Апр 1, 2015

Зошто се сечат дрвата на „Мазија“

Во месноста „Мазија„ во близина на Холандскиот Парк се расчистува обраснатата џбунеста вегетација, се поткаструваат дрвата, а се исечени и некои стари стебла. Граѓаните прашуваат зошто се превземаат вакви активности. Загрижено велат дека сигурно нешто ќе се гради. Некои зад камера коментираат дека тука ќе биде лоциран Центарот на вода кој уште пред неколку години требаше да се гради во непосредна близина на мостот кај каналот. Од Локалната смируваат.Знете дека се што се прави во градов е според претходно донесена програма и урбанистичко решение кое е изгласано на совет. На овој потег ништо …

Апр 1, 2015

Дното на Охридското езеро вистинска депонија

Дното на Охридското езеро вистинска депонија. Местата каде што се влеваат реките Грашница, Сатеска и Даљан има многу наноси и цврст отпад, вели меѓународниот нуркачки инструктор, Милутин Секулоски. Ова е забележано при акцијата за пренуркување на дното на езерото која започна пред еден месец.Во понатамошните активности за пренуркување на езерото покрај тоа што имаме планирано да направиме документарна емисија и изложба на подводни фотографии ќе превземиме и конкретни мерки за чистење на дното на езерото, вели Секуловски.Тоа ќе биде доста сложена и скапа активност, но мора да се спроведе док…

Апр 1, 2015

Денот на шегата и смеата одбележан во охридските градинки и основни училишта

  Охридските деца  од градинките и основните училишта го одбележаа Денот на шегата. Со весели костими и маски се радуваа на 1 Април. Во дворот на ОУ Климент Охридски беше весело. На денот на шегата воразубавувањето на маските по втор пат се вклучува Лајнос клубот Десарети. Овој пат во акцијатa им се приклучи и средното стручно училиште „Св. Наум Охридски“.  Вештите раце на учениците од козметичката  насока  од ова училиште  со нивните професорки и козметичкото студио Изида го разубавија маскенбалот со цртање на  лицата на учениците. „ 40 ученици практиканти од ЕМУЦ од нашето студио лани со …

Апр 1, 2015

Потребно реновирање на домот на култура во населбата Радојца Новичиќ

Мирисот на мувла и влага во просториите, полското веце зад  Домот на култура во населбата Радојца Новичиќ покажува дека на овој објектот му  е потребно реновирање. Во моментов просториите ги користат  фолкорното друштво Охриѓанка,  Теквондо клубот и амбулантата издадена под  концесија. Претседателот на Урбаната заедница, Игор Николески вели дека благодарение на нив го одржуваат во функција  објектот.„ Треба голема реконструкција на домот. Самата местоположба е крај река, ѕидовите се ронат, кровот е од азбест и е штетен, треба да се смени“, наведува Николески. Домот на култура во Радојца Нов…

Јун 18, 2021

Реконструиран базенот за физикална терапија во болницата Свети Еразмо

Заврши реконструкцијата на базенот за физикална терапија во Специјалната болница за трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Конечно се создадени соодветни услови за пациентите од поширокиот регион. Сите кои имаат потреба за лекување ќе  можат да ги користат специјалистичките услуги на современиот центар за физикална терапија  за лекување на болести поврзани со нарушени моторни функции кај човековото тело. Со проектот на Центарот за развој на  Југозападниот регион  чија вкупна вредност е осум милиони денари, извршено е  комплетно осовременување на машинскиот и  базенскиот дел, поставени с…

Апр 1, 2015

Отворен ден во судството

На 02 април 2015 година, ќе бидe одржан „Отворен ден во судството“, со цел запознавање на граѓаните со надлежноста и работата на судовите, како и заради полесно разбирање на базичните постапки и процеси кои се одвиваат во рамки на еден суд. Настанот ќе се одржи во следните судови: Основен суд Струга, Основен суд Охрид, Основен суд Струмица, Основен суд Битола, Основен суд Велес, Основен суд Прилеп и Основен суд Тетово.Отворениот ден ќе трае од 11.30 до 13.30 часот. Во овој временски интервал ќе бидат реализирани посети на заинтересирани граѓани, кои ќе бидат организирани во три групи. Посет…

Мар 31, 2015

Охрид ќе се нуди во пакет на туристи од прекуокенските земји

Охрид како туристичка дестинација ќе се нуди во пакет зедно со дестинации од  Албанија и Грција. Преку овој модел  намерата на туристичките работници е да донесат повеќе туристи.  Со ваквото вмрежување  туристичките агенции од регионот ќе го  следат примерот на туристичка  аранжмани кои што го практикуваат западноевропските земји. Оваа нова можност е привлечна пред се  за прекуокенските туристи, вели Лела Крстевска од Стопанската комора  за туризам на РМ. „ Се работи за т.н туризам експерт груп со посредство на ОЕЦД и Европската унија т.е умрежување на земјите  од регионот  да станат интере…

Мар 31, 2015

Две недели нема интернет во охридските школи

Две недели охридските основни и средни школи се без училишен интернет. Менаџерските тимови и наставниците се снаоѓаат според можностите.   Директоркатa на ОУ Григор Прличев, Силвија Мојсоска за настанатиот проблем објаснува дека без интернет конекција,  кој го користат од фиксната телефонија, е само едната училишна згрaда каде што се одвива предметна настава, но се снаоѓаат за наставниот процес да тече нормално. „ За електронскиот дневник не е проблем. Овде во училиштето имa интернет преку T-home интeрнетот  е добар.Нема само во предметната настава.   Електронскиот дневник некој го води дом…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top