Мај 23, 2015

Генерацијата првооделенци 1959та година од ОУ „Климент Охридски“ се присети на дружењата во училишните клупи

Со продорниот звук на тешкото ѕвоно, генерацијата првооделенци од 1959та/60та година од ОУ „Св.Климент Охридски“ денес повторно се сретна во ученичките клупи.Искрени прегратки, радост, неверување и по некоја скриена солза. Срцата не успеаа да ги скријат силните емоции на една генерација што се обединува после цели пет децении. Се расприкажаа меѓу себе, некои се дружеле сите овие години, некои сега повторно се запознаваа, некои ги оставиле своите сегашни животи патувајќи илјадници километри за да се видат со луѓето со кои пред многу години ги делеа ученичките клупи, фудбалската топка или уж…

Мај 23, 2015

ЧЕСТИТКА по повод Националниот Ден на Власите 23 Мај

Во име на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Охрид, во пресрет на 23 Мај упатувам честитка до припадниците на влашката заедница во Охрид по повод Националниот ден на Власите.Влашката заедница во Охрид отсекогаш била посветена и лојална на својот град . Секогаш сплотена во заедништво со останатите заедници придонесувала за развојот на Охрид и за негова промоција како културно историска вредност низ светот, воедно внесувајќи се во економската изградба на Градот и неговата иднина. Охрид , чувствувајќи ја таа посветенос…

Мај 23, 2015

Власите насекаде во светот денес слават

  Власите насекаде во светот, денес слават. 23-ти мај е Национален ден на Власите, кога во 1905 година, турскиот султан Абдул Хамид Втори, за прв пат ги признал Власите како посебен народ, со документ во кој им дава право да го користат својот мајчин јазик, да организираат школи на влашки јазик  да имаат право на одржување на богослужба на влашки јазик, да публикуваат книги и списанија на влашки јазик, како што изјави Драги Коровешкски претседател на здружението „Луниња“.„Многу често се поставува прашањето на што се должи во тој момент признавањето на власите. Најверојатно се работи за едн…

Мај 23, 2015

Пензионерска ревија во Охрид

Над 120 фолклористи од осум градови од југо-западниот крај на Републикава, со староградски рефрени, изворни песни и ора од руралните средини, денеска учествуваа на 13 тата Фолкорна ревија која по трет пат се одржува во нашиот град. Со 15 минутен настап нашите пензионери прикажаа како некогаш се славела охридска визита со слатко, леблеби, ракија сок и визитарски колачи. Порано на визитите било многу весело, се пеело, свирело, но редот се знаел, кога доаѓа нова тура на гости тие што биле порано дојдени, станувале. Амбиентот кај славеникот бил со газиени ламби, бидејќи во тоа време немало стру…

Мај 22, 2015

Охрид во борба за зачувување на биолошкиот диверзитет со кој расоплага

 Ендемичната охридска пастрмка, охридската белвица, јагулата, преспанскиот крап се само мал дел од огромното природно богатство кое го имаме на дланка. Охридско-преспанскиот биосферен резерват е еден од најбогатите региони со животински и растителен свет во земјава, но и многу пошироко. Денес, на меѓународниот ден на биолошката разновидност, Охрид се соочува со борба за зачувување на она што не смее да се изгуби, природните реткости кои го прават да биде уникатен сам по себе. „Фондот на животински свет кој што постои во НП Галичица кој може да се напомене и од големите животни цицачи се до…

Јун 25, 2021

Промоција на книгата „Македонија со љубов- Езерки 7/8“ вечерва во Охрид

Книгата „Македонија со љубов- Езерки 7/8“ од хрватската авторка Џудита Реј Худачек ќе биде промовирана вечерва во Охрид. Авторката е претседател на Хрватско-Македонската заедница во Загреб и еден од основачите на друштвото „Езерки 7/8“. Идејата на книгата е да претставува туристички водич од гледиште на Хрватите за Македонија. Во оваа книга наместо технички податоци како во класичните туристички брошури, авторката го изразува емотивното доживување на луѓето и зошто одново се враќаат назад за на крајот да открие дека дека топлината на самите луѓе и македонската душа е тоа што ги врзува луѓет…

Мај 22, 2015

Охридските матуранти го одиграа традиционалниот квадрил

 Синхронизирано, точно во 12 часот на знакот даден од Љубљана, колевката оваа традиција, матурантите од охридските средни училишта го заиграа штраусовиот квадрил заедно со своите врсници од 75 други градови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Море од црвени чадори и матуранти облечени во црвени и жолти маички ја продолжија традицијата и по десетти пат ја изведоа матурската парада. Учеството во неа, незаборавно за матурантите. „Чувството е многу убаво и незаборавно. Многу добро си поминавме додека вежбавме и сега исто така.“ „Ние како генерација сме…

Мај 22, 2015

Доделени диплолмите на ФТУ Охрид

Гордост за еден град и на државата во целост е да има високообразовани кадри кои се движечка сила на развојот. Една генерација дипломци на ФТУ Охрид денеска го заокружи поглавјето од животот посветено на факултетското образование.  Денес во оваа установа беа доделени 99 дипломи на студенти од студиските програми од областа на услужниот сектор. Нашите очекувања се овие дипломци да бидат амбасадори и промотори насекаде во светот на полето на туризмот,  што истакна Првиот човек на ФТУ, Проф Сашо Коруноски.„Денеска ќе ни биде чест да доделиме 99 дипломи за прв циклус и 17 дипломи за втор циклус…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top