На државното Првенство во Футсал за основно образование кое се одржа од 14 до 16 мај 2015 година во Скопје општина Карпош, уцениците од ОУ Христо Узунов го освоиа високото 3 место во Р Македонија.Претходно во голема конкуренција на регионалниот натпревар во Кичево на екипи од Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и Охрид учениците од ОУ „Христо Узунов“ го освоија првото место .
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека сабота 23-ти мај 2014 година е Националниот ден на Власите и истиот е неработен ден за припадниците на влашката заедница.Според Програма на неработни денови за 2015 година, во недела на 24-ти мај се празнува државниот празник „Св. Кирил и Методиј“-ден на сесловенските просветители, а неработен ден за сите граѓани на Република Македонија ќе биде понеделник 25-ти мај 2015 година.
Во пресрет на летната сезона и очекуваните високи температури карактеристични за овој период, СВР Охрид изготви конкретни оперативни планови за зајакнати мерки од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Во таа насока, СВР-Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем.Свр Охрид, територијалната против-пожарна единица, ЦУК, …
600 примероци од ексклузивна книга ќе ги потсетуваат високите претставници и делегации на убавините на Охрид. Оваа луксузна фотоброшура за Охрид веќе е испечатена и станува збор за комплетно авторска творба, односно сите фотографии и целокупниот текст се авторски дела на печатарската куќа Идеа плус од Скопје која е условно „виновна“ за оваа промотивна фотоброшура.„Целта на оваа фотоброшура или бела книга е да биде делена на високи гости би рекол. На лица пред кои треба да се претставиме на повисок начин. Нема да биде за масовна употреба бидејќи за таа намена имаме доволни количини промотиве…
Одземањето на правниот статус на месните заедници премногу ја отежнува состојбата, вели претседателот на Месната заедница Куратица, Горан Ангелоски. Секнаа финансиите за урбаните и месните заедници со укинувањето на жири сметките. Нема заинтересирани донатори кои би издвоиле пари за поправки или изградба на објекти во селските или градските средини. Нема можност за аплицирање на проекти до предпристапните фондови. Со законските измени од пред 7-8 години кога се укина статусот на правни субјекти и останаа без посебни жиро сметки, тие се доведени во ситуација да чекаат пари само од Локалнат…
Поради зголемениот интерес вечерва пред охридската публика повторно ќе биде изведена претставата „Крик за љубов“.
Претставата е работена по текст на Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Ќе се одигра во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот, а влезницата чини 200 денари.
Тројца охриѓани на пиедесталот на државното првенство во воздухопловно моделарство во Прилеп. Аероклубот Охрид на ова 63то издание на првенството традиционално се закитува со медали, а годинава од таму донесе дури четири и тоа златен, сребрен и бронзен медал во моделите со гума ф 1 б и бронзен медал во едрилиците за јуниори ф 1 х. На еден од најдобрите балкански спортски аеродроми во Коњари, нашите моделари Александар и Митко Цветаноски и Климент Масин, во тешки услови, со силни ветрови ги постигнаа овие одлични резултати. Од таму се вратија уморни, но со медали на градите.„Во овие класи ко…
Цените на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денар, додека дизелот поскапува за половина денар, според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.Новата цена на евросупер-95 изнесува 70,5 денари, а на евросупер 72,5 денари. Дизелот од ноќеска на полноќ ќе чини 58 денари за литар.Според одлуката на РКЕ и според цената на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар, а новата цена изнесува 46,5 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,705 денари за килограм и ќе изнесува 28,934 денари.