По повод одржувањето на јубилејниот петти туристички саем „Скопје Травел Маркет”, што ќе се одржи од 7 до 9 мај 2015г. во Скопје, на кој што Општина Охрид оваа година ќе биде град – домаќин, а на која учество со свој штанд ќе земат туристички организации од Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Египет, Иран и други светски земји, Општина Охрид упатува јавен повик за заедничка организација и учество на овој Саем.За таа цел, Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид организира работен состанок, на кој што ги повикува претставниците од хотелско – угостителските субјекти, туристичките агенции…
Пред охридската литературна публика, оваа среда во изложбениот салон на НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ”-ОХРИД, ќе бидат претставени избраните дела на Бранко Цветкоски.Станува збор за “ИЗБРАНИ ДЕЛА” во 6 ТОМА од современиот македонски поет литературен критичар Бранко Цветкоски, што всушност претставува пресек од неговото 40-годишно плодно книжевно творештво. Промоцијата ќе започне во 12 часот.{loadposition content9}
Има или нема Студенчишко блато. Никако да се разреши оваа дилема. Ниту на седницата која се одржа во петокот на која една од точките на дневен ред беше урбанизацијата на Студенчишкото блато не се доби одговор на ова прашање. Опозиционерите кои побараа да се стави ваква точка на дневен ред очекуваа стручно лице од Хидробиолошкиот институт да ја разреши оваа дилема. Ни треба екипа да појдеме сите заедно да видиме што е останато а што нема од некогашното блато. Да испитаме кој жив свет го има во моментов таму. Дали природните врски со езерото се скинати или сеуште постојат. Не можеме да се ба…
Општина Охрид го објави јавниот повик за добивање сертификати за авто такси возачи. За да може истите да полагаат испит за добивање на сертификатот, најпрво ќе треба да поминат обука за авто такси возачи и за тоа да добијат потврда од правното лице овластено за вршење на вакви обуки.
Сите лица кои имаат ваква потврда и возачка дозвола за Б категорија, може да се пријават на некој од испитите кои ги организира општината за добивање на сертификатот. Кандидатите, за да се пријават за испитот, треба да поднесат пријава до Архивата на општина Охрид која може да се подигне од таму или да се през…
70 години хумана мисија, волонтеризам. Црвениот крст од Охрид со свечена академија, како јагода на шлагот го заокружи својот јубилеј за почит. Поддржувачи, волонтери поранешни и сегашни, пријатели и партнери на најхуманата организација во светот во еден здив ги проследија интересните уметнички перформанси, но и одличниот документарен филм за историјатот на охридскиот Црвен крст.„Голема е гордоста и честа секако да се биде лидер на оваа организација која што слави ваков јубилеј и која што има еден огромен број на волонтери и активисти, професионалци, луѓе кои навистина издвоиле дел од себе, …
На терен ќе се бараат причините за зголемениот број на заболени охриѓани од тиреотоксикоза. ТВМ Телевизија веќе информираше за ова заболување, на штитната жлезда, од кое во 2014 година достигна број од 1537 заболени, а само пред 10 години во 2005 година таа бројка била 67 пациенти со дијагностицирана тиреотоксикоза. Најмногу заболени се жени на возраст од 45 до 54 годиша возраст. Д-р Атанаско Михаилов дир на Центар за јавно здравје информира дека ќе ги алармираат надлежните со податоците за ова заболување. „Секако по било која индикација за зголемениот број ќе се пушти извештај до Мини…
Меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ се одржува во Охрид од 15-19ти јуни. Станува збор за јубилејно 20-то издание. Со оглед на фактот дека јубилејот се случува во време на пандемија претседателот на натпреварот Ѓорге Улишев вели дека е пријатно изненаден што натпреварот предизвикал внимание да се пријават учесници од 15 земји.
„Имаме некаде околу 90 пријавени учесници, од кои селекцијата ја поминаа 74 учесници и кандидати од 15 држави. Бројка која за сега изненадува во услови на пандемија. Имаме кандидати од Германија, Русија, Полска, од бившите југословенски републики, од Ерменија…
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „ проневера во службата“„фалсификување на службена исправа“„злоупотреба на службена положба и овластување“ и „комјутерска измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. (46) од Охрид. Пријавениот, во периодот од 24 ноември 2011 до 11 јануари 2013 година, во својство на службено лице-јавен службеник задолжен за доделување и наплата на гробни места во ЈП„Градски гробишта“Охрид, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, свесно противправно присвоил пари доверени во службата од наплата на гробни места од тринаесе…