Советот на општина Охрид ја донесе одлуката за формирање на комисијата за унапредување и заштита на правата на пациентите. Формирањето на оваа комисија е законска обврска на сите локални самоуправи согласно Законот за здравствена заштита.
Ова партиципативно тело, ќе биде составено од советници во Советот на општина Охрид, претставници на пациентите-членови на здруженија на пациенти, лекари кои се пензионирани односно во моментот не извршуваат дејност како и претставници на организации кои делуваат во насока на унапредување на правата на пациентите.„Ќе биде испочитувана таа обврска, тоа те…
Прекрасните охридски традиционални јадења, предводени од неповторливото ѓомлезе ќе ги предизвикуваат сетилата на посетителите на третата по ред Охридска софра. Традиционално, во прекрасното Скребатно, во недела, ќе се соберат и најдобрите подготвувачи на ѓомлезе кои ќе се обидат да го воодушеват жирито, секој со својот рецепт за овој деликатес. „Оваа година имаме пријавени околу 15ина учесници, ќе видиме до недела можеби бројот ќе се зголеми, интересно е да напоменам дека оваа година имавме интерес и од други градови да се пријавуваат за учество што посебно ме радува бидејќи претставува док…
Силни еко пораки овековечени на фотографии што вредат илјада зборови. Малите основци од „Григор Прличев“ денес со силата на фотографијата и нивната несопирлива креативност испратија порака против бучавата во Охрид, симболично затворајќи ги ушите. Во рамки на интересниот проект „Спасете го Охрид, спасете ја планетата“, дечињата сериозно го сфатиле проблемот за еколошката состојба на езерото и културно-историските споменици. Детските очи уште еднаш покажаа дека гледаат нешта што возрасните не успеваат да ги забележат. Тие сигнализирале за пластичните шишиња во езерото кои служат за приврзувањ…
Се е подготвено за 29тото издание на Охридскиот пливачки маратон. Оваа година во неговата организација учествуваа Општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Светската пливачка федерација. Општината Охрид втора година по ред е вклучена во оваа најголема спортска манифестација во нашата Република.Голема е одговорноста да се биде дел од Маратон кој е препознатлив симбол за Охрид, а пред се да се организира техничкиот дел. Во соработката со ПФМ имаме високи оценки за минатогодишниот маратон што ни преставува мотив повеќе за овој и следните маратони во иднина. Во име на сите охриѓан…
За ВК Југ денеска беше одложено уште едно судско извршување за иселување од просториите и заплена на опремата по загубениот судски спор со МПЦ. Додека веслачите ги очекуваа извршителите , во градскиот совет двајца советници, независниот Павел Попоски и Јоне Станкоски од Вмро НП, предложија одлука за исплата на финансискиот долг на ВК Југ за да се спречи негово згаснување како најстар градски клуб. Но нивниот предлог Локалната да ги подмири обврските од 450.000 денари не беше ставен на дневен ред за да се разгледува. Сосевтникто Станкоски кажуав дека за овој проблем ЛС И гардончалникот би…
Охридските советници на 43 -та седница имаа исцрпен дневен ред со над 80 точки. Меѓу важните теми за кои советниците одлучуваа беше и ребалансот на буџетот. Јован Стојаноски советникот од редовите на СДСМ упати забелешки на реблансот. Немаме преглед во извештаите и не можеме да споредиме што се планиарало и што е направено, вели Стојаноски.Напоменува дека повторно по 3- 4 месеци се оди на ребалнс кој нема реална основа. Се предлагаат приходи кои се под голем знак на прашање дали ќе се оставарат, вели Стојаноски. На крај од годината ќе се потврди ова наше сомневање додава Стојаноски.
„…
На 10-ти февруари 2022 година во 21:30 часот во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е А.Р. (36) од Охрид.
Тој, претходно во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.В.(37) од струшкото село Поум. Пријавениот, без соодветна документација за сеча на дрва организирал, пресекол и одзел туѓа шума во количина од 10 метри просторни, со што се стекнал со противправна имотна корист од 24.000,оо денари. Тој ангажирал три лица албански државјани за сеча на дрва од шумски терен во подрачјето на селото Поум на земјиште кое не е негова сопственост. Тие требало бесправно односно без одобрение да ги сечат дрвата а потоа да ги транспор…