• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Мозочниот удар сè уште е прва водечка причина за инвалиднитет и трета причина за смрт во Македонија

Мозочниот удар сè уште е прва водечка причина за инвалиднитет и трета причина за смрт во Македонија

Во нашата земја се уште постои значајна разлика и нееднаквост на медицинската организација во однос на рано откривање и третирање на ризик факторите за мозочен удар, како и во третман на мозочниот удар, велат податоците собрани од членовите наорганизацијата „Мозочен Удар“ од Охрид, во склоп на проектот КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО.

 |   | 

Членовите на организацијата „Мозочен Удар Охрид“ во склоп на проектот КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО од март 2019 година до април 2021 година спорведоа истражување на примерок од вкупно 576 испитаници од кои 46% мажи и 54 % жени , и тоа испитаници кои живеат во урбани средини и испитаници кои живеат во рурални области.

Третата фаза од интерегионалниот ИПА проект КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО имаше за цел да ја анализира состојбата со ризик факторите за мозочен удар во југо-западниот регион на Р.С.Македонија. За таа цел беше спроведено истражување при што беа детектираат различните нивоа на ризик од мозочен удар во следните 10 години кај локалното население.

Најважните откритија на студијата во врска со ризикот од мозочен удар во следните 10 години велат:

Повеќе од половина од испитаниците (57%) се во група со низок ризик и тука доминира помладото население во урбаните средини додека една третина (32%) од испитаниците имале умерен ризик од мозочен удар. 9% од испитаниците имаат висок ризик и само 1% од нив имаат многу висок ризик од мозочен удар.

Висок и многу висок ризик е детектиран доминантно кај испитаниците над 50 год. од кој 18% имаат висок ризик и во руралните области каде 14% од испитаниците имаат висок ризик од мозочен удар, многу висок ризик имаат 2% од мажите над 50 год во руралните области.

Во однос на информираноста на населението за мозочен удар податоците се поразителни и покажуваат дека:

 

На прашањето за факторите на ризик од мозочен удар дури 44% од испитаниците не знаеле да споменат ниту еден фактор на мозочен удар а резултатите за препознавање на мозочен удар покажуваат дека помалку од половина од испитаниците (46%) не знаат како да препознаат мозочен удар.

Целта на проектот КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО е да ја подобри пристапноста иефикасноста на медицинската грижа, преку теренески посети, прегледи и едукација .Но и да ја зголеми свесноста за личната ангажираност на поединците во намалувањето на нивниот личен ризик како можна оптимална стратегија за намалување на последиците од мозочен удар како за поединците така и за општеството.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top