Ѓорѓи Трпчески повторно ја доби довербата од 21 месен огранок за претседател на Извршниот одбор на ЗП на Охрид и Дебрца. Во една фер и демократска атмосфера од отворен карактер, од 26 до 24 февруари годинава се спроведе постапката за избор на нови раководства во Месните ограноци, Собранието и телата и органи на ЗП од Охрид и Дебрца. Без приговори и забелешки сите месни ограноци одлучија Трпчески и наредните 4 години да продолжи да ја води најголемата и најактивна пензионерска организација препознатлива по своето делување во повеќе сфери а посебно истакната на полето на спортот. Претседатело…
Означен стартот за уредување на Лајонс паркот Охрид. Започна првата фаза за подготовка на хортикултурно уредување на дел од потегот покрај пешачката патека од каналот Студенчишта до каналот Рача. Изградбата на паркот е заложба на сите 4 Лајонс клубови од Охрид со поддршка од општина Охрид.
Маријан Талев, гувернерот на Лајонс Дистрикт 132 Македонија, напомена дека како дистрикт 132 ќе ја поддржат оваа акција која е за граѓаните на Охрид.
„Ние сме горди Лајонси со овој проект што денес започнува во Охрид. Како Лајонси имаме 8 сервисни акции, првата е вид, млади, хуманитарни, дијабетес,…
522 евра или 32 143 денари му биле потребни на едно четиричлено семејство за да го преживее првиот месец од 2015 та година. Најголем дел од семејниот буџет граѓаните трошат за исхрана и за подмирување на трошоците за домување и комуналии. Ова го покажуваат новите податоци за Потрошувачката кошница, што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија. Четиричлено семејство со само еден вработен кој прима просечна нето плата за да ја наполни потрошувачката кошничка од 522 евра односно да го преживее месецот, ќе му недостигаат уште околу 160 евра. Според последните податоците на Заводот за ста…
На првиот БРЕИНОБРЕИН-АБАКУС натпревар во Хрватска, кој на 7 март се одржа во Загреб, впечатлив настап имаа децата од Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Десет охридски генијалчиња од завршните нивоа на Бреинобреин програмата, стекнатите мултитаскинг вештини успешно ги презентираа пред своите соученици од Хрватска, кои ги следат почетните нивоа од интернационалната Бреинобреин програма. Со воодушевување беа поздравени од бројната публика децата од Охрид кои истовремено пресметуваат повеќе суми и пеат,танцуваат, прават оригами и сл., а од страна на Мастер франшизерот на БРЕИНОБРЕИН про…
Остварена билатерална средба помеѓу македонскиот министер за одбрана Зоран Јолески и Државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Франција, Жан – Марк Тодешини. Министерот Јолески ја отцени досегашната соработка како одлична.„ Разговаравме за зајакнување на соработката во областа на одбраната. Го информиравме гостинот за приоритетите на РМ и на Владата, за интеграциите во НАТО и ЕУ и затоа што РМ придонесе во Нато мисиите особено во Авганистан. Се договоривме оваа соработка да продолжи и понатаму на поинтензивен начин“, кажа Јолевски.Жан Марк…
Поставувањето на урбана опрема за 2015та година ќе биде една од жешките теми на петочната 37 седница на Советот на општина Охрид.
Советниците ќе се произнесат и по однос на неизбежните предлог одлуки од сферата на урбанизмот. Од нив, се чини најинтересна е онаа за дефинирање на границите на централното градско подрачје. Ова, според претставници од Секторот за урбанизам го налагаат Законите за градба и за градежно земјиште, бидејќи, од тоа, дали објектот или земјиштето се наоѓа во централно градско подрачје ќе зависи и бројот на паркинг места при добивање одобрение за градба, но и цената при…
Проектите на локалната кои ќе се финансираат со кредитот од Светска банка се поблиску до својата реализација. Откако истите ја поминаа фазата на одобрување од страна на оваа реномирана финансиска институција, локалната ги реализираше и тендерот за изградба на инфраструктурните објекти, како и тендерот за набавка на специјалните возила за јавното претпријатие „Охридски комуналец“. Секретарот на општината, Димитар Спасески вели дека повеќе економски оператори се јавиле на двата јавни повици.„Роковите за аплицирање се завршени и сега во овој момент и тендерот за набавка на возила за ЈП „Охридс…
Хотелиерите во градов најавуваат добра туристичка сезона. Велат дека ова лето треба да биде поуспешно од предходното по бројот на остварени ноќевања во туристичките капацитети како од странски така и од домашни гости. Но, тие додаваат дека Охрид сеуште е далеку од достигнување на оние бројки кои се за паметење. Сугерираат локалната и државата сериозно да поработат на промоцијата не само на градов туку и на целиот регион. Според нив преставувањето на саеми со закупување на штандови е само непотребен трошок кој ретко кога вродил со плод.
Речиси никој не склучил договор на саем. Сите меѓунаро…