Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27 февруари 2015 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“, со почеток во 16.00 часот, на кој ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.На 28 март 2015 февруари (сабота), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. свештеномаченик Теодот епископ Киринејски“ – (Тодорова сабота), со…
Манастирскиот конак кај црквата Света Богородица Заумска во близина на охридското село Трпејца издигнат на ниво на карабина. До редакцијата на телевизија ТВМ пристигна фотографија на која се гледа како напредуваат градежните работи. Граѓаните бараат информации што точно и за какви потреби се гради на просторот веднаш до црквата која претставува едно од најзначајните заштитени споменички добра во Македонија. Од Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид велат дека идејниот проект за конакот кој се гради го изработиле на иницијатива на Дебарско-кичевската епархија. Конакот се наоѓа н…
Членовите на организацијата „Мозочен Удар Охрид“ во склоп на проектот КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО од март 2019 година до април 2021 година спорведоа истражување на примерок од вкупно 576 испитаници од кои 46% мажи и 54 % жени , и тоа испитаници кои живеат во урбани средини и испитаници кои живеат во рурални области.
Третата фаза од интерегионалниот ИПА проект КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО имаше за цел да ја анализира состојбата со ризик факторите за мозочен удар во југо-западниот регион на Р.С.Македонија. За таа цел беше спроведено истражување при што беа детектираат различните нивоа на ризик од мозочен…
Ќе се пренуркува Охридското езеро. Со тоа конечно ќе се реализира идејата стара 15-тина години. Нуркачите од клубот Амфора деновиве ги прават последните подготовки за овој сериозен проек. Станува збор за подводни активности во Охридското Езеро што ќе се реализираат на длабочина од пет до 15 метри и во должина 80 километри и 322 метри, вели меѓународниот нуркачки инструктор од Охрид, Милутин Секулоски.
Целта не ни е само да го пренуркаме Охридското Езеро, туку со таквото пренуркување да фотографираме, снимаме под вода и да позиционираме одредени пронајдени работи под вода за да добијат научн…
Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца даде отчет за работењето во 2014 година. Пензионерите ја усвоија завршната сметка на Здружениeто и на Клубот на пезнионери. Минатата година ја оценуваат како усшешна иако здруженеито работеше со блокирана жиро сметка но во интерес на своите членови, рече претседателот Ѓорѓи Трпчески. Од бројните планирани активности, за кои пензионерите издвојуваат по 30 денари месечна членарина, Трпчески посочи дел од потребите на пензионерите кои и понатака ќе бидат нивен приоритет во работата. „ Превземените активности остануваат за изградба на пензионерскиот…
Преку заживување на земјоделските задруги ќе се подобри пласаманот и бенефитот на земјоделските производители во земјава. Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на Регионална конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промена“ која денес и утре се одржува во Охрид. Цветков рече дека нашата земја има многу направено во однос на земјоделските задруги. Тој потсети дека задругарството во РМ се уште е во некој зачеток. За две три години откако е донесен Законот за земјоделски задруги, се формирани 19 задруги, но министерот укажа на потенциј…
Детско игралиште во населбата „Гоце Делчев“ повторно на мета на вандалите. Сега некој се намерачил на клупите кои се поставени во паркот па по се изгледа, се подготвува да ги однесе во својот двор или недај боже да ги продаде за старо железо. Најпрво настрадаа нишалките во игралиштето, па обрачите за смет, па патеките со бекатон плочки и сега на ред дојдоја клупите. По се изгледа дека за многу краток период оваа населба ќе остане без долгоочекуваното место за одмор и рекреација на своите жители.{loadposition content9}
Децата во охридските градинки ќе јадат здрава храна. Традиционалната листа на планирани јадења во охридските градинки претрпе измени. Во зависност од возраста децата во градинките добиваат соодветна храна која содржи здрави продукти. Од употреба се исфрлаат белиот шеќер и печива, синтетичките зачини како вегетата, а се заменуваат со кафеав шеќер, мед и бројни други намирници кои важат за здрави прехранбени артикли. Децата за појадок на мени ќе добиваат интегрални житарки мусли со семиња од лен и сончоглед или интегрални бисквити. За ручек се планирани варива, салати зачинети со маслинов…