Јул 13, 2015

На сила е времен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 01.07. до 31.08. на државните патишта во Република Македонија има времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 15 тони. Забраната важи за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.Временските интервали во викендите се: петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.Ограничувањето не се однесува н…

Јул 11, 2015

„Кармина Бурана“ најава за 40 исполнети вечери на фестивалот Охридско Лето

Со шпанскиот спектакл, прекрасната сценска кантата „Кармина бурана“ на продукцијата Ла фура делс Баус, македонската филхармонија и македонската опера и балет утревечер свечено се отвора 55то јубилејно издание на фестивалот Охридско лето. Сцената на Антички е подготвена да ги угости посетителите, и уметниците кои според директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска ќе приредат концерт за уживање. Јанкуловска потенцира дека овогодинешниот концепт на фестивалот ќе подразбира дека сите вечери ќе бидат настани сами за себе, со свое значење и вредност. „Покрај свеченото отворање кое што збор…

Јул 11, 2015

Педијатрите предупредуваат да се заштитат бебињата од канцерогените УВ зрачења

Внимателно со изложеноста на директна сончева светлина. Иако најчесто луѓето се загрижени поради високите температури, сепак најголемата опасност според докторите не доаѓа од високата температура на воздухот, туку од високиот индекс на УВ зрачењето. Педијатрите предупредуваат дека особено подложни на штетните влијанија на штетното ултравиолетово зрачење се бебињата и малите дечиња. Предупредуваат дека мајките во никој случај не би требало да ги изложуваат своите дечиња на директна сончева светлина од 11 до 17 часот како би се заштитила нежната бебешка кожа. „Кожата е голем орган кој што па…

Јул 11, 2015

Локалната чека средства од Министерство за транспорт за обележување на долгоочекуваните велосипедски патеки

Дали охриѓани конечно ќе добијат репрезентативни велосипедски патеки во очи се поинтензивниот развој на урбаниот велосипедизам? Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот заедно со локалната работат на создавање услови за што помасовна употреба на велосипедот како превозно средство, но и како средство за рекреација. Претседателот на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Стефан Димоски вели дека идејата е велосипедска патека на секоја улица. „Ние како идеја го имаме тоа замислено, ставена е идејата на хартија, вметната е во годишната програма и секако како таква е доставена до…

Фев 22, 2022

Жителите на Лакочереј најавуваат протести откако „Лев Тахор“ се сместија во нивното село

Членовите на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои претходно престојуваа во Куманово и Скопје од вчера се во охридското село Лакочереј, тврдат мештаните. Според нив групата од 38 членови, повеќето од нив малолетни лица, е сместена во еден хотел. Вознемирени и уплашени за безбедноста жителите на селото излегоа на улица со барање да се исели групата поради тоа што се плашеле за нивната безбедност. Доколку не се случи тоа најавуваат протести. Цело село е вознемирено. За првпат во мојот живот јас го гледам селото толку вознемирено и уплашено. Бараме начин како групата да се исели о…

Јул 11, 2015

„Креативна работа во пост-комунистички земји“,

Во рамки на проектот „Креативна работа во пост-комунистички земји“, денес во Охрид се одржа  тркалезна маса.  Тука стана збор за истражувањата  на искуствата од креативна работа во три сфери, перформативната сфера музичари и театарски работници од една страна, модните дизајнери и шивачките и уметниците со нови технологии. Со претставници од сите сфери уште еднаш стана збор не само за нивните искуства и проблеми и задоволство од работата туку и како тие како уметниците и како работници, се гледаат во иднината, нагласи модераторот доц. Д-р Ана Алачовска, раководител на проектот при културниот…

Јун 30, 2021

Истражувачи од Македонија, Србија и Франција ја следат популацијата на шумски желки, рибарки и поскоци на островот Голем Град

Годинава по петнаесетти пат истражувачите од Македонија, Србија и Франција се сретнаа на преспанскиот остров Голем Град за да продолжат со следење на популацијата на шумски желки, рибарки и поскоци. Првата сесија се случи во мај а истражувањата продолжуваат и во јули и август. Ваквиот тип на долгогодишни истражувања и бази на податоци ни помагаат да сведочиме и опишеме бројни еколошки и еволутивни феномени. Годинава МЕД и официјално беше дел од истражувачкиот тим и доби поддршка од фондациите Prespa Ohrid Nature Trust – PONT ПОНТ и AAGE V JENSEN NATURFOND Јенсен и логистичка помош од Euro…

Јул 11, 2015

Планински велосипедизам во Куратица

Селото Куратица нуди одлични можности за развој на алтернативниот туризам. Одалечено на 22 километри од Охрид во прекрасните предели на подножјето на Мазатар, утре ова село ќе ги пречека сите љубители на велосипедот, посебно планинскиот, кој е полн со предизвици. Претседателот на МЗ Куратица, Горан Ангелоски вели дека како и минатите години и оваа година очекуваат голем одзив од сите заинтересирани велосипедисти и рекреативци кои во текот на утрешниот ден од 10 и 30 до 11 и 30 часот можат да се пријават за учество на државниот натпревар.„Целта е што поголемо промовирање на селото Куратица и…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top