Се одбележуваат 6 децении од филмското и театарското творештво на македонскиот актер Емил Рубен. Во рамките на Охридско лето едновечерен филмски маратон е посветен на неговото творештво. „ Малиот човек“, „ Истрел“ и „ Трето полувреме “ се трите избрани филмски наслови во кои игра доајенот на македонското филмско и театарско глумиште. Станува збор за прикажување на 3 различни периоди во филмското творештво на Емил Рубен. За прв пат на филсмското палтно Рубен се појавува на 6 годишна возраст во филмот„Тие двајцата“ во режија на Жорж Скригинг, во кој филмскиот татко го играл бардот на…
Не се почитува одлуката на Советот на општината за летниот режим на сообраќај, во периодот од 20 часот навечер до 5 часот наутро улицата „Коста Абраш“ да биде затворена за секаков вид на сообрќаj.И покрај ваквата одлука, некои од гостите, а богами и некои охриѓани, без проблем викендов ги забиколуваат метални бариери кои се поставуваат во попладневните часови. Во периодот кога е направена фотографијата, на оваа локација која долго време е сообраќајен проблем не беше забележано присуство на полицијата.Угостителските објекти на овој потег пак, ја почитуваат одлуката и преку ден ја отсрануваа…
По завршување на распишаниот оглас за избор на младинска која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков, донесе решение со кое Коалицијата „СЕГА“ се избира за организација која ќе раководи со центарот.Со избраната младинска организација ќе биде склучен договор во кој детално ќе бидат наведени нејзините обврски како и обврските на Општина Охрид. Дополнително со договорот ќе биде предвидена и годишната програма за работа на Младинскиот центар за 2022 година.
Наша сограѓанка се жали дека нејзиниот син бил жртва на судска неправда. Таа вели дека охридскиот суд неосновано го осудил нејзиниот син за извршено кривично дело „силување“ бидејќи според неа за тоа немало докази. Токму поради тоа, таа вели дека ја обжалиле првичната пресуда од четири години казна затвор за нејзиниот син во Апелациониот суд во Битола. Од таму била добиена одлука за спроведување на повторно судење во Охридскиот суд на кое таа вели дека уште еднаш му била потврдена првичната пресуда. Според неа, во Охридскиот суд не било земено во предвид стручното вештачење, како и стручнот…
Со посебна гордост објавувам дека пратениците во Собранието на Република Северна Македонија со мнозинство од 66 гласови дадоа зелено светло за Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк и донесоа историска одлука. Со изгласувањето на овој Закон нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и првиот по осамостојувањето на Република Северна Македонија.
Со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биоди…
75 милиони денари вредната плажа во Лагадин која според најавите треба да добие медитерански изглед, наместо во август, како што првично беше најавено, ќе биде уредена по завршувањето на летната туристичка сезона.
Ова е одговорот кој денес го добивме од Министерството за транспорт и врски, на прашањето кога ќе се започне со уредување на оваа плажа. Во однос на постапката за издавање на одобрение за уредување на плажата, од министерството велат дека тоа е во надлежност на општина Охрид. Инаку целата процедура започнува со барањето на општина Охрид за уредување на пет плажи на Охридското Езе…
Охрид туристичката сезона ја започна со избледени пешачки премини, а на повеќе места хоризонталната сигнализација е дури и невидлива. Вообичаено, обновувањето на хоризонталната сигнализација се прави пред сезона и се изведува еднаш во текот на годината, а годинава, бојадисувањето започна во екот на сезоната. Пред 3-4 работни денови започна обновувањето на пешаките премини на улиците Јане Сандански, Булевар Туристичка и на поголемите улици во централното градско подрачје. Процесот на бојадисување се одвива претежно во вечерните часови, напоменува Љупчо Танески од Секторот за комунални д…
Јавната Установа Национанален парк Галичица им соопштува на сите жители на Охрид како и на посетителите заради следниот викенд кој е продолжен дека ќе можат дозволи за движење во границите на паркот да подигнат до петок 31.07 2015, секој работен ден од 9 до 13 часот во дирекцијата на паркот на улица “Велестовски Пат“ б.б. При посетата во паркот заинтересираните треба со себе да понесат лична карта и точно да го знаат времето на посетат на паркот со точна релација. Дирекцијата на паркот апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во шумите. Согласно Законот …