реколтата на годинашниов род на компир, но сеуште се загрижени за неговиот пласман, бидејќи засега нема организиран откуп и никој до сега не понудил ни минимална откупна цена. Од овој проблем засегнат е и првиот човек на општина Дебрца, градоначалникот Игор Трајкоски. Тој вели дека проблемот е евидентен и тоа не само околу откупот на компирот туку и на јаболкото. Додаде дека како Локална Самоуправа се трудат да изнајдат инвеститор кој ќе отвори откупен пункт, за да се олесни пласманот на производите …
Започнаа уписите во средните училишта во земјава кои ќе траат во следните три дена. Во јавните средни училишта слободни се 30.053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта во земјава. Од вкупниот број на слободни места во прва година средно образование, 19.602 места се во стручното образование во 604 паралелки, 9.261 место се во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 места во 35 паралелки се наменети за училиштата од уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко-информатичка гимназија.Годинава на средношколците им се нуди опција за 97 дуални парале…
И после една година останува неизвесна битката на пет охридски семејства за нивните станови на ул „Карпош Војвода“. Правната голгота на овие семејства која започна минатата година поради имотно правен спор помеѓу Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ и АДГ Трудбеник продолжува. Иако тие по судски пат ја докажаа сопственоста врз становите сега извршителот им се заканил со ново насилно попишување на истите. Денес тие јавно запрашаа, до кога ќе трае малтретирањето од страна на извршителот на АД за стопанисување со станбен простор, и најавија нова, втора п…
Во кои приватни здравствени установи кои прават биохемиски анализи, охриѓани може да ја испитаат функцијата на тироидната жлезда по фондовски цени?
Во вчерашниот прилог за недостаток на реагенси за испитување на тироксинот во Општата болница од Охрид, од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување, изјавија дека покрај Општа болница и Здравствен дом и четирите приватни здравствени установи „Дарон“, „Кардиолаб Маџаров“, „Сонце“ и „Биохем дијагностик“ имаат договор со фондот за испитување на функцијата на тироидната жлезда со упат од матичен лекар. Револтирани пациенти реагираат…
Средношколците од ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ќе добијат помош во бирањето на нивната професионална определба. Ова, нивното средно училиште ќе им го овозможи преку проектот за креирање на кариерен центар кој ќе функционира во рамките на училиштето. Директорот на оваа образовна институција, Јане Цаноски вели дека формиран е тимот кој ќе работи со децата во кариерниот центар, а во моментот ја подготвуваат просторијата во која ќе се работи.
Цаноски додава дека веќе започнале и со опремување на истата, донесени се масички, столчиња за десет работни места, ормарчиња, а доставена е и техничка опрема …
Граѓаните кои сакаат да ја посетат Галичица подобро два пати да се помислат дали да го сторат тоа бидејќи можат да влезат во една несакана авантура. На патот кој води до местото Корита на неколку места има високи наноси на замрзнат снег па тешко со возило може да се помине, се жалат граѓани кои неодамна се упатиле до ова излетничко место. Тие биле затекнати од ваквата состојба на патот бидејќи пред почетокот на зимската сезона од страна на Македонија пат беше ветено дека ќе се одржува овој патен правец и дека граѓаните слободно ќе можат и зимава да одат на Галичица. Крсте Ташкоски раководит…