Јавен повик и покана до охриѓани да се приклучат на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во понеделник денес упатија од општинскиот комитет на партијата. Од комитетот порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ во понеделник, заедно со македонскиот народ, со сите свои браќа, албанци, турци, власи, роми, срби, бошњаци и сите други граѓани на Република Македонија, ќе упати повик за стабилна и силна Македонија. „ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите сограѓани, во понеделник ќе покаже дека како и секогаш досега се бори и ќе се бори за стабилна, силна и економски развиена Македонија. Граѓаните на Македонија ќе излезат на улиците в…
Денес ќе се задржи многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Tемпературата на места во југоисточниот дел од земјата ќе го надмине 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово, а во јужновардарскиот регион црвено ниво за опасност од високи температури.
Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
UV индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 34. степени.
„Продолжува периодот н…
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денес го посетија Центарот за социјална работа каде што во моментов интензивно се работи на негова реконструкција. Градончалникот Бакрачески истакна дека добро е што се прават напори за подобрување на условите за работа во оваа институција не само за вработените туку и за странките кои доаѓаат тука, бидејќи ќе добиваат услуга на еден подобро организиран начин. „Ние како сериозна локална власт и понатака остануваме посветени во делот на социјалната политика ќе ги координираме и понатака активнос…
20 бесплатни обуки за заварувачи, готвачи, шивачи и машинисти. Локалната самоуправа во рамките на нивната програма за помош на социјално ранливите категории денес го објави огласот за доделување бесплатни курсеви за 20 невработени лица. Како што истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески целта е стимулирање на социјалната интеграција на невработените на ниво на општина Охрид и подобрување на нивните квалификации за идно вработување. Со курсевите ќе бидат опфатени по пет лица од секоја од наведените стручни профили.„Право на пријавување на овие курсеви имаат лица кои се евидентирани …
Култната емисија „Не бери гајле“, на охридското Супер Радио, го прслави својот јубилеј, 10 години постоење. До ден денес таа се емитува во континуитет, сигурно е една од ретките ако не и единствена музичка емисија во историјата на радиото со толку голем стаж. Роденденот беше повод да врземе лав муабет со уредникот на емисијата Жанко Зш Голабоски за интересните моменти кои ја креираа историјата на ветераните меѓу музичките емисии и која од како се појави до ден денес е задолжителен ритуал на многу охриѓани но и стружани. „Се се сучи пред десет години во десет минути разговор со Митанон, раск…
Здружението на туристички водичи и придружници „Кеј“ од Охрид, демантира дека го поддржуваат новоформираниот туристички сојуз. По прилогот на Телевизија ТВМ емитуван во Дневникот на 14.05.2015 год, во кој беше изнесен ставот на Климент Наумов, претседател на „Кеј“, кој во телефонски разговор и беше пренесен на новинарката од телевизијата, дека здружението ја поддржува секоја иницијатива за подобрување на туристичката понуда на градот но без притоа да прецизира дека туристичкиот сојуз не го поддржуваат, денеска пристигна демант. Во писмениот демант испратен до нашата редакција стои: „Основач…
Дел од основните и средни училишта од градов сеуште немаат планови за заштита и спасување. Како образовни институции, изработката на ваквите планови вклучително и плановите за евакуација во случај на неповолен настан, според Законот за заштита и спасување се задолжителни за сите образовни и јавни институции. Црвениот крст од Охрид досега има изработено вакви планови за осум училишта во Охрид и Дебрца како и за сите објекти на градинката „Јасна Ристеска“. „Остануваат уште неколку училишта кои што сеуште немаат планови и како што секоја година апелираме, апелираме и сега до локалната самоупра…
Никола Грунчески има 18 години и е матурант во колеџот Јахја Кемал. Ово ј млад човек моментално се наоѓа на животниот крстопат кога треба да одлучи по кој пат да тргне. Секој правец е послан со задачи, бројки и геометриски фигури и тела, но некој води до престижните европски универзитети, а некој во соседните земји. Никола од кога знае за себе се дружи со математиката. Добиеното прво место на регионалениот натпревар кога бил четврто одделение бил пресуден за тој да ја засака математиката и да и се посвети максимално. Се ределе успеси и награди на државно ниво, но со започнувањето на сре…