Јун 8, 2015

Нема мали општини и држави во битката со климатски промени

 Придонесот и одговорноста во борбата со климатските промени е товар што треба да го преземат и најголемите и најмалите општини, и најголемите и најмалите држави. Ова е само дел од поентите искажани на втората меѓународна конференција за климатски промени која се одржува во Охрид. Истата е насочена кон креирањето на општински стратегии за климатски промени односно планирање на идните чекори кои локалните самоуправи ќе треба да ги преземат за да го дадат својот придонес во намалување на емисијата на штетни гасови. Градоначалникот Никола Бакрачески, како домаќин ја отвори оваа конференција и…

Јун 8, 2015

Најтрофејниот АK од Охрид бара финансиска поддршка од градските власти

Атлетскиот клуб Охрид иако важи за еден од најуспешните градски клубови со рекордери и прваци во Македонија нема поддршка од  градските власти.  И годинава, како и минатата,  од Локалната самоуправа добиле негативен одговор на писменото барање за помош, вели проф. Влатко Димитров, македнскиот атлетски  селектор и претседател на охридскиот клуб. Додека другите иако помалку успешни атлетски клубови добиваат финансиска помош од своите општини, тоа не случај и со нашата локална власт.  Од минатата година на клубот му се заканува опасност  да згасне по 38 години успешно постоење и  работи  во се…

Јун 8, 2015

Првите канделабри на пешачката патека

Пешачката патека од каналот Студенчишта до Парк, ги доби и првите канделабри.Инаку оваа пешачката патека ќе претставува авенија широка 12 метри во прва фаза долга 210 метри, со пешачка, велосипедска, патека а на средината ќе биде холтикултурно уредена. Од локалната велат дека патеката се гради во фази од два аспекти, финансискиот и согледување на искуството од реализација на модерни инфраструктурни зафати кои прв пат се реализираат во општина Охрид.  

Јун 8, 2015

Охриѓанец омаловажувал полициски службеници

Поради постоење основи на сомнение за сторено дело согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир, СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Р.В. (44) од Охрид. На петти овој месец, пријавениот на јавно место извршил нарушување на јавниот ред и мир со вербален напад, омаловажување и навредување на полициски службеници кои во моментот извршувале службени задачи од областа на безбедноста. Настанот се случил во 11 часот и 30 минути на крстосницата на булеварот „Туристичка“ со улицата „Распаќе“ во Охрид каде полициските службеници вршеле контрола во патниот сообр…

Јун 6, 2015

Битката за спас на охридската пастрмка доби ново поглавје

Ново поглавје во вечната битка за зачувување на ендемичната охридска пастрмка. Дипломираниот инженер-агроном и независен екологист, Лазо Наумоски, во едно научно книжевно издание, под насловот „„Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“ дава еден сеопфатен увид врз предизвиците во заштитата на пастрмката. Според него, оваа надалеку препознатлива охридска риба се наоѓа во една кризна ситуација, па дури и дека се наоѓа на прагот на истребување. Причините за тоа, Наумоски ги гледа во начинот на нејзин излов. „Мислам дека и понатаму е во криза затоа што се работи с…

Јун 6, 2015

Црвен крст Охрид доби контењер за донирана облека

Алфа банка – Охрид на ОО на Црвен крст на им донираше Контењер. Неговата намена е да се користи како место, каде сите хумани граѓани ќе имаат можност да донираат облека. Ваков контењер за прв пат се поставува во општина Охрид вели секретарот на Црвениот крст Мимоза Ставрева. Таа нагласи дека овој контењер претставува олеснителен начин како за граѓаните така и за Црвен крст за прибирање и распоредување на донираната облека. „Од 2009 година заедно со групацијата Алфа Банка, конкретно со експозитурата во Охрид имаме континуирана соработка по повод  волонтерскиот ден на банката. Во  изминатите …

Јун 27, 2021

Денеска се прославува празникот Сите Светии

Овој празник се празнува во манастирот „Си Свети“ во селото Лешани, во неделата по Духовден и меѓу народот повеќе е познат како Сисвети. Празникот се однесува на сите светци. Црквата го востановила за заедничко сеќавање и празнување на сите светии. Се празнува за да им се оддаде почит на оние светци чии имиња не се познати како поради нивната бројност така и поради тоа што нивниот култ во одредени краишта не заживеал. Споменот на овие светци се празнува заедно со споменот и на оние светци што имаат и посебни празници, за да се покаже дека сите верувале во еден Исус Христос и за него стра…

Јун 6, 2015

Дали педесетгодишниот дрворед на улицата „Кузман Капидан“ ќе се исече?

Група граѓани, жители на ул. „Кузман Капидан“ до Градоначалникот, Секретарот, Советот на Општина Охрид, Инспекциските служби, како и до Комисијата за превземање на мерки и активности за отстранување на дрва на територијата на Општина Охрид, доставиле барање за ургентно санирање на дрворедот на оваа улица. Во барањето се наведува дека дрвата се стари 60-70 години и дека некои од нив се исушени, деградирани и енормно високи. Граѓаните предлагаат да се исече целиот дрворед и да се засади нов, а целиот простор хортикултурно да се уреди, како и да се постават клупи и канти за отпад. „Образлож…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top