Јун 17, 2015

Променливото време ја наполни Итната медицинска помош во Охрид

Променливото време причина да се зголеми бројот на пациенти во Службата за итна медицинска помош во Охрид. Изминативе неколку дена во ургентната амбуланта имало двојно повеќе повици, а дури за три пати се зголемени прегледите во дежурната служба, обелоденува раководителот на оваа служба д-р Горан Симјаноски. Според него, најчесто во службата за итна помош се обраќаат пациенти со хронични заболувања, кардио васкуларни и респираторни заболувања, а временските промени најмногу ги чувствуваат лицата од постарата популација. Д-р Симјаноски појаснува кои се вообичаени симптоми и во кој случај пац…

Јун 17, 2015

Екс директорот на Здравствен дом Охрид сам се предаде

Митко Дабески, поранешниот директор на Здравствен дом Охрид по 4 месечно бегство, утрово и се предаде на охридската полицијата. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, Дабески е предаден во Основниот суд во Охрид, каде му е изречена мерка притвор од 30 дена.„Осомничениот рано утрово околу 6 часот самоиницијативно се пријави во СВР Охрид по што веднаш е спроведен во Казнено поправната установа затвор,  Охрид. Во врска со целокупниот настан во месец март распишана е централна потерница по сега осомничениот и сега притворениот“ – изјави Димоски.Инаку Дабески, со уште двајца…

Јун 17, 2015

Охридската вода исправна за пиење

Охриѓани слободно можат да ја пијат водата од градскиот водовод. Најновите податоци од Центарот за јавно здравје покажуваат добар физичко- хемиски и микробиолошки квалитет. Останува проблемот со водата од селските водоводи која е со променлив квалитет, поради нередовното користење на средства за дезинфекција. Квалитетот на водата на шесте јавни градски чешми во Охрид е задоволителен и водата може да се користи за пиење. Редовно се следи и состојбата со квалитетот на водата во Билјанини извори. Анализите покажуваат дека таа е со променлив квалитет. Се контролира и водата од изворот кај црква…

Јун 28, 2021

Утре започнува исплатата на јунските пензии

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките се реализира во четири групи, според висината на пензијата:– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник);– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда);– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.07.2021 година (четврток);– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.07.2021 година (петок). Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува…

Јун 16, 2015

Ново лето стари проблеми

Просторот помеѓу улиците Коста Абраш и Цар Самоил повторно преполн со паркирани возила. Жителите на Стар град често пати не можат да си дојдат дома, бидејќи улицата е блокирана од паркираните автомобили. Иако од Секторот за комунален развој при Локалната самоуправа уште минатото лето беа поставени два знаци за забрането запирање и паркирање и од едната и од другата страна на спојката, непосредно до ресторанот Чун, несовесните возачи упорно ги игнорираат и не ги почитуваат. Во вакви случаи  кога се прекршуваат сообраќајните знаци, обврската за постапување е во рацете на сообраќајната полициј…

Јун 16, 2015

Бакрачески излезе од ИК на ВМРО ДПМНЕ за целосно да се посвети на Охрид

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески веќе не е член на ИК на ВМРО ДПМНЕ. За ТВМ изјави дека тоа е поради две причини. Прво, бидејќи тој самиот барал зошто сакал повеќе да се посвети  на решавањето на проблемите на градот и на многубројните проекти кои се во тек и кои престојат во периодот што следува, а второ бидејќи ваквата промена е дел од концептот на  партијата според кој на секои две години се прават ротации и се внесуваат нови и свежи кадри. Инаку, на завчерашната седница Емил Димитриев беше по втор пат избран за Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Во новиот состав на Извршниот К…

Јун 15, 2015

Жителите на Велмеј и Лешани се изјаснија за неопходна изградба на канализациона мрежа

Жителите на Велмеј и Лешани се изјаснија за неопходна изградба на канализациона мрежа. Во текот на минатиот викенд во населените места Велмеј и Лешани. Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски со стручно лице од општинската администрација одржа средба со месното население каде што беа презентирани проектите за изградба на фекална канализација во с.Велмеј и с.Лешани со заедничка прочистителна станица во с.Грко Поле. Со овие проекти претходно беше аплицирано во Светска Банка, од чија страна истите беа прифатени и се во крајна фаза на одобрување-информираат од локалната во Дебрца. Жит…

Јун 15, 2015

Џентилони: „Справувањето со мигрантите-заеднички товар на сите европски земји“

Прашањето со мигрантите една од топ темите на денешниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите членки на Централноевропската иницијатива. Според министерот за надворешни работи на Италија, Паоло Џентилони, најважно е заедничкото справување со ова прашање. Џентилони вели дека има неколку аспекти кои се клучни во ова прашање како што се активностите во земјите на потекло на миграцијата, активностите против трговците со луѓе, активностите за спасување на море како и предлогот на Советот на Европа за релокација на мигрантите. „Ова не е чудесно решение за прашањето на миграцијат…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top