Мар 25, 2015

И ова лето ќе се оди за Поградец со брод

  Водената линија Охрид-Поградец ќе функционира и ова лето. Од охридската капетанија велат дека по се изгледа редовно ќе се воспостави од први јуни, но најавуваат дека уште во мај ќе се организираат неколку тури бидејќи кај сопствениците на бродовите има интерес за тоа. Капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски објаснува дека интензивно работата на поедноставување на процедурите за спроведување на овие екскурзии.Се подготвуваме да елаборираме на таа тема и да ги упростиме граничните процедури  односно пријавувањето на  списоците со патници да биде наместо 24часа пред тргнување, …

Мар 25, 2015

Арифа Малоска се закити со Ловоровиот венец

Ловоровиот венец го закити вратот на младата ораторка Арифа Малоска од ОУ „Братство Единство“. Со тоа заврши проектот „Ораторски средби“ кој годинава го организираше Одделението за култура при општина Охрид,  по повод 155 годишнината од наградувањето на поемата „Сердарот“. На 25-ти март пред 155 години во Атина со ваква награда беше овенчан Великиот Григор Прличев и се здоби со епитетот втор Хомер.„Мене најпрво ми беше мило што можам да учествувам на една ваква манифестација ова е најмалку што можам да направам за него бидејќи тој направи многу за македонскиот јазик и оваа награда е многу в…

Мар 25, 2015

Аларамантен пораст на заболени охриѓани од тиреотоксикоза

Драстично пораст на  бројот на охриѓани кои боледуваат од тиреотоксикоза. Станува збор за болест кога  штитната жлезда работи нормално но количината на хормонот тироксин е зголемен од нормалното ниво  во крвта. Се манифестира со нарушување на метаболизмот, губење на тежина, зголемено потење, чувство на топлина, лупање на срцето, несоница. Во општина Охрид  од ова заболување минатата година биле регистрирани 1537 лица. Ова се податоци кои ги обаработиле во одделот за социјална медицина  при Центарот за јавно здравје а пристигнале од амбулантите и поликлиничкиет установи.  Др Слободанка Коцев…

Јун 18, 2021

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите на мртвите, во недела Духовден, роденденот на црквата

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите на мртвите, а во недела Духовден. На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите, верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души. Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“.

Мар 25, 2015

Фатен осомничен за тешки кражби во дебарско

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против С.М. (27) од Центар Жупа. Него одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јануари оваа година, од две куќи во селото Житинени општина Центар Жупа сопственост на двајца браќа кои биле на привремена работа во странство. Тој, со подесен предмет ја оштетил и ја отворил металната врата за влез во дворот од првата куќа а потоа и прозорот на приземјето. Откако влегол, извршил пребарување низ сите соби…

Мар 25, 2015

Достојно одбележување на светскиот ден на театарот

Овој петок 27-ми март, на Светски Ден на Театарот во 12:00 – 12:45 Народниот театар од Охрид ќе ја претстави работатата на  Детско Драмско Студио.Подоцна во 13:00 – 13:45 на репертоарот ќе биде поставена театарската претстава  “Свињарот” – работена според бајката на Х.К.Андерсен, за која влезот ќе биде слободен.Од 20:00 – 21:30 љубителите на комедијата ќе имаат можност повторно да уживаат во изведбата ба  “Детектор за лаги” – работена по текстот на В.Сигарев, по цена за влезница од само 50 ден.Во 22:00 ќе има читање на пораката за Светскиот Ден на Театарот 2015 од Кшиштов Варликовски.{loadp…

Мар 25, 2015

Литругија по повод петтата недела од Велигденскиот пост

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 29 март 2015 година (недела), во црквата „Свети Никола“ – Геракомија, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод Петата недела од Велигденскиот пост посветена на „Света Марија Египетска“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition content9}

Мар 25, 2015

Создавање музика преку современа технологија

Во ОУ „Григор Прличев“ – Охрид во организација на Гете-Институт Скопје ќе се одржи работилница на германски јазиик на тема „Нови медиуми, подвижност и уметност“ раководена од референтот, уметник и педагог, Карстен Гале од Германија. Темата на работилницата е создавање музика преку современата технологија. Карстен Гале со учениците од 8 и 9 одделение ќе создава музика со помош на смартфони, I-pad, компјутери и ќе ги мотивира учениците да творат текстови за песни на германски јазик. Целта на оваа работилница е да мсе покаже дека со помош на овие електронски апарати може да се создаваат многу …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top