Фев 19, 2015

Со СМС пораки ќе се наплаќа паркинг на охридските улици

Наскоро, охриѓани и гостите паркинг ќе плаќаат со СМС пораки. Ваквиот начин на паркирање се очекува да стартува од престојната летна сезона. ЈП„Билјанини извори-Охрид“ веќе ја спроведува  постапката за избор на  партнер  за воведување на електронскиот современ начин на паркирање.„На објавениот јавен оглас од ЈП Билјанини извори за имплентација на системот за електронско управување со паркингот по пат на јавно приватно партнерство. Стигнаа две понуди. Во тек на постапката се запазени се  сите законски дејности согласно  одредбите од Законот за јавни набавки и  Законот за концесии и приватно …

Фев 19, 2015

Вечерна богослужба за „Прочка – Поклади“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 22 фавруари 2015 година (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Прочка – Поклади“, со почеток во 16.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.Ги известуваме своите православни верници дека од 22 до 26 февруари 2015 година, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба со часови и вечерна, а пак, вечерта во 16 ч…

Фев 19, 2015

Разрешена директорката на ЈП за комунална дејност од Дебрца

Со решение од страна на Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски разрешен е директорот на јавното претпријатие за комунална дејност во општина Дебрца, Јасмина Мицкоска.Поради неисполнувањето на очекуваните резултати во претпријатието изминатиов период и реакциите од жителите на општина Дебрца, Градоначалникот на општина Дебрца ја донесе оваа одлука. За ВД Директор назначен е Стојмир Велјаноски, вработен во јавното претпријатие, согласно законските одредби од законот за Јавни претпријатија.Во наредните денови од страна на Градоначалникот ќе биде распишан Оглас за пројавување на интер…

Фев 19, 2015

Започнаа уписите за младите актери

Сите хриѓани и охриѓанки кои се навозраст од 7 до 17 години, а имаат желба и талент да се занимаваат со театарската игра, сега имаат можност да бидат дел од Детското драмско студио кое од 1-ви март 2015 година ќе работи во рамки на охридскиот Народен театар.Уписите се во тек, а сите заинтересирани можат да се пријават секој работен ден во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид.Со членовите од драмското студио ќе работат ангажирани професионални театарски работници, кои се дел од тимот на оваа културна установа.{loadposition content9}  

Фев 19, 2015

ЈП „Градски пазар“ издава тезги за 8-ми март

По повод дмеѓународниот ден на жената, празникот 8-ми Март, ЈП „Градски Пазар“ од Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република, кај Чинарот.Сите заинтересирани за изнајмување на тезгите може да се пријават во административните простории на ова јавно претпријатие или да побараат информации на телефон 046-266-600.{loadposition content9}

Фев 18, 2015

Низ градов тешко е да се вози линиски превоз

Немањето автобуски постојки, нивно неодржување, немањето табли со возен ред, узурпацијата на постојките од дивите такси превозници се само дел од проблемите со кои се соочува АД „Галеб“, кое го спроведува линискиот превоз во градов. Раководителот Димитар Василевски вели дека повеќе пати им се имаат обратено на надлежните во Локалната и до сообраќајната полиција за да ги отстранат овие аномалии. Но досега нема некој конкретен ефект.Во градов има само две постојки кои се со настрешници и клупа за седење. Едната е кај некогашниот Тим маркет, а другата од спротивната страна. Останатите немаат н…

Јун 15, 2021

Во целост ќе се конзервира и реставрира ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо

Во тек е реализацијата на проектот за целосна конзервација, реставрација и презентација на ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо (IV-V век), информираат од Завод и Музеј Охрид. Во првата фаза е извршено расчистување на просторот со што се овозможија услови за спроведување на конзерваторски истражувања и изработка на Елаборат за поставување на кровна конструкција над целата базилика. Проектот го раководи д.и.а. Анита П. Танеска, виш конзерватор за архитектура од Завод и Музеј – Охрид.

Фев 18, 2015

Локалната најавува градежна пролет

Ќе се подобрува патнат инфраструктура во градов. Локалната најпрво започна со санација на дупките на Булевар „Туристичка“, дел од улицата „Крали Марко“, „Јане Сандански“, а денес интензивно се работи на „Димитар Влахов“, „Абас Емин“ и на делови од „Богомилска“ и „Даме Груев“. Дупките се пополнуваат со бекатон коцки, но тоа е само привремено, велат од Секторот за комунален развој и  сообраќај.Заради неработењето на асфалтните бази во овој период од годината поради ниските температури ние ги закрпивме дупките со бекатонки, но штом почнат да работат базите веднаш ќе бидат пополнети со асфалт, …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top