Од Ј.П. „ Охридски Комуналец” ги информираат граѓаните на Општина Охрид дека утре, 6- ти јуни (сабота) се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница 3 и 4, населбите „Кошишта“ , „Воска“ и „Даљан“.Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
77 волонтери од Општа болница Охрид, денес добија решенија за работа на неопределено работно време. Потпишувањето на договорите следува по носењето на Законот за трансформација во редовен работен однос во јавното здравство кој се изгласа во февруари годинава. Довчерашните волонтери не ја криеја неизмерна радост и солзи во очите, а имаше и такви кои донесоа торта за да биде блага работата.
„Скоро 12 години бев волонтер со договор на дело. А сега моменатално сум многу благодарна од премиерот Никола Груевски, Никола Тодоров и нашиот директор што ни ја овозможија денес оваа голема радост. Благ…
Согласно Програмата за заштита на животна средина и природа секоја година ќе се врши доделување на пластични канти од 120 л за селекција на отпад на домаќинствата на територија на Општина Охрид.
Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства на следните улици: „Григор Прличев“, „Петар Чауле“, „Боро Шаин“, „Христо Узунов“, „Аргир Маринчев“, „11-ти Октомври“, „Бранко Шотра“, „Нада Филева“ и “Димче Маленко“. Граѓаните кантите ќе можат да ги подигнат во просториите на Ј.П.„Охридски Комуналец“, Р.Е.„Механизација“ на ул.„АСНОМ“. При подигнувањето на кантите треба да приложат лични док…
Автобускиот меѓуградски сообраќај на Охрид со другите дестинации ова лето ќе се одвива нормално. Поаѓањето и доаѓање на автобусите, издавањето на билети ќе се одвива и понатака на тој простор, велат од општина Охрид. Земјиштето на Автобуската станица го презеде компанијата Делфина турс од досегашниот превозник Галеб, а го купи градежното земјиште за да гради современа автобуска станица. Сега на просторот се случуваат некои градежни работи па граѓаните се прашуваат како функционира автобуската во претстојната туристичка сезона. „ Градежните активности ќе стартуваат подоцна. Но, компанија…
На 25-ти јуни 2021 година, во 20:15 часот на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 20-годишниот Б.К. од струшкото село Радолишта.
– При преглед во неговото патничко возило марка „БМВ“ со струшки регистарски ознаки била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
Реплика на охридскиот рибарски чун заплови во езерските води. После 3 децении се изработи охридскиот чун според изгледот на оргиналниот чун кој беше уништен пред неколку години од одрон на карпата кај Лапидариумот. Неговата пловност денес беше испробана на пристаништето и предизвика љубопитност кај многу охриѓани и туристи.Чунот ќе биде само музејски експонат, информира архитектот Горан Патчев од Завод и Музеј. „Ова беше пробна пловидба да видиме како чунот ќе се однесува во вода, беше успешно. Сега го носиме во лапдириумот кај Робевци. Таму ќе биде изложен и ќе се припреми соодветна и…
На пригодна свеченост и со финален фудбалски натпревар, синоќа во охридското село Подмоље беше ставено во употреба повеќенаменското спортско игралиште за фудбал, кошарка и одбојка. Игралиштето кое се протега на површина од 750 метри квадратни е добро осветлено, оградено и хортикултурно уредено со пристапни патеки и скали кои водат до новите навивачки трибини. Градоначалникот Никола Бакрачески кој вечерва се обрати пред присутните укажа на важноста од спортот и спортувањето а најави и нови маалски и детски игралишта во градов. -Ова повеќенаменско игралиште за фудбал , кошарка и одбојка ќе …
Засега непознат сторител извршил кражба на пари од црквата „Св. Никола“ во Пештани. Настанот се случил вчера околу 09 часот кога сторителот низ отворените врати влегол во внатрешноста на црквата и во еден дел ја забележал металната каса.Тука употребил подесен алат, насилно ја отворил металната каса, противправно одзел околу 1000 денари и избегал. На местото на настанот, извршен е увид. СВР Охрид работи на расчистување на случајот и идентификација на сторителот.