Ова беше прв меѓународен Таеквондо ИТФ натпревар во живо на овие простори после речиси две години. Учествуваа околу 400 натпреварувачи од 7 земји (Македонија, Бугарија, Грција, Кипар, БиХ,Украина и Молдавија) при што беа донесени најдобрите поединци, за да ја проверат нивната форма , со надеж да се учествува на Европското првенство доколку е се во ред, кое треба да се одржи од 25-31 октомври во Хераклион на Крит.
– Во текот на оваа пауза се трудевме да го одржиме натпреварувачкиот дух и добрата подготвеност на натпреварувачите, при што учествувавме на два онлајн натпревари. Иако немавме …
Татко и две девојчина, од кои едно бебе, а другото на две години, како и возач на товарно моторно возило ги загубија животите во тешка сообраќајната незгода кај селото Колари. Трагичната несреќа се случила синоќа околу 18 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар при директен судар на патничко возило марка Волво и товарно моторно возило Форд. Автомобилот Волво во кое се наоѓале членови на семејство од селото Зајас, се движело од Гостивар кон Кичево, а пикапот марка Форд се движел во спротивна насока. Причините за сударот сеуште се утврдуваат, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Ох…
Една од најважните алатки за изградба на институциите и граѓанското општество се медиумите. Регинот на Западен Балкан се соочува со проблеми со слободат ан амедиумите и нивниот квалитет. Политичари од западен Балкан разменуваат идеи за иднината на регионот. Регионот има проблем со слободата на медиумите. Без поинакви медиуми тешко дека ќе се достигне минимумот за изградба на јаки и одговорни институции, подвелекува Соња Лихт претседателката на Белградскиот фонд за политички развој. Таа е учесник на семинарот за регионалните академии за демократија од Западен Балкан. Зa демократската а…
Православните верници денес го празнуваат споменот на Св. Наум Охридски, светецот што вршел чуда за време на животот и после смртта, основоположникот на охридската книжевна школа. Тој освен по книжевната работа меѓу народот бил познат и како исцелител. Чудата на Св Наум се претставени и на фреските од неговиот манастир на брегот на Охридското езеро кој од синоќа е исполнет со верници кои носат дарови и се поклонуваат пред моштите на големиот светец.Манастирскиот комплекс „Свети Наум“ низ вековите важел за мистично место каде голем број луѓе доаѓале да се помолат и да побараат лек за својата…
Градскиот базен „Атина Бојаџи“ за оваа летна сезона официјално ќе започне со работа од претстојниот викенд ( 4-5 јули ) и ќе биде отворен за сите заинтересирани пливачки школи и рекреативци – љубители на пливањето.Градскиот базен ќе работи секој ден од 08 : 30 до 20 часот, така што во работен ден ( понеделник – петок ) пливачките школи ќе имаат резервирани термини предпладне од 08 : 30 до 12 часот и попладне од 17 : 30 до 19 : 30 часот додека терминот за рекреативците ќе биде од 12 – 18 часот. За времена викендите ( сабота и недела ) градскиот базен ќе биде целодневно отворен за рекреативци…
Св. Наум заедно со Св. Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методи. По завршувањето на Моравската мисија Св. Наум заедно со Св. Климент својата благородна мисија на ширење на словенската писменост и култура ја продолжиле во областа Кутмичевица на брегот на Охридското Езеро. Тие се основоположници на охридската книжевна школа.Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил.Таму тој ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат и како исцелител и за вр…
Се поголем е револтот кај граѓаните на ул „Сирма Војвода“ и дел од ул „Момчило Јорданоски“. Велат дека преминат е прагот на нивното трпение. Бараат од надлежните, да престанат да двааат празни ветувања и рокови за асфалтирање, да излезат од нивните канцеларии на терен и да донесат машинерија која ќе асфалтира. Пристапните патишта до нивните куќи и станови, како што велат, на само 15 минути од центарот на туристичкиот бисер, скоро 3 децении чекаат асфалт. Денеска група жители излегоа пред камерата на ТВМ со цел да ги потсетат надлежните, на нивната, како што кажаа, „дива“ и заборавена насел…
Охридските средни училишта полека но сигурно ги исполнуваат своите капацитети. На крајот од првиот, јунски уписен рок после двете пријавувања, солидни бројки покажуваат во општинскиот електромашински училишен центар „Св.Наум Охридски“. Таму, според директорот Јане Цаноски, најголем интерес полуматурантите покажале за профилите електротехничар за компјутерска техника и автоматика, профилот техничар за патен сообраќај и профилот козметичар-техничар во струката лични услуги која веќе е оформена како паралелка иако има уште некое слободно место.
„Како училиште, општинскиот електромашински учил…