67 милиони денари е висината на последениот усвоен ребаланс на општинскиот буџет. Од оваа сума 36 милиони ќе се наменат за реконструкција на Кејот Македонија. Со оваа одлука охридските советници од Вмро Дпмне изгласаа расипнички ребаланс на буџетот, обвинуваат советниците од СДСМ. Додаваат дека за 2,5 години градоначланикот Никола Бакрачески и Вмро Дпмне не реализираа нити една капитална инвестиција за градот. Последниот ребаланс советниците од позицијата го донесоа на нетранспарентен начин, а од него ќе се трошат пари за реконструкција на кејот кој е во добра состојба, велат од СД…
Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија;
Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;
Авторското право се докажува со четвртиот примерок;
Краен рок за доставување на трудовите е 30.07.2021 г.;
Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 06.08.2021 г.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде в…
Рекорден број на запишани студенти во првиот уписен рок на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“. Таму бележат пораст од 30 проценти запишани студенти, а според интересот кој бил покажан кај дипломираните средношколци, од универзитетот велат дека очекуваат ваквите бројки да се повторат и во останатите уписни рокови.
„Најголем интерес имаше на програмата за компјутерски науки и инженерство, тоа е таа општа програма што ја имаме, а воедно на неа имаме уште отприлика девет слободни места и тоа во квотата со кофинансирање. Значи пополнета е државната квота, во одн…
Извидничкиот Одред ПИОНЕР од Охрид на овогодинешните Републички СРЕДБИ НА ИЗВИДНИЦИ-СТРУГА 2015,одржани во периодот од 28-30.08.2015 година, зеде учество со две екипи на помлади извидници и една екипа од извидници.Средбите беа одлично организирани од одредот домаќин Извидничко-поречанскиот одред “Крсте Јон” од Струга,со гости од повеќе градови од РМ, при што учесниците имаа можност да ги покажат своите стекнати и научени животни вештини, комуникација преку семафорска сигнализација и морзеова азбука,урбана ориентација,полигони на спретност,тестови по општа култура и познавање на својата Т…
Евгениј Поп-Ацев е победник на 29тиот Охридски пливачки маратон. Патеката Климе Савин, од Свети Наум до градското пристаниште, во должина од 30 километри Поп Ацев ја исплива во време од пет часа, 39 минути и 42 секунди. Тој стана првиот македонски пливач кој триумфирал во Охрид во последниве 29 години од возобновувањето na охридскиот маратон. На целта беше пречекан со силни емоции од охриѓани, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и од покровителот на трката, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов кој нашиот маратонец го овенча со победничкиот ловоров венец. Се чуствувам п…
Охрид ги има сите предиспозиции за да произведува здрава органска храна. Неговата специфична место положба, климатските услови, релативно чистата животна средина се првите предуслови за одгледување здрави производи. Ваквиот вид на храна е многу богата со минерали, се зголемува нејзината нутритивна вредност и е безбедна и висококвалитетна. Многу е важно да се зачуваат и автохтоните сорти на овошје и зеленчук. Охридскиот патлиџан, охридската цреша, пиперката на ниту едно друго место не успеваат и не се со таков квалитет како овде.Охридскиот регион е погоден за овие производи поради неговиа…
Книгата „Година без лето“ од Виолета Танчева-Златева е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра збирка поезија на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата за 2015 година. За книгата „Година без лето“ на Танчева Златева, претседателот на жири комисијата проф. Зоран Анчевски истакна дека ненаметливо но мошне успешно се појавува како видно освежување во годинешната поетска продукција.
„Иако постојано присутно на македонската поетска сцена од последната деценија на минатиот век и почетокот на новиот милениум Танчева Златева се чини …
Стилски канделабри, вградени светилки, фонтана, мини амфи театар, клупи за одмор. Малиот плоштад кај мини маркет го доби својот конечен изглед. Се е подготвено за неговото свечено пуштање во употреба. Овој оплеменет простор, не ги остави рамнодушни граѓаните кои секојдневно поминуваат тука, а кои имаа можност и да следат како истиот постепено се градеше. Ги запрашавме охриѓани што тие мислат за изгледот на ова архитектонско решение.„Добро е, релативно добро е, не е лошо. Само едно му фали, и што фали во целиот град, нема никаде тоалет јавен, а тоа треба да се регулира, луѓето имаат потреба …