Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 23.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.„Бараки„). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
По повод месецот на ретки болести, градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со Гордана Лолеска, претседателка на здружението ,,Ретко е да си редок“.
На средбата се разговараше за поддршката која Општина Охрид ја дава за лицата со ретки болести. Годинава за прв пат во општинската програма за социјална и здравствена заштита се воведени стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести, кои учат и студираат во државни и приватни училишта односно универзитети.
Градоначалникот Пецаков потенцираше дека децата и младите од оваа категорија заслужуваат подаде…
Живко Митрески е реизбран на функцијата претседател на Сојузот на Синдикати од сите 98 делегати , претставници од 17 гранкови синдикати на денешниот конгрес одржан во Охрид.
Овој избор покажа дека сојузот на синдикатите е движечка синдикална сила коjа покажа што сака и како с е брaнат работничките права, рече при тоа Митрески.Во презентирањето на новата програма пред делегатите на 19 -тиот Конгрес, Митревски истакна дека новото раководство како претставничко тело на работниците во новиот мандат ќе се залага за понатамошно подобрување на социјалната и материјалната положба на работницит…
Туристичките агенции можат до 8 август да се регистрираат на платформата за летување Дома си е дома. Работнците од овој туристички сектор први ја почувствуваа економската криза од пандемијата, а и најтешко се опоравуваат од нејзините последици. Агенциите до сега не беа вклучени во економскиот пакет мерки кој државата го обезбеди како помош за граѓаните и домашниот туризам за да се ублажат негативните економскиот последици од пандемијата, вели Јаким Маленко од ТА Виспој.
„Ова можеше да се реши од самиот почеток доколку се заземеше стратегија и се направеше правилник ваучерите исклучиво да …
Звуци на национални инструменти од Камерун, впечатлива и колоритна традиционална облека, малку историја, малку национална кујна. Студентите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ на третиот „Ден на култури“ се запознаваа меѓу себе, учеа за културата, традицијата и историјата на своите колеги од универзитетот, пееја и се забавуваа. Покажаа дека светот во кој живееме е мултикултурен. Еве со што се претставија дел од нив.„Имаме едно јадење во Египет што се вика Фул, тоа е грав, но е доста популарен има и домати во него и некои други елементи, но кога ќе се подготви е навистина вкусно. Секој што ќ…
Христијанските верници денес го празнуваат Вознесението Христово. Во Горно Лакочереј беше преосветена манастирската црква во манастирот Св Спас. По светата архиерејска литургија Владиката Тимотеј ги освети и новоизградените конаци. Убаво уредниот простор околу манастирот со сите придружни објекти беше исполнет со голем број верници. Меѓу бројните посетители беше и охридскиот градоначланик Никола Бакрачески со неговите соработници и директори на неколку јавни претпријатија.Манастирскиот амбиент сместен во зеленилото на околната шума, дишеше со духовност и смирение. Посетителите не останаа…
Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви го најавува одржувањето на вториот по ред Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши Театар“.Целта на овој Аматерски Младински Театарски Фестивал е поттикнување на младите во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери на Црвен крст Охрид, н…
Екипите на „Јавна хигиена„ и „Јавно зеленило„ со заедничка акција го уредуваат јавното зеленило во приградските населби. Акцијата трае континуирано оваа работна седмица, а ќе продолжи и во наредната седмица. Тревните површини околу коловозите и другите јавни зелени површини се косат и се отстрануваат гранки и друга вегетација која попречува во нормалното одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Изминативе два дена се уредуваше с.Лескоец, денес Горно Лакочереј, во текот на утрешниот ден Горно Лакочереј, во петок Косел, а во сабота Велгошти.Пред престојниот верски празник се расчистуваш…