Опожарен стан на четврти спрат на седмокатницата на Булевар Туристичка на влезот од Охрид, на пладне, предизвика вистинска драма. Пожарот се закануваше да се прошири и на соседните станови, а во вертикала од прбвиот влез од зградта се ширеше густ чад. Станарите од 40 станови од зградата видно беа испаничени и уплашени од експлозија и чад. Слушнале жена со две деца како бараат помош.
На станарите прв на помош им дошол соседот Мугни Шабани Џими како што вели со своите блиски роднини. На четврит спрат каде што избил пожарот забележале мајка и две деца останале заробени на терасата кон…
Започна ловната сезона на прелетен дивеч. Охридските ловџии од 1ви август до 31ви октомври ќе можат да ловат прлица потполошка и гулаб. Здружението на ловци- Охрид од Охрид располага со три ловишта и тоа ловиште Белчишта, Мешеишта и Косел. Состојбата со птици во ловиштата е задоволителен. Најмногу има потполошка и прлица. Ловот се врши поединечно и групно, а пред тоа мора да се обезбедат специјални дозволи за лов. Во Охрид се регистрирани 350 ловци. Со Законот за ловство секој ловец мора да има положено ловечки испит за да може да добие дневна дозвола. Голем интерес за лов има и кај странци…
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот очекува позитивен исход од посетата на претставниците на најголемиот и најстар тур-оператор „Томас Кук Груп“, на она што може да го понуди нашата земја од областа на туризмот. Проектите на Владата на РМ во туризмот даваат резултати, вели директорот на агенцијата Христијан Џамбазоски. Пример за тоа е интересот на претставниците на „Томас Кук Груп“ од Англија. Тој нагласи дека континуирано работат на отварање нови туристички пазари, како и тоа дека и понатаму ќе продолжат да даваат поддршка на странски тур оператори, преку доделување на субвенци…
Новата игра на животот, преку балетската претстава “5 до 12“, вечерва на Охридско лето. Првиот сплитски професионален балетски ансамбл при ХНК со балетската претстава “5 до 12” во кореографија на Игор Киров и музика на Кирил Џајковски, ќе гостува во Охрид, на сцената на Долни Сарај во 21 ч. Костимите се на Александар Ношпал. Музичкиот селектор проф. Гордана Јосифова Неделковска, нагласи дека станува збор за атрактивно балетско дело, кое привлече голем интерес кај фестивалската публика, барем според побаувачката на билети. „Ако минатата година имавме прекрасно доживување после балетот „14…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, а врз основа на Законот за правда за деца, Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе известување против три малолетни лица од Охрид, можни сторители на делото.Кривичното дело насилство, пријавените малолетници го сториле на 31 минатиот месец околу 23 часот и 30 минути на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид. Тие влегле во двор од семејна куќа и со метална палка на расклопување нападнале друго малолетно лице кое во дворот било со уште неколку малолетници. Него му задале повеќе удари по тел…
Од утре 13 до 23 август Месецот на кошарката во Охрид продолжува со најголемиот спортски настан за оваа година во Охрид, Европското првенство дивизија Б за кошаркарки до 16 години. На првенството ќе учествуваат 20 селекции кои ќе бидат поделени во четири групи од кои две групи А и Б ќе се играат во Спортската Арена Билјанини Извори додека групите Ц и Д ќе се играат во Струга во Спортската сала Тими.Во првата фаза, која трае во период од 13-ти до 17-ти Август, репрезентациите ќе ја одиграат првата рунда на шампионатот, натпреварите по групи.Во оваа фаза ќе се играат дневно по четири натпрева…
Енергетската криза тропа на вратата од општина Охрид и јавните претпријатија. Сметките за струја достигнуваат вртоглави износи кои не можат да се подмират од сопствени извори. Во моментов, општината и двете ЈП „Водовод“ и „Билјанини извори“ немаат потпишан договор со добавувач на електрична енергија. Градоначалникот Пецаков очекува помош од државата за да се реши проблемот со кој се соочуваат сите општини во државата.
Ние сме на работ на егзистенција како ЈП и сме во дилема, како некогаш да има рестрикции на вода или да нема вода, вработените да не можат да земат плата. Владата нема слух…
ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – работи на овозможување приклучоци на новоизведена фекална канализација на ул. „Илија Смически“ во с. Лескоец. Во текот на изминатиот месец од страна на екипи на јавното претпријатие изведени се работи на формирање на премини преку улицата. За таа намена изработени се 12 шахти со длабочина поголема од 2 метри како и поставени 150 метри секундарна канализациона мржа со профил од Ф 200 мм. Со завршување на оваа фаза жителите на овој дел од с. Лескоец конечно ќе го решат проблемот со одведување на отпадните води, а со тоа се овозможува чекор напред кон зачувување на живот…