Дек 7, 2020

Богослужби во чест на претстојниот празник на светиот Климент Охридскиот Чудотворец

Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува своите верни чеда дека за време на претстојниот празник на светиот Климент Охридскиот Чудотворец, ќе има богослужба во манастирот посветен на овој наш голем светител на Плаошник во Охрид, и тоа: 1. На 07 декември 2020 год. во 16.00 часот ќе биде отслужена Вечерна богослужба 2. На 08 декември 2020 година, во 07.30 часот ќе започне Утрената богослужба, а пречекот на Митрополитот Тимотј ќе биде во 08.45 часот. Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09.00 часот. Како телесн…

Дек 7, 2020

Продолжува да опаѓа водостојот на Охридското Езеро, денес три сантиметри под дозволениот минимум

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија, водостојот на Охридското Езеро денеска е три сантиметри под дозволениот минимум, покажуваат . Нивото на Преспанското Езеро, пак, за 49 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. За разлика од езерата, кај дел од реките водостоите се повисоки во однос на вчера и на минатиот понеделник. Исклучок е само реката Пчиња кај која нивото денеска е за два сантиметри пониско во споредба со вчерашиот ден.

Дек 7, 2020

Завршија археолошките ископувања во јужната половина на Самоиловата Тврдина -сарајот на Џеладин Бег

Во текот на месец септември-октомври 2020г , во рамките на програмските активности на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј -Охрид , како дел од програмата за култура и буџетски средства на РС Македонија беа реализирани систематски археолошки ископувања во јужната половина на Самоиловата Тврдина – Цитадела, кажува Анатоли Арнаудовски, раководител на проектот. „Истражувањата се во континуитет со ископувањата од 2016г. во делот помеѓу источниот и преградниот бедемски ѕид.Цел беше да се открие целосно овој дел на габаритниот простор на цитаделата во јужната половина, односно…

Дек 7, 2020

Охридската Гимназија го одбележува својот Патрон – Свети Климент Охридски

Oва година нашиот Патронат, денот на светиот учител Св. Климент Охридски, го прославуваме на еден поинаков начин. Во време на светска пандемија овој наш ден , денот на нашето училиште му го посветуваме на великанот на македонската лингвистика и литература Блаже Конески. Македонија ја прогласи следнава година, за година на Конески, еден век од неговото раѓање. Во чест на нашиот свет учител и великанот Конески , учениците од нашето училиште преку видео линкови со снимени рецитации, музички и ликовни творби се вклучуваат во нашето чествување. Нека ни е честит денот, вечно да го славиме. 1 –…

Дек 7, 2020

529 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (06/07.12.2020 година)на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 529 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Дек 7, 2020

Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со директорите на здравствените домови од земјава

Со оглед на тоа што за ризичните групи вакцинацијата е приоритет и високо препорачана, а во насока на организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против ковид-19, Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со директорите на здравствените домови од земјава. На состанокот со директорите на здравствените домови од целата држава разговаравме за организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против ковид-19. Вакцинацијата ќе се одвива во вакциналните пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети. Поставуваме посебен модул …

Ное 17, 2021

Поставено осветлување на мостот кон Канео

После долго време, поставено е осветлување од мостот на желбите кон населбата Канео. Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков рече дека ќе се реши и безбедното движење по мостот. Проблемот со кој долги години се соочуваат жителите на населба Канео е решен со поставување осветлување. Има да се реши и безбедното движење по мостот за населбата Канео со цел подобра поврзаност со централното подрачје – напиша Градоначалникот Пецаков на официјалната фејсбук страна.

Дек 7, 2020

ПРВ АСФАЛТЕН СЛОЈ НА УЛИЦАТА „АБАС ЕМИН“

Викендов е оставен првиот асфалтен слој на дел од коловозот на улицата „Абас Емин“. Согласно предвидената динамика, претходно, во рамки на првата фаза од проектот за реконструкција, на овој потег беше поставена нова атмосферска, фекална и водоводна линија со ископ во длабочина од 3,5 метри и ширина од 2 метри и беше извршено преприклучување на корисниците. Исто така беа реализирани активности за соодветно тампонирање и поставување на рабници. Паралелно со асфалтирањето на коловозот, тековно се изведуваат градежните активности за поставување на атмосферската, фекалната и водоводната мрежа н…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top