Мар 12, 2015

Средношколци од Словенија приготвуваат македонски јадења и се запознаваат со убавините на Охрид

Средношколци од Словенија подготвуваат македонски традиционални јадења и се запознаваат со Охрид благодарение на Еразмус плус програмата за мобилност на средношколци и студенти. Учениците од Центарот за биотехника и туризам од Ново Место-Словенија петнаесетина дена ќе ги впиваат убавините на нашиот град, а ќе имаат и практична настава за приготвување на храна и послужување на гости. „Прв пат сме во Македонија, тоа за мене е многу интересно, бидејќи се запознав со македонците, кои се многу пријатни луѓе. Досега искуствата се прекрасни бидејќи ни покажуваат се што знаат и ни пренесуваат нас.“…

Мар 12, 2015

Една година нема автобус до Брежани

Веќе една година нема линиски превоз до селото Брежани, кое припаѓа во општина Дебрца. Мештаните велат, жалосно е што во 21 век немаат превоз до родните места каде што имаат куќи, обработуваат ниви а чуваат и по некој сандак со пчели. Тие апелираат до надлежните да го решат проблемот бидејќи станува збор за повозрасна категорија на луѓе кои не се во состојба да застанат зад волан и да појдат до саканата дестинација. Брежанецот Цветко Суклоски вели дека градоначалникот на општина Дебрца треба да се ангажира и да пронајде превозник.„Бараме како прво да има барем еден ден превоз или понеделник…

Мар 12, 2015

Во охридскиот кардиолошки завод постојано се инвестира

Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан”  ќе инвестира во подновување на установата.  Директорката на кардиолошкиот завод, д-р Изабела Афтовска  Наумоска информира дека во  2015  ќе инвестираат во немедицинска опрема за разлика од лани кога инвестирале во медицинска опрема и едукација на медицинскиот кадар.  Директорката објаснува дека со сопствени средства ќе инвестираат во купување  агрегат за струја и подновување на болничката перална. „ Оваа година приоритетот  ставивме на немедицинската опрема. Во нив се агрегатот и поситини уреди…

Мар 12, 2015

Мерки за спречување кражби на градскиот пазар

Засилени полициски мерки на превентивен план, физичко обезбедување, воспоставување на видеонадзор и подобрување на осветлувањето на градскиот пазар, се главните заклучоци што беа донесени на вчерашната средба на претставници на отсекот за превенција при СВР Охрид со претставниците на јавното претпријатие „Градски Пазар“, со сопствениците на трговски објекти и корисниците на тезги. Состанокот беше организиран  во рамките на Акциониот план за реализација на проекти  изготвен од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија а во склоп на проект„Бизнисот и безбедноста“.Це…

Мар 12, 2015

Дел од Охрид денес еден час без струја

Денес 12- ти март, во периодот од 15 до 16 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улицата „15- ти Корпус“. Од 13 до 15 часот без струја ќе остане дел од населбата Чекоштина, а од 11 до 12 часот дел од „Железничка“ и улицата „ Винковачка“, информираат од ЕВН Македонија.Од ЕВН објаснуваат дека причина за прекините е реализацијата на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition content9}  

Мар 11, 2015

Охридскиот народен театар работи со полна пареа

Охридскиот народен театар работи со полна пареа. До Велигден треба да се заврши проектот на Ирена Стериоска, Вечера со глупаци и да се стави на репертоар за да може да го види широката охридска публика. 27 март, светскиот ден ана театарот ќе биде одбележан со целодневна програма која ќе започне од утринските часови и ќе трае до полноќ.Во таа програма ќе бидат вклучени сите. Најпрво ќе настапи детското младинско студио кое се формира на први март, после што ќе има детски престави, а вечерта ќе има престава наменета за повозрасните. После тоа ќе се чита светската и националната порака, вели р…

Јун 16, 2021

Се отстрануваше платформата на плажата Потпеш

И концесионерите на плажата „Потпеш“ во Охрид започнаа со доброволно уривање на платформите во Охридското езеро. Бараат по примерот на Струга откако ќе ги отстранат градбите кои не се во согласност со Планот за управување, да продолжат со работа. Го повикаа премиерот Заев и вицепремиерот Груби законите да важат подеднакво за сите. „Му праќам порака на вицепремиерот Артан Груби да не посети и нас и да ни каже начин како и ние да работиме ова е нели едно општество за сите. Бараме исти услови да отстраниме неправилности кои задираат во Планот на Унеско и да продолжиме да работиме. Имаме луѓ…

Мар 11, 2015

Свлечиште се појави во непосредна близина на ОУ „Св Климент Охридски“

  Во близина на ОУ „ Св. Климент Охридски“ се појави свлечиште. Отвор со дијаметар од околу  половина метар и исто толкава длабочина зјае веќе три недели.  Дупката е  опасна за минувачите, а посебно за учениците. Од Комуналнот фонд велат дека  нивни екипи направиле увид на терен и најавуваат санација на проблемот од идната недела.„ Се констатира дека проблемот во најможно брзо време мора  да се реши. Свлечиштето или отворот да се санира во најкус можен рок. Се донесе заклучок да се пристапи за решавање на проблемот веднаш по подобрување на временските услови. По завршување на градежните раб…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top